Author: riste

Интер има 10 милиони причини да не се откаже од Лигата на Европа, пишува весникот „Газета дело Спорт“ во анализата пред гостувањето во Бугарија. Интер ќе се обиде да оствари добар резултат во првиот 1/16-финален натпревар од Лигата на Европа против Лудогорец утре, за да има мирен реванш во Милано, што е на само три дена пред големото дерби на Италија и директен дуел за титулата со Јувентус. Интер предводен од Конте претрпе два последователни порази по втор пат оваа сезона. Првиот пат беше во октомври од Барселона и Јувентус, а сега тоа се случи против Наполи во Купот на…

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд беше блиску до светскиот рекорд во спринт на натпреварот 1/8 финалето на Лигата на шампионите со ПСЖ (2:1), објавија денес медиумите во Германија. Откако успеа да одигра добро дефанзивно пред својот гол, норвешкиот напаѓач, трчајќи во контранапад, направи спринт повеќе од 60 метри, трошејќи на него само 6,64 секунди. Да потсетиме дека светскиот рекорд е 6,34 секунди, што значи дека играчот имаше за 0,3 секунди послабо време. Откако успеа да постигне два гола на мечот со ПСЖ, Халанд постигна 10 гола во  Лигата на шампионите. Норвежанецот стана петтиот играч во историјата на Лигата на…

Read More

Атлетико Мадрид на свој терен вечерва го пречекува актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Ливерпул. Англискиот тим ја игра една од најдобрите сезони во својата историја, а се поизгледно е дека ќе дојде до долго очекуваниот трофеј во Премиер лигата. Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите и оваа година е меѓу фаворитите за европската круна. Сепак, прва пречка на патот кон Истанбул, каде што го одиграа култното финале кога против Милан анулираа три гола негатива, па на пенали го освоија трофејот, е Атлетико Мадрид. Атлетико тешко победува од почетокот на годинава, а главните причини се многубројните пропусти на напаѓачите и…

Read More

Борусија Дортмунд е домаќин на ПСЖ во првото осминафинале од Лигата на шампионите и нема да згрешиме ако кажеме дека ова е дуелот кој го носи епитетот, дерби за голови во оваа фаза на Лигата на шампионите, од кој се очекува да понуди многу голови, отворен фудбал и вистински спектакл. Двете екипи играат претежно напаѓачки фудбал, а Борусија има неколку сериозни проблеми во дефанзивата, што е гаранција за интересна средба. ПСЖ е фаворит, но факт е дека дури и по доаѓањето на Нејмар, францускиот тим сè уште не е во можност да постигне нешто значајно во најпрестижното клупско натпреварување. Имаше…

Read More

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак покажа голема самодоверба пред натпреварот против Ливерпул. Двете екипи вечерва се соочуваат на „Ванда Митрополитано“ во првиот осинафинален меч од ЛШ. „Ливерпул е тим кој не загуби веќе една година. Тие со право се фаворит, но тоа не значи дека ќе се откажеме и ќе им дозволиме да направат што сакаат. Ќе се обидеме да го одиграме нашиот најдобар натпревар во сезоната и ги зачуваме нашите шанси пред реваншот“, рече Облак. „Ливерпул има импресивни играчи на секоја позиција, не само во напад. Алисон Бекер е без сомнение еден од најдобрите голмани на светот. Му…

Read More

Англискиот Ливерпул стана првиот европски клуб кој си обезбеди учеството во Лигата на шампионите на УЕФА за наредната сезона според резултатите од сезоната 2019-2020, без оглед дали ќе биде суспендиран од Европските купови Манчестер Сити. Фактот дека екипата на Јирген Клоп дефинитивно ќе биде меѓу првите четири од Премиерлигата по крајот на сезоната, стана јасно по победата на Манчестер Јунајтед над Челзи (2:0) во 26-то коло од шампионатот на Англија. Челзи во моментов има 41 бод, Тотенхем 40. Максималните поени што овие екипи можат да ги постигнат на крајот на сезоната се 74 и 73 поени. Ливерпул во моментов има…

Read More

Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е трансферна цел на Челзи. Италијанските медиуми објавија информации за овој можен трансфер во текот на утринските часови. Скаут на Челзи присуствувал на дербито помеѓу Лацио и Интер во неделата за да го следи настапот на Милинковиќ-Савиќ. Лондонските сини размислуваат за понуда за српскиот репрезентативец ова лето. Милинковиќ-Савиќ е во Лацио од 2015 година, а претходно го носеше дресот на Генк. Тој има 23 натпревари и 4 голови во Серија А оваа сезона. Договорот на 24-годишниот Србин со „Орлите“ е до 2024 година.

Read More

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси освои нова престижна награда. Аргентинецот ја доби наградата „Лауреус“, позната и како Спортски Оскар. Меси ги остави зад себе тенисерот Рафаел Надал, голф играчот Тајгер Вудс, маратонскиот тркач Елиуд Кипчоге и мотоциклистот Марк Маркез. Тој ја подели оваа награда со шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, што се случува за прв пат од доделувањето на наградата. Меси исто така стана првиот член на екипен спорт што ја доби наградата. Напаѓачот не успеа да присуствува на доделувањето на наградата, но испрати специјално видео обраќање до своите фанови.

Read More

Барселона многу тешко дојде до победа против Хетафе, славеше со 2:1 во нивниот натпревар од Ла Лига, кој се одигра синоќа , но ова има објаснување. Статистиката покажува дека гостите поставиле рекорд за прекршоци, вкупно  30. Ниту еден тим во ТОП 5 Европски првенства не направил толку прекршоци во текот на еден натпревар оваа сезона. Ова се најмногу прекршоци на еден натпревар во дуелот од шпанската елита за изминатите пет години. Изненадувачки, сепак, само двајца играчи на Хетафе беа казнети со жолти картони, Хајме Мата и Кенеди. Уште поинтересно е тоа што повеќе жолти картони добија играчите на Барселона -…

Read More

Напаѓачот Манчестер Сити Рахим Стерлинг може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија, пренесува весникот „Сан“. Според изворот, Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на 25-годишниот фудбалер. Од Реал Мадрид се подготвени да го купат Стерлинг од Манчестер Сити за 180 милиони фунти (околу 220 милиони евра). Во моментот, раководството на „Граѓаните“ преговара со играчот за нов договор. Во исто време, Стерлинг не ја исклучува можноста за продолжување на кариерата во странство. Сегашниот договор меѓу Рахим Стерлинг и Манчестер Сити е до 30 јуни 2023 година. Стерлинг игра за Манчестер Сити уште од летото 2015 година. Претходно, напаѓачот ги…

Read More