Author: riste

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим може да биде разрешен од тренерското место, доколку не постигне позитивен резултат на натпреварот од 19-то коло од францускиот шампионат против Лил. Оваа информација денес ја објавија медиумите во Франција. Пред некој ден во натпреварот од 1/8 финалето на Лига Купот на Франција, Монако на домашен терен загуби од Лил со резултат 0:3 и испадна од ова натпреварување. Некои навивачи на овој клуб скандираа до тренерот за да си оди од клубот. По натпреварот, Леонардо Жардим изјави дека и тој, како навивачите, чека за подобрување на играта на неговите фудбалери и ќе се обиде да…

Read More

Во Барселона не се фасцинирани со нивниот настап против Реал Мадрид во одложеното дерби во Ла Лига. „Ел Класико“ заврши без голови, а тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде призна дека пресингот на Реал Мадрид го спречил добриот настап на неговиот тим. „Многу интензивен натпревар. И двата тима имаа подобри и послаби периоди. Нашиот противник создаде проблеми со неговиот висок пресинг. Кога успеавме да излеземе од пресингор, дојдовме до неколку шанси. Не се сеќавам дека Реал имаше некои добри сситуации како што имавме ние. Но, во целокупната игра доминираше тензијата и картоните, а не тактиката“, коментираше Валверде. „Бевме домаќини, така што…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од неговиот тим, кој одигра нерешено против Барселона во првото сезонско „Ел Класико“. Французинот е на мислење дека неговиот тим изгледал подобро на теренот и можел да победи. „Заслуживме повеќе, но натпреварот заврши и ништо не може да се промени. Не е лесно да се игра на „Камп Ноу“. Благодарам на фудбалерите. Не постигнавме гол, но создадовме неколку шанси. Треба да работиме на прекинување на нападите“, коментираше Зидан. „Бевме фокусирани на сите 90 минути. Мислам дека беше добар натпревар, недостасуваше само гол“, додаде Зидан. Французинот стана првиот тренер на Реал Мадрид кој…

Read More

Ливерпул се пласираше во финалето на Светското клупско првенство, но многу потешко од очекуваното, откако го совлада мексиканскиот Монтереј со 2:1. Победата за ливерпул дојде во дополнителното време, а менаџер Јирген Клоп го пофали голманот Алисон Бекер, кој имаше неколку важни интервенции. „Сè што ви треба во натпревари како овој е да го имате Алисон Бекер. Тој беше вистински во најважните моменти. Натпреварот беше многу тежок. Имаше одлична атмосфера и убави голови. Не знам каква е ситуацијата со Вирџил Ван Дајк, но мислам дека ќе биде подготвен за финалето. Ќе видиме“, рече Клоп. „Зедовме неколку млади момци со нас и…

Read More

Манчестер Сити контактираше со претставниците на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, објави „Мундо Депортиво“. Претходно беше објавено дека Барселона веќе започна да го испитува теренот за да дознае за позицијата на Мартинез во италијанскиот клуб. Но, пред некој ден се појавија гласини дека Манчестер Сити исто така бил во контакт со аргентинецот со цел да го убеди играчот да се пресели во англискиот тим. Клубот е подготвен да ја удвои сегашната плата на Мартинез. Манчестер Сити има намера да го купат овој играч кој би го заменил напаѓачот Серхио Агуеро, чиј договор истекува во летото 2021 година. Лаутаро Мартинез учествуваше…

Read More

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе стане играч со најмноги одиграни натпревраи во „Ел Класико“ ако е вечерва излезе на теренот против Барселона, покажува статистиката. Централниот дефанзивец ќе го одигра натпреварот број 43, и со тоа ќе ги надмине Чави Ернандез, Мануел Санчис и Пако Хенто. Пред само неколку месеци, дефанзивецот на реал Мадрид го сруши рекордот на Икер Касиас за натпревари со дресот на репрезентацијата на Шпанија. Првиот натпревар во „Ел Класико“ Рамос го одигра во ноември 2005 година – кога на „Сантијаго Бернабеу“  се појави на теренот против Барселона. Во статистиката на Серхио Рамос има 13 победи…

Read More

Неколку часа пред „Ел Класико“ дојде информацијата дека бил ограбен играчот на Барселона, Нелсон Семедо, јавија медиумите во Барселона. Сè уште не е јасно која е вредноста на грабежот. Информациите исто така не објаснуваат дали имало некој во домот на португалскиот дефанзивец. Нелсон Семедо неодамна се опорави од повреда и може да биде во почетниот состав на Ернесто Валверде за вечерашниот натпревар против Реал Мадрид.

Read More

Голот на аргентинскиот интернационалец во редовите на ПСЖ, Леандро Паредес во мечот од 18-то коло од шампионатот на Франција со Сен-Етјен (4:0) му беше препишан на бразилскиот напаѓач Нејмар , пренесува официјалниот веб-сајт на Лига 1. Откриено е дека топката по ударот во Паредес ја погодила ногата на Нејмар и веднаш после тоа се најде во мрежата. Така, Бразилецот беше официјално прогласен за автор на голот, а на Паредес му беше одземено правото да се радува на првиот постигнат гол во францускиот клуб. Паредес се пресели во ПСЖ од Зенит Санкт Петербург во јануари 2019 година. Сумата на трансферот беше…

Read More

Напаѓачот на Баер (Леверкузен), Леон Бејли заработи казна од три натпревари и парична казна од 20.000 евра за црвениот картон што го доби на мечот со Келн во саботата. Тој го удри во лицето Кингсли Ехизибуе откако играчот на Келн го фаулираше. За овој чин, играчот на баер Леверкузен доби директен црвен картон, што беше проследено денес со оваа строга казна. Репрезентативецот на Јамајка ќе ги пропушти последните две кола во Бундес-лигата за оваа календарска година во кои Баер ќе игра со Херта (Берлин) и Мајнц 05, како и првиот натпревар од 2020 година против Падерборн 07.

Read More