Author: riste

Најавуваниот трансфер на Сократис од Борусија (Дортмунд) во Арсенал може да пропадне, бидејќи интерес за фудбалерот покажал и Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите во Германија. Грчкиот репрезентативец не се договори со својот клуб за нов договор и ќе се продава ова лето. Веќе неколку недели се веруваше дека сé е договорено за негова преселба на „Емирати“, но сето ова беше планирано пред Унаи Емери да дојде како менаџер. Новиот менаџер не бил расположен за овој трансфер иако преставници на Арсенал претходно имаа состаноци на „Сигнал Идуна Парк“ и покажаа интерес за овој играч. Но, сега Жозе Мурињо се надева дека ќе…

Read More

Англискиот тим Челзи ќе му понуди договор за италијанскиот тренер Маурицио Сари, објавија локалните медиуми. Двете страни имале 7-часовен разговор вчера во Лондон, при што ги договориле деталите од договорот. За 59-годишниот тренер ќе биде подготвен 2 годишен договор, а островјаните ќе исплатат компензација од 8 милиони евра на Наполи, затоа што Сари има важечки договор до 2020 година. Договорот би можел да вклучи размена на играчи, со оглед на тоа што од Челзи се расположени да го испратат Давид Луис во Неапол и да плата 70 милиони евра за да ги земат Маурицио Сари и Калиду Кулибали. Тој ќе…

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус Клаудио Маркизио ќе го напушти тимот следното лето, објави „Медиасет“. Минатата сезона Маркизио играше само 15 натпревари во Серија А. Играчот од средниот ред е незадоволен од фактот дека нема постојано место во стартниот тим на Јувентус и сака да го промени тимот. Маркизио нема да се пресели во друг италијански клуб, најверојатно новата дестинација за продолжување на кариерата е САД односно МЛС лигата. 32-годишниот фудбалер ги бранеше боите на Јувентус 2006 година со пауза за една сезона, кога тој беше позајмен во Емполи една година.

Read More

Интер и Фиорентина се подготвуваат за размена на играчи. „Нероазурите” сакаат да ја привлечат младата ѕвезда на „виолетовите” Федерико Киеза и имаат тенденција да го вклучат во понудата искусниот Антонио Кандрева, пишува „Газета дело Спорт”. Според изданието Интер бара ново крило, а другите варијанти се Симоне Верди од Болоња, како и Доменико Берарди и Матео Политано од Сасуоло. Меѓутоа, изборот број 1 е Киеза, кој се проценува на 50-60 милиони евра. Оваа сезона играчот постигна 6 гола, а имаше и 5 асистенции во 36 натпревари за Фиорентина, додека Кандрева не постигна гол, а имаше  8 асистенции во Серија А.

Read More

Новиот менаџер на Арсенал Унаи Емери го даде своето прво интервју за клубскиот сајт откако беше официјално најавен како менаџер кој ќе го наследи Арсен Венгер. Шпанецот ќе одржи прес-конференција попладнево. „Возбуден сум што му се приклучувам на еден од најголемите клубови во светот. Арсенал е познат и сакан во целиот свет поради стилот на игра, работата со младите, фантастичниот стадион … Многу сум возбуден дека ми е доверена одговорноста да го започнам ова ново поглавје во историјата на Арсенал “, беа првите зборови на Емери. „Со нетрпение очекувам да почнам со работа и да ги запознаам луѓето во клубот,…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски и официјално е нов фудбалер на хрватската екипа Ријека. Дефанзивниот играч се сели од Вардар во Ријека како слободен играч, а ќе го носи дресот на хрватскиот тим во наредните три години. Велковски ќе биде третиот македонски играч во овој тим, по Леонард Жута и Милан Ристовски. „Ријека е одличен град. Првите импресии ми велат дека луѓето се фантастични. Стефан Ристовски кој настапуваше во оваа екипа ми кажа се најдобро за овој клуб и навивачите. Го познавам и Леонард Жута со кого имаме играно во репрезентацијата. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и дека ќе…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини нема да го обнови договорот и со тоа е јасно дека најавува заминување од клубот. Ова го изјави спортскиот директор на Милан Масимилиано Мирабели. Во последниве денови, италијанските медиуми тврдеа дека Милан сака да го привлече играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед во своите редови. Според истите извори, Милан му понудил на Фелаини тригодишен договор, додека од „Олд Трафорд“ понудата била за само една година. „Тој е врвен играч и сакаме играчи од негов калибар. Сепак, ќе биде тешко да го привлечеме, иако знаеме дека нема да го обнови договорот со Манчестер. Ние…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион. Според медиумите во Италија тренерот на „бјанконерите“ имал разговори со раководството на клубот и притоа им ги соопштил условите на договорот. Алегри се сретна со потпретседателот Павел Недвед и со генералниот директор Џузепе Марота во канцеларијата на клубот. Неговиот нов договор се очекува да биде до летото 2021 година. Во моментов, овој тренер има договор со „старата дама” до 30 јуни 2020 година.

Read More

Раџа Наинголан го објави крајот на својата кариера во репрезентацијата на Белгија, откако пред неколку часа стана јасно дека нема да биде дел од Светското првенство. 30-годишниот играч од средниот ред на Рома не се најде на списокот на селекторот Роберто Мартинез. „За жал, мојата кариера во белгискиот национален тим заврши. Отсекогаш сум давал сѐ од себе за мојата земја. Но, да бидете вака омаловажени од некои луѓе, е тоа ми падна тешко. Отсега натаму, ќе бидам обожавател број 1на белгискиот национален тим”, напиша Наинголан на Инстаграм.

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар го одигра последниот натпревар во овој состав и го освоија последениот трофеј во составот кој изминатите 5 години беше во врвот на Европскиот ракомет. Откако го одиграа своето последно финале против Ѓер,каде уште еднаш го освоија второто место, се вратија на домашните обврски, ја потврдија титулата во шампионатот на Македонија, го освоија и Купот на Македонија, а со тоа се ги завршија своите обврски кон клубот. Со својот последен настап денес во СЦ „Јане Сандански“ заврши убавата приказна која започна пред пет години и која ни донесе многу убави моменти и натпревари кои остануваат во историјата…

Read More