Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа се враќа од гостувањето во Даблин каде го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година. Македонија славеше против домашната репрезентација на Република Ирска со 88:76. Овој триумф беше многу важен за нашата селекција, а сега следи директен дуел со Луксембург кој исто така има две победи по првите две кола. Тој натпревар ќе се игра во февруари во Македонија, а местото на одигрување дополнително ќе биде утврдено. Дуелот во Даблин почна во знакот на домаќинот, кој имаше добар старт и поведе со 8:0. Сепак потоа Македонија заигра многи подобро во нападот и успеа…
Author: riste
Шпанскиот клуб Леванте ја објави оставката на Хулијан Калеро од функцијата главен тренер. Соопштението беше објавено на официјалната веб-страница на клубот по одлуката на одборот. Заминувањето на Калеро се случи еден ден по поразот на Леванте од Атлетик Билбао на домашен терен со 2:0. Клубот му изрази благодарност на 55-годишниот стручњак за неговата работа и му посака успех во понатамошната кариера. Калеро го презеде Леванте во летото 2023 година. Под негово водство оваа екипа одигра 58 натпревари. Во овој период, тимот победи на 25, одигра 16 нерешено и загуби на 17. Леванте е на 19-то место на табелата во шпанското првенство, со…
Бруно Фернандеш сега е на 4-то место според бројот на асистенции за Манчестер Јунајтед во Англиското првенство. Играчот од средниот ред имаше две асистенции на натпреварот против Кристал паласво 13-то коло од Премиер лигата. Ова е 56-та асистенција на Португалецот, со што го престигна Пол Скоулс (55) на 4-то место. Само Рајан Гигс (162) Вејн Руни (93) и Дејвид Бекам (80) имаат повеќе асистенции за Манчестер Јунајтед во лигата.
Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, ги критикуваше некои од навивачите на клубот за исвиркување на голманот Гуљелмо Викарио откако Италијанецот беше виновен за вториот гол на Фулам во нивниот домашен пораз од 2:1 во саботата. Викарио излезе пред својот гол и му ја даде топката Хари Вилсон кој да постигне гол со прекрасен удар во празната мрежа. Тоа беше 10-тиот домашен пораз на Тотенхем во Премиер лигата во календарската 2025 година, а навивачите го исвиркуваа тимот на полувремето и на крајот од натпреварот. Иако ова веројатно беше очекувано, Франк рече дека не може да го прифати третманот кон италијанскиот репрезентативец…
Португалскиот вицешампион Бенфика размислува за трансфер на левиот бек на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, во зимскиот преоден рок, објави „А Бола“. Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, е заинтересиран да го има својот сонародник во тимот, а „Специјалниот“ високо го цени неговото искуство и квалитети на највисоко ниво. Гереиро претходно јавно се опиша како „голем обожавател на Бенфика“ и веројатно би бил задоволен од можноста да добие повеќе редовна минутажа за игра во споредба со неговата моментална улога во Баерн Минхен. Иако не е постојан стартер, Гереиро останува вреден играч за Винсент Компани и клубот од Минхен, што значи дека потенцијалниот…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, најверојатно нема да игра на денешниот натпревар од Ла Лига против Џирона. Отсуството на играчот е поради вирусна инфекција. Други дефанзивци кои отсуствуваа од тренинзите на Мадрид пред овој натпревар се Давид Алаба, Даниал Карвахал и Дин Хуијсен. Нивното учество на претстојните натпревари останува неизвесно, објави „Марка“. Тренерскиот штаб на Чаби Алонсо веројатно ќе може да смета и на стартниот голман Тибо Куртоа. Голманот го пропушти неодамнешниот меч со Олимпијакос во Лигата на шампионите поради гастроентеритис. Куртоа сега е подготвен да се врати во акција и да го заземе своето место на голот. Дополнително, дефанзивецот Антонио Ридигер и играчот од средниот…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека дефанзивецот Лисандро Мартинез е подготвен да се врати во игра за неделниот натпревар од Премиер лигата против Кристал Палас. Аргентинскиот репрезентативец беше на клупата при поразот од Евертон во понеделник вечерта. Иако не настапи, бидејќи беше надвор од теренот од почетокот на февруари, Аморим рече дека дефанзивецот е во неговите планови за натпреварот во Лондон. „Ако е на клупата, тогаш е подготвен“, изјави Аморим. „Секако дека мора да ги контролираме неговите минути, но ако е на клупата, тогаш е подготвен да игра“. На својата прес-конференција во петокот попладне, Рубен Аморим ги изостави…
Токму кога се чинеше дека проблемите со повредите на Реал Мадрид почнуваат да се смируваат, нови проблеми го снајдоа тренерот Чаби Алонсо пред неделниот натпревар со Џирона. Според извештаите од петокот, Реал ќе може да ги користи Едер Милитао, Антонио Рудигер, Франко Мастантуоно и Тибо Куртоа за натпреварот против каталонскиот клуб, додека Дин Хуијсен веројатно нема да биде достапен. Сепак, најновите вести од таборот на Реал се дека Раул Асенсио исто така ќе биде надвор од предвидувањата. Дефанзивецот не учествуваше на последниот тренинг на „кралевите“, што значи дека веројатно нема да биде во составот за натпреварот. Се вели дека Асенсио…
Шест тима во италијанската Серија А се изложени на ризик од забрана за потпишување нови играчи за време на зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми. Клубовите кои потенцијално се засегнати се шампионот Наполи, Аталанта, Лацио, Фиорентина, Торино и Џенова. Причината е воведувањето на построги прописи поврзани со таканаречените „продолжени трошоци за труд“ – финансиски индикатор кој го мери односот помеѓу трошоците за плати и приходите на клубот. Според сегашните правила, доколку тимот не пријави позитивен финансиски резултат или не генерира доволно приходи од продажба на играчи, нема да може да регистрира нови играчи. Клубовите мора да ги достават своите финансиски…
Реал Мадрид одлучи да се откаже од своите планови да го потпише централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате, поради падот на неговата форма, објави „Гол“, цитирајќи го „Атлетик“. Според изворот, Реал Мадрид веќе ги информирале во Ливерпул за својата одлука. Се нагласува дека одбивањето на Конате од страна на Реал Мадрид би можело да го доближи францускиот фудбалер до продолжување на договорот со Ливерпул, кој истекува во летото 2026 година. Оваа сезона, дефанзивецот настапи на 18 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол, неговата пазарна вредност е 55 милиони евра.
