Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реши да одмара неколку свои играчи и да ги стави надвор од списокот за гостувањето кај Бриж во Лигата на шампиони. Екипата на Реал Мадрид е сигурен учесник во 1/8 финалето и нивната посета на Белгија е само формалност. Капитенот Серхио Рамос и Тони Крос остануваат во Шпанија и се подготвуваат за следниот натпревар со Валенсија. Герет Бејл е опоравен од повреда и се очекува да одигра од почетокот на мечот во среда. Надвор од комбинација за оваа средаб се сеуште повредените Марко Асенсио, Еден Азар, Хамес Родригез, Лукас Васкез, Марсело и Маријано Дијаз.
Author: riste
Чуварот на голот на Мајорка, Маноло Рејна, дозволи да прими пет гола во својата мрежа против Барселона во саботата, но сепак заслужува добри зборови по овој натпревар. Тој имаше 14 одбрани на „Камп Ноу“, што е највисоко достигнување од сите голмани во најдобрите Топ 5 Европски првенства (Шпанија, Италија, Германија, Франција и Англија) од почетокот на сезоната. Ветеранот немаше среќа против Лионел Меси, кој постигна хет трик, а секако не можеше да направи ништо и при петата на Луис Суарез и очо во очи против Антоан Гризман, кој излезе сам против него. Маноло Рејна никогаш не бил во голем клуб,…
Шпанскиот репрезентативец и член на Селта Виго, Денис Суарез, испадна од комбинација за натпреварите на неговата екипа до крајот на календарската година, пренесуваат шпанските медиуми. Играчот од средниот ред го повреди коленото за време на натпреварот со Легањес (2:3), па неговото враќање на терените се очекува на почетокот на следната година. Денис Суарез пристигна на „Балаидос“ од Барселона за 12,9 милиони евра минатото лето. Во „Ла Лига“, 25-годишниот Суарез има одиграно 16 натпревари и постигна 1 гол.
Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси не се најде во составот за утрешниот натпревар против Интер. Каталонскиот тим го обезбеди првото место во групата и тренерот Ернесто Валверде реши да одмори неколку клучни играчи. Освен Меси, Жерар Пике и Серхио Роберто н отпатуваа за Милано. 17-годишниот талент Ансу Фати е повторно во списокот за дуелот против Интер. Вклучени се уште неколку млади играчи како Рики Пуиг, Араујо и Морер. По дуелот на „Џузепе Меаца“, Барселона ја очекуваат два тешки натпревари – со Реал Сосиедад и Реал Мадрид.
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна три гола на вчерашниот натпревар против Мајорка на домашен терен во меч од 16. коло на Шпанскиот шампион (5:2). Меси сега има 12 гола на 10 средби во Шпанското првенство во тековната сезона. 32-годишниот Аргентинец стана првиот фудбалер во историјата на најдобрите Топ 5 лиги во Европа кој успеал да постигне најмалку по 10 гола во секоја од последните 14 сезони. Постигнување на Аргентинецот може да го повтори напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо. Португалската звезда во овој момент има 13 сезони со 10+ голови. Оваа сезона, 34-годишниот фудбалер има постигнато 7 гола и би…
Манчестер Сити нема намера да го врати во своите редови Џејдон Санчо. Англискиот репрезентативец блеска во Борусија Дортмунд и предизвика интерес од водечките екипи на островот. Германците се подготвени да седнат и да преговараат за негов трансфер за околу 100 милиони фунти, но немаат планови да го сторат тоа во јануари. https://twitter.com/utdrobbo/status/1203348586894909440 „Граѓаните“ имаат опција да се вклучат во битката за Санчо, за кого добија 8 милиони во 2017 година. Постои клаузула во договорот Сити-Борусија која им овозможува на Британците да бидат фактор во иднината на играчот. Доколку Борусија Дортмунд прифати понуда за одредена сума, тие се должни да го…
Мино Рајола , агентот на шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ , зборуваше за иднината на клиентот. „Никој не рече дека Златан дефинитивно ќе се врати во Италија. Кој знае кој клуб ќе го избере. Сите сме слободни луѓе. Што се однесува до можното завршување на кариерата, јас нема да исклучам ништо, но тоа е малку веројатно да се случи. Ибрахимовиќ е сè уште многу добар. Каде би сакал да ја продолжи кариера? Далеку, за да престане да ми пречи“, рече Рајола во интервјуто за „Газета дело Спорт“. Последниот клуб на Златан Ибрахимовиќ беше Лос Анџелес Галакси. Тој реши да не ја…
Фудбалерите на Вардар кои ја обезбедија есенската тутула во ПМФЛ денес од 13 часот на домашен терен го пречекуваат актуелниот шампион Шкендија во обид да ја зголемат својата предност пред главниот ривал за титулата. Вардар кој оваа година влезе во натпреварите од ПМФЛ со подмладен состав, со многу проблеми од финансиска гледна точка, успеа да ги стави во втор план неколку екипи кои беа главни кандидати за титулата, меѓу нив секако и Шкендија. Вардар денес ќе има шанса да ја прослави есенската титула заедно со своите навивачи, но посакуваат тоа да биде со победа што ќе значи предност од 11…
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти се обиде да остане позитивен по нерешните 1:1 против Удинезе. Неговиот тим не можеше да победи на деветтиот по ред натпревар, вклучително и седум во Серија А. „Второто полувреме беше добро, особено во однос на пристапот и желбата на играчите да го променат текот на играта. Ова е позитивен знак, но точно е дека првото полувреме беше исклучително слабо. Јас се обидувам да бидам позитивен и верувам дека тимот има сила да го надминеме тешкиот момент. Се надевам дека во Лигата на шампионите можеме да постигнеме важна победа и потоа да одиме нагоре“, рече Анчелоти.…
Раководството на Манчестер Сити е заинтересирано да склучи договор со напаѓачот на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле. Шпанските медиуми пренесуваат дека дел од раководството на Манчестер Сити имале средба со претставници на 22-годишниот Французин. Претходно имаше информација дека ПСЖ и лондонскиот Челзи исто така се заинтересирани за Дембеле. Вредноста на трансферот се проценува на 100 милиони евра. Осман Дембеле се пресели во Барселона од Дортмунд Борусија во летото 2017 година за 125 милиони евра.Сегашниот договор на играчот со Барселона е до 30 јуни 2022 година. Оваа сезона Дембеле постигна 1 гол на 9 средби од сите натпреварувања на клупско ниво.
