Author: riste

Францускиот напаѓач од екипата на Олимпик Марсеј, Валери Жермен изјави дека медицинскиот тим во клубот им дал препораки на играчите за да избегнуваат ракувања и прегратки за време на натпреварите. „Лекарите во клубот ни рекоа дека не треба да се ракуваме, да се гушкаме и да комуницираме блиску. Ако денес постигнеме гол против Амиен, ќе мора да измислиме како да го прославиме од далечина“, изјави Жермен. Овие мерки беа преземени во клубот од безбедносни причини во врска со ширењето на коронавирусот. Во моментов Олимпик Марсеј го зазема второто место на табелата во првенството на Франција. Во 28-то коло од Лига…

Read More

Од Италија, односно од Неапол, стигна лоша вест за нашата репрезентација која е на дваесет дена пред одигрувањето на историскиот меч со Косово. Елиф Елмас, еден од нашите клучни играчи е повреден, има проблем со бутниот мускул во пределот на препоните, поточо воспален му е мусколот на препоните. Во текот на вчерашниот ден Елмас тренирал одделно од останатите играчи, а денеска би требало да има дополнителни лекарски прегледи. Во зависност од овие прегледи ќе се знае каква терапија ќе има Елмас и колку време ќе му биде потребно за да ја санира повредата. Секако дека целата ситуација ја следи и…

Read More

Дефанзивецот на Интер Милан Шкриниар може да го напушти тимот и да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Според „Калчомеркато“, интерес за 25-годишниот фудбалер има кај Манчестер Сити. „Граѓаните“ го гледаат Милан Шкриниар како главен играч во одбраната во следните неколку години и имаат намера да направат уште еден обид да го донесат во текот на летниот преоден рок. Од Интер секако дека не сакаат да се разделат со Шкриниар. Според информацијата која беше објавена, управата на клубот нема да разгледа ниту еден предлог чија сума ќе биде помала од 85 милиони евра, но главната цел е да го…

Read More

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е на прелиминарниот список за олимпискиот тим на Шпанија во 2020. Во проширениот состав има четворица играчи на Барселона. На овој список е неговиот колега од репрезентацијата на Шпанија, Жерард Пике, како и Серхио Бускетс, Серги Роберто и младиот Ансу Фати. Рамос има амбиција ова лето да оди на Олимпијада и да го пропушти одморот, затоа што го очекува и настап на европско фудбалско првенство. Последниот натпревар на првенството е точно 10 дена пред почетокот на олимпискиот турнир. Шпанската федерација се очекува денес да го објави конечниот список на играчи за натпреварите во Токио.…

Read More

Поранешниот бразилски репрезентативец, носител на „Златната топка“ Роналдињо беше ослободен од притвор во Парагвај. На 5 март, парагвајски обвинител издал налог за апсење на Бразилецот, кој е осомничен дека влегол во земјата со фалсификувани документи. Полицијата изврши рација во хотелската соба каде престојуваа Роналдињо и неговиот брат. „Роналдињо и го покажа на полицијата бразилскиот пасош и личната карта. Ако сакаше да скрие нешто, не би го сторил тоа. Роналдињо и неговиот брат ги имаат сите права и слободи, но донесена е одлука да останат во Парагвај чекајќи судска одлука. Тој е свесен дека може да биде обвинет. Тој не сторил…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар беше успешно опериран во Далас (САД), објави прес-службата на Реал Мадрид. Самата операција била следена и од медицинскиот тим на клубот, а во наредните неколку денови фудбалерот ќе остане во болница. Азар се повреди во гостувањето од 25 коло во шпанскиот шампионат против Леванте (0:1), што се случи на 22 февруари. Пред тоа, 29-годишниот напаѓач не играше поради повреда од крајот на ноември минатата година до средината на февруари. Претходно беше објавено дека во случај на хируршка интервенција, Азар ќе го пропушти останатиот дел од оваа сезона. Еден Азар му се приклучи на Реал…

Read More

Крилниот напаѓач на Монако, Желсон Мартинс ќе плати висока цена за своето агресивно однесување кон судијата Микаел Лесаж при поразот од 1:3 против Ним во 22-то коло на француската Лига 1. Португалецот е казнет да не игра фудбал шест месеци, а санкцијата започнува да трае од 6 февруари кога се одигра овој натпревар. Во 32-та минута од овој натпевар, Бакајоко изгуби контрола над топката и во обид да ја врати, дојде до старт над противничкиот играч. Судијата ја погледна ситуацијата со ВАР системот и одлучи да му додели црвен картон на Бакајоко. На ова жестоко реагираше Желсон Мартинс, а судијата…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија денес и официјално го објави почетокот на продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Косово од плеј – оф фазата за пласман на Европското првенство 2020. Македонската А репрезентација против Косово на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ го игра полуфиналниот натпревар од Лига на Нации. Влезниците за натпреварот се пуштени во продажба од денес, 03.03.2020 год. преку продажната мрежа на MKTickets, а ќе може да се купат и на Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот) Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе…

Read More

Вечер во Амстердам ќе биде одржано извлекувањето на групите за второто издание на Лигата на нациите за 2020/21 година. Репрезентацијата на Македонија според постигнатите резултати обезбеди пласман и настап во лигата Ц, каде што конкуренцијата ќе биде посилна за разлика од минатата година. Сепак за разлика од првото издание на Лигата на нации, УЕФА се реши да направи неколку промени, па така во најсилната лига А, оваа година ќе учествуваат 16 тимови, исто како и во лигите Б и Ц, додека во лигата Д останаа само седум тимови. Учесници во Лига Ц каде што ќе игра и Македонија: Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија…

Read More

Барселона веќе започна преговори за привлекување напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Аргентинецот е главна трансферна цел на Каталонците за замена на Луис Суарез, кој неодамна наполни 33 години. Според информациите кои беа објавени денес, од „Камп Ноу“ веќе ја доставил својата прва понуда за права на 22-годишниот напаѓач. Во истата од Барселона нудат 70 милиони евра плус двајца играчи – Артуро Видал и Нелсон Семедо. Видал е одамна на мета на Интер и неговата пазарна цена во моментов е околу 20 милиони евра. Семедо се проценува на 40 милиони евра. Ова значи дека вкупниот износ на трансферот би бил 130…

Read More