Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, го постигна клучниот гол за нерешените 1:1 за Каталонците против Наполи во првиот 1/8 финален меч помеѓу двата тима во Лигата на шампионите. Сепак, Французинот не беше целосно задоволен, признавајќи дека неговиот тим дошол во Италија за да победи и жали што не успеале да го постигнат тоа. „Дојдовме да победиме, игравме да победиме, но не успеавме. На почетокот, беше тешко за нас да најдеме отворен простор и да упатиме удар кон голот. Но, кога видовме дека противникот почнува да се заморува, веднаш се пуштивме во напад и ги имавме нашите шанси. Има нешто на…
Author: riste
Серж Гнабри беше еден од хероите на Баерн при успехот од 3:0 над Челзи во 1/8 финалето во Лигата на шампиони на „Стемфорд Бриџ“, постигнувајќи ги првите два гола. Германецот одигра уште еден одличен натпревар во Лондон, откако постигна четири гола во групната фаза за успех од 7:2 над Тотенхем. Тој рече дека англиската престолнина станува посебно место за него. „Мислам дека добро го притиснавме Челзи и ги искористивме нашите шанси. Успеавме да дојдеме до предност од два гола по моите два гола, а потоа Левандовски постигна уште еден. Изгледа Лондон е посебно место за мене. Имам многу пријатели овде…
Валенсија покажува интерес за чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според истиот извор, претставниците на шпанскиот клуб веќе контактирале со тренерот, но тој сè уште не се согласил, бидејќи е збунет од поканата на раководството на Валенсија. Да потсетиме дека од почетокот на сезоната Валенсија беше предводена од Марселино Гарсија Торал кој беше отпуштен. Во моментов тренер на тимот е Алберт Селадес. Што се однесува до 66-годишниот Пелегрини, во декември 2019 година тој беше отпуштен од Вест Хем Јунајтед и оттогаш е без ангажман. Валенсија со 38 поени од 25 натпревари, го зазема осмото место на табелата во…
Потпретседателот на УЕФА, Мишел Ува, зборуваше за евентуалното откажување или одложување на Европското првенство во 2020 година заради коронавирусот. „Во моментов го следиме развојот на настаните. Фудбалот мора да се прилагоди на ситуацијата во Европа. Се обидуваме да не ги одложуваме натпреварите кои се под наша организација. Сепак доколку е потребно натпреварите ќе бидат прекинати доколку ситуацијата се влоши“, изјави Ува. Да потсетиме дека ова лето не очекува најголемиот фудбалски собир на стариот континент, ЕУРО 2020 кое треба да се одржи на 12 стадиони во 12 града од 11 земји. 24 репрезентации ќе учествуваат на ова ЕП. Почетокот на натпреварите…
Сосема очекувано, приходот на Манчестер Јунајтед за првите шест месеци од финансиската година (до декември 2019 година) се намалени за скоро 12% од претходната година, се вели во клупскиот извештај објавен денес од потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудвард. Главната причина за тоа е фактот што екипата не игра во Лигата на шампионите. Најголем пад има кај приходите од телевизиски права, што се намалени за 33,4% во текот на овој период. Сепак, приходите од реклами се зголемиле за 6,5%. Вкупниот приход за финансиската година 2020 година се очекува да биде помеѓу 560 и 580 милиони фунти. Отстапувањето е видливо, приходот…
Јувентус нема намера да врати пари за билетите од натпревар од 26-то коло на италијанскиот шампионат со Интер, пренесува „Газета дело Спорт“. Да потсетиме дека овој и уште пет натпревари во Серија А ќе се одржат пред празни трибини, како резултат на појава на коронавирус во некои провинции и региони на Италија. Според изворот, клубот заработил 3 милиони евра од продажба на билети, а раководството смета дека не треба да губи пари заради италијанската фудбалска федерација. Ова е во согласност со сегашните клупски правила, сепак, антимонополските власти имаат намера да ја разгледаат оваа состојба. Интер, пак, веќе го започна процесот…
Во минатото 25-то коло од Серија А беа одложени 4 натпревари заради епидемијата на коронавирус во Италија. Тоа се Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло, Торино – Парма и Верона – Каљари. Сепак, оваа одлука може да предизвика хаос во програмата на Калчо лигата, бидејќи овие тимови немаат многу слободни датуми за да ги презакажат натпреварите, пренесува „Газета дело Спорт“. Најтешка е ситуацијата со кандидатот за титулата Интер поради неговото учество во Лигата на Европа и Купот на Италија. Единствениот можен нов датум за Аталанта – Сасуоло е 18 март, бидејќи екипата од Бергамо се уште игра во Лигата на…
Македонскиот и европскиот ракометен шампион Вардар одигра уште еден натпревар во кој имаше добар и лош период, а о тоа и не можеше да му парира на Порто на гостувањето во Португалија. Вардар загуби со 30:22 во денешниот натпревар од Лигата на шампионите и во моментов му ја препушти 5-та позиција на Порто. Во првиот дел од натпреварот Вардар држеше резултатски приклучок, но на стартот на вториот дел домашната екипа направи серија од 6:1 и успеа да дојде до убедлива предност која ја надградуваше до крајот на натпреварот. Најдобри кај домашната екипа беа Гомеш, Боргес и Ареа со по пет гола,…
Според неофицијалните информации до кој дојде Спортско радио 90,3 ФМ, раководството на СЕХА Гаспром лигата одлучило оваа година Ф4 турнирот да се игра во Хрватска, односно градот Задар. Тоа значи дека повторно Ф4 завршниот турнир се враќа на овие простори по минатогодишната организација на Брест во Белорусија. Во моментов треба да се одиграат четвртфиналните натпревари по кои ќе бидат познати учесниците на Ф4 турнирот. Бранител на титулата од минатата година е нашиот шампион Вардар кој преку Нексе ќе се обиде да обезбеди пласман на Ф4 завршниот турнир, што ќе биде уште едно учество на Вардар кој заедно со Загреб се…
Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар изјави со кои играчи би сакал да игра во еден тим. Во исто време, на списокот на Нејмар се најдоа поранешни и сегашни играчи. Според весникот „Марка“, меѓу играчите именувани од Нејмар се најдоа легендарните бразилски напаѓачи Ромарио и Роналдо, поранешниот играч од средниот ред на француската репрезентација, а сега тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан и напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ . Нејмар, кој потекнува од школата на Сантош, ги брани боите на ПСЖ од 2017 година. Тој се пресели во францускиот клуб од Барселона за рекордни 222 милиони евра, кои беа предвидени во неговиот…
