Капитенот на Барселона, Лионел Меси може да го напушти тимот, пренесуваат медиумите во Шпанија. Ова би се случило доколку Каталонците не го вратат Нејмар од ПСЖ. Аргентинецот не е задоволен од моменталната состојба во тимот и може да ја искористи посебната клаузула од договорот. Тоа му овозможува да замине на крајот на сезоната. Раководството сака да го продолжи договорот со Меси, но прво мора да работи на враќањето на бразилскиот напаѓач. Аргентинската sвезда во редовите на Каталонците е во остар судир со спортскиот директор на клубот Ерик Абидал. Незадоволството на Аргентинецот беше поврзано со зборовите на Абидал дека не сите…
Author: riste
Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Куман, нема да може да го предводи шпанскиот гигант Барселона од наредната година. Тој има обврски да работи со репрезентацијата до крајот на Евро 2020, а откако турнирот беше одложен до 2021 година заради коронавирусот, тој останува со обврски во репрезентацијата на Холандија, пренесуваат медиумите во Холандија. Неговиот договор има клаузула која му дозволува да го напушти местото на селекторот на репрезентацијата на Холандија по завршувањето на Европското првенство, но во него не се наведени датуми. Договорот на Куман е со важност до 2022 година, а Барселона е единствениот тим што тој има право…
Премиерлигата ја разгледува можноста да ги одржи преостанатите натпревари од шампионатот на Англија и тоа зад затворени врати на трибините и на неутрален терен, пренесува весникот „The Sun“. Според изворот, Премиерлигата може да ги одржи преостанатите 92 натпревари со затворени трибини на неутрален терен. Можеби натпреварите ќе се одржат во Мидлендс. Во овој случај, сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо. Можно е во еден ден на стадионот да се одржат неколку натпревари, а екипите ќе играат на секој три дена. Ова се должи на ризикот со кој Премиерлигата нема да може да ја заврши сезоната, бидејќи треба да се…
Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг се надева дека ќе ја продолжи кариерата во Барселона. 30-годишниот играч беше опција да го засили нападот на Барселона уште во јануари, но Арсенал категорично одби да се раздели со својот напаѓач. Од „Камп Ноу“ планираат да излезат со нова понуда за интернационалецот од Габон, особено затоа што тој досега одби да потпише нов договор со Арсенал. Според каталонскиот весник „Спорт“, Арсенал ќе се согласи да го продаде Обамејанг за најмалку 55 милиони евра. Сепак, челниците на Барселона сакаат да ја намалат цената во текот на преговорите. Шпанските медиуми објавија дека роднините на напаѓачот се…
Селекторот на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко го коментираше презакажувањето на Евро 2020 следната година. Според поранешната ѕвезда на Динамо (Киев) и Милан, оваа одлука на УЕФА е целосно оправдана. „Јас го поддржувам решението. Кога станува збор за заканата по здравјето на луѓето, спортот останува во позадина. Секако, одложувањето на Евро 2020 ќе предизвика непријатности, но мора да разбереме дека проблемот влијае на целиот свет. Само со заеднички напори можеме да го надминеме тоа“, рече Шевченко. Украина се најде во група со Австрија, Холандија и тим што ќе дојде од Лигата на нации.
Раководството на Реал Мадрид планира да ангажира фудбалер од нападот и тоа во следниот преоден рок. Според „Дејли мирор“, кралскиот клуб ќе се обиде да го купи Садио Мане од Ливерпул. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го сака Килијан Мбапе, но на „Сантијаго Бернабеу“ не се оптимисти дека можат да го привлечат францускиот фудбалер од ПСЖ. Зизу секако со големо внимание го следи и Садио Мане кој е еден од клучните играчи на Ливерпул. Сенегалецот има договор со „црвените“ уште три сезони. Сепак се верува дека понудата од 160 милиони евра има тенденција да ги убеди челниците на клубот…
Атлетико Мадрид објави дека го прекинуваат процесот на тренинг поради закана од ширење на коронавирусот. Фудбалерите на Диего Симеоне ќе се подготват секој во својот дом во наредните две недели. Засега „Ла Лига“ е суспендирана до крајот на март. Атлетико Мадрид успеа да го елиминира актуелниот европски шампион во 1/8-финалето од Лигата на шампионите во средата вечер. По таа средба, на играчите им беше дадена пауза со оглед на одложените кола во Шпанија. Прелиминарни планови беа тимот да започне со тренинзи вчера, но на „Ванда Метрополитано“ сметаат дека е опасно тоа изатоа тренерот Диего Симеоне одлучи да ги остави своите…
Валенсија објави официјална изјава во која се потврдуваат пет случаи на фудбалери заразени од коронавирус и клупски претставници. Станува збор за дефанзивецот Езекиел Гарај, еден од лекарите на тимот и уште тројца непознати, односно не се објавени нивните имиња. „Валенсија објавува дека се пријавени пет случаи на КОВИД-19 меѓу персоналот и играчите од првиот тим. Сите овие лица сега се во добра здравствена состојба, по мерките за самоизолација. Покрај обезбедување на повеќе информации во наредните часови, клубот изразува поддршка на здравствените власти и нивните кампањи за подигнување на јавната свест, а на целата популација исто така ја потенцираме важноста да…
Голем број италијански медиуми објавија дека Серија А подготвила нова програма до крајот на сезоната, откако првенството беше суспендирано до 3 април поради пандемија на коронавирус. Бидејќи има 11 случаи на заразени фудбалери од самата фудбалска лига, се чини поверојатно натпреварите да продолжат за време на викендот на 2 мај и сезоната да заврши на 30 јуни. Така, ќе се играат девет кола во текот на викендите и уште три во средината на неделата, како и пет датуми на натпревари за европските клупски натпреварувања. Така, до крајот на сезоната, може да испадне дека некои фудбалери ќе одиграат 17 натпревари во…
УЕФА и официјално ги одложи двата натпревари од нокаут-фазата од Лигата на шампионите поради коронавирусот кој масовно се шири низ Европа. Во рамки на осминафиналето и дефинитивно нема да се играат дуелите Манчестер Сити – Реал Мадрид и Јувентус – Лион. Во Реал Мадрид и Јувентус беше потврдено дека има играчи кои биле во контакт или се заразени од коронавирусот, па сите останати играчи се во карантин. Од УЕФА најавија дека наскоро ќе одлучат кога ќе се играат овие средби, а на двата тима им посакаа закрепнување на заболените што е можно поскоро. Што ќе се случува со останатите натпрвари…
