Author: riste

Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за меѓународниот пријателски турнир кој ќе се одржи во Анкара, Турција. Во споредба со списокот за квалификациските средби против Германија и Словенија пред еден месец, на списокот ја нема средниот бек Моника Килдан Јанеска, како и повредената Сара Ристовска. Повик добија кадетската репрезентативка Таида Беровиќ од Металург Автокоманда, како и десниот бек Теодора Дукоска од Ѓорче Петров, додека останатите ракометарки се истите што играа во октомври. Македонија ба турнирот во Анхара ќе игра против Турција на 5 декември од 14:00 часот,…

Read More

Голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, ќе го има својот 500-ти настап во Бундеслигата кога ќе гостува кај во Мајнц во петок. Ова доаѓа откако тој се етаблираше како прв избор на голман во Германија за прв пат по пензионирањето на Мануел Нојер од репрезентативниот фудбал и повредата на Марк-Андре тер Штеген. Тој се надева дека ќе го задржи своето место за Светското првенство следниот јуни. 35-годишникот ќе стане само петтиот голман кој стигнал до оваа бројка во Бундеслигата и 14-тиот играч од 1963 година. „Полека почнувам да верувам во тоа, но се чувствува одлично што веќе стигнав до тука“, изјави…

Read More

Се очекува голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, да се врати на целосен тренинг со првиот тим во текот на денот или утре во обид да биде подготвен за гостувањето во сабота кај Нотингем Форест, објави „Стандард Спорт“. Бразилскиот репрезентативец не играл од 30 септември, кога се повреди за време на поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите со 1:0. Тој натпревар беше втор последователен пораз за тимот од „Енфилд“. Ѓорѓи Мамардашвили беше стартер во негово отсуство. За разлика од Алисон, Џереми Фримпонг сè уште не може да се врати на тренинг. Тој се повреди за време на победата од 5:1…

Read More

Раководството на Манчестер Сити наскоро ќе започне разговори со Фил Фоден за нов договор. Тековниот договор е до 2027 година, но клубот сака да ја обезбеди неговата иднина за уште подолг период. 25-годишниот Фоден повторно е во врвна форма. Оваа сезона одигра 18 натпревари, во кои постигна 7 гола и имаше 4 асистенции. Менаџерот Пеп Гвардиола и раководството на клубот се исклучително задоволни од неговиот настап. Затоа, „граѓаните“ сакаат да ги обезбедат неговите услуги за подолг период.

Read More
NBA

Леброн Џејмс ја започна 23-та сезона во НБА. По пропуштени 14 натпревари, тој им помогна на Лејкерси да ја победат Јута, постигнувајќи 11 поени и 12 асистенции. „Одлично е што сум повторно на теренот со тимот! Тоа беше тежок ментален тест за мене. Тоа беше прв пат во мојот живот да го пропуштам почетокот на кошаркарска сезона“ – рече играчот на Лос Анџелес Лејкерс.„Играм кошарка од мои девет години и секогаш ја започнувам сезоната од првите натпревари. Минувањето низ тоа физички, емоционално и духовно беше тешко“ – рече Џејмс.

Read More

34-годишниот кошаркарски бек, Данило Анѓушиќ (195 см), го напушти тимот на Дубаи и замина во Арис која се натпреварува во Евро-купот. Тој сака да има поголема минутажа и затоа се определил на таков потег. Кошаркарот одигра по еден натпревар во Јадранската и Евролигата. Минатата сезона имаше просек од 11 поени, 2,2 скока и 1,8 асистенции за 19,8 минути по натпревар во Јадранската лига за клубот од ОАЕ.

Read More

Кошаркарскиот состав Олимпијакос го пребарува пазарот за засилувања на позицијата плејмејкер откако Кинан Еванс заработи потешка повреда. Според одредени шпекулации, грчкиот состав планира да го ангажира Американецот, Малачи Флин од Башакшехир. Сепак целата ситуација е компликувана поради неподготвеноста на турскиот клуб да го ослободи играчот и затоа го одложува процесот.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, кој моментално е на позајмица во Астон Вила, води преговори со неколку клубови во Турција. Крилниот напаѓач и неговите претставници деновиве биле забележани во Истанбул. Тие започнале разговори со три клуба кои се заинтересирани за неговите услуги. 25-годишникот е подготвен да прифати намалување на платата само за да замине на друго место.

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размислува за трансфер на младиот играч на Реал Мадрид, Арда Ѓулер. Проценките велат дека неговата трансферна вредност може да достигне до 100 милиони евра што би било второ најскапо засилување во историјата на „граѓаните“. Сепак, тешко дека ќе се случи. Со доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на „кралевите“, Ѓулер добива голема минутажа и се наметнува како еден од најдобрите на теренот.

Read More

Италијанскиот гигант Јувентус планира да достави нова понуда за капитенот на Сандерленд, Гранит Џака, тестирајќи ја решеноста на англискиот клуб да го задржи својот капитен. Ветеранот од средниот ред ми се придружи на Сандерленд во август од Баер Леверкузен, но трансферот се материјализираше дури откако Јуве се откажа од преговорите за негово потпишување. Според „Тутоспорт“, „бјанконерите“ веќе жалат за својата одлука, особено со оглед на силните настапи на Џака и клучната улога за Сандерленд по враќањето на клубот во Премиер лигата. Импресивната форма на швајцарскиот репрезентативец го натера Јувентус да достави нова понуда за него пред отворањето на јануарскиот преоден…

Read More