Author: riste

Централниот дефанзивец на Арсенал и Бразил, Габриел, би можел да отсуствува два месеци откако се повреди додека играше за репрезентацијата на пријателскиот натпревар против Сенегал што заврши 2:0. „Топџиите“ се загрижени за степенот на повредата на Бразилецот и ќе спроведат дополнителни тестови, објави „Атлетик“. За потсетување, дефанзивецот го напушти теренот во 64-тата минута од натпреварот против африканската репрезентација поради повреда на аддукторниот мускул. Габриел настапи на 17 натпревари за Арсенал оваа сезона, постигна два гола и имаше три асистенции. Според оваа информација тој ќе ги пропушти дерби натпреварите со Тотенхем и Челзи.

Read More

Националната репрезентација на Куракао постигна историски подвиг, станувајќи најмалата земја што некогаш се квалификувала за Светското првенство. Островската земја, дом на само 156.000 жители, го надмина рекордот на Исланд и за прв пат се квалификуваше за најпрестижниот фудбалски турнир во светот. Искусниот холандски тренер Дик Адвокат одигра клучна улога во овој успех . Тој ја презеде функцијата главен тренер на репрезентацијата на Куракао во јануари 2024 година. Клучниот натпревар од шестото коло од квалификацискиот турнир за Светското првенство КОНКАКАФ 2026 против Јамајка беше тој што ја однесе оваа репрезентација на СП. Натпреварот се одигра синоќљ на стадионот „Индепенденс Парк“ во Кингстон, Јамајка,…

Read More

Младата фудбалска ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, поминал неколку часа во популарен клуб во Барселона, а тоа се случило во петокот вечерта, според присутните. Посетата доаѓа само два дена откако Јамал беше ослободен од тренинг кампот на шпанската репрезентација во Лас Росас за да продолжи со закрепнувањето од повреда на препоните. Во раните утрински часови, група од седум лица влегла во реновираниот објект на Кале Мунтанер. На влезот, групата била замолена да ги остави своите мобилни телефони бидејќи во ВИП-зоната имало гостин кој побарал дискреција и без фотографии. Многу брзо било откриено името на посетителот за кој станува збор. Вработен…

Read More

По поразот на нашата фудбалска репрезентација на гостувањето кај Велс (1:7) стана јасно дека ги завршуваме квалификациите за СП 2026 на третото место во нашата група. Како една од селекциите преку Лигата на нациите, имаме бараж за Мундијалот, а патот до таму ќе биде тежок. Нашиот национален тим ќе биде позициониран во последниот четврти шешир. Ситуацијата е слична како кога игравме за СП 2022 во Катар. Можните ривали за полуфиналето веќе се познати, а се доста незгодни. Македонија во полуфиналето ќе игра со противник од првиот шешир, тоа се Италија, Турција, Данска или Украина. Нашата следна селекција ривал на патот кон светскиот шампионат ќе биде домаќин на полуфиналниот…

Read More

Очекувањата беа големи од мечот во Кардиф, но она што се случуваше на теренот сосема друго. По поразот на Македонија од Велс (7:1), тешко беше да се најдат зборови за да се опише играта на нашата репрезентација, а на прес-конференцијата селекторот Благоја Милевски веднаш ја презеде одговорноста. „По ваков натпревар и ваков резултат сакам да им честитам на Велшаните.Не успеавме да му одговориме на противникот на квалитетот и мотивацијата. Одговорноста е моја. Секогаш било така и ќе биде и во иднина. Јас стојам зад тимот, но начинот на кој загубивме со 7:1 повеќе ме боли од убедливиот пораз. Дај Боже…

Read More

28-годишниот крилен напаѓач на Барселона, Рафиња, се врати на тренинзите по повредата, објави официјалниот профил на клубот на социјалните мрежи X. За потсетување, кон крајот на септември, бразилскиот крилен напаѓач се повреди за време на натпреварот од 6-то коло од шпанското првенство против Овиедо (3:1), по што мораше да биде надвор од тренажен процес. Следниот натпревар на каталонскиот тим ќе се одржи на 22 ноември. Барселона ќе се соочи со Атлетик Билбао на реновираниот „Камп Ноу“. Натпреварот ќе можат да го гледаат 45.000 навивачи. Оваа сезона, играчот одигра седум натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигна три гола и направи две асистенции.

Read More

Фулам му понуди нов договор на менаџерот Марко Силва, објави „Скај Спортс“. На португалскиот менаџер му е понуден тригодишен договор со подобрени финансиски услови. Самиот Марко Силва веќе доби неколку понуди од други клубови за заминување, вклучително и од клубови од Премиер лигата. Покрај тоа, 48-годишниот менаџер на Фулам веќе ги отфрли и понудите од Саудиска Арабија. Тој отсекогаш бил убеден дека сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Read More

Ракометарите на Вардар утре ќе го дочекаат Кристијанштад во еден од клучните натпревари од групната фаза на Европската лига на ЕХФ. Откако минимално загубија на гости кај Швеѓаните, сега вардарци треба да победат за да се вратат на првото место во групата кое носи поволности понатаму. На прес-конференцијата денеска зборуваше тренерот Иван Чупиќ. „Нè очекува реваншот со Кристијанштад, откако загубивме таму со еден гол разлика. По пораз се преиспитувате и анализирате, имавме добри тренинзи иако немавме доволно време поради натпреварите. Одиме на победа пред нашата публика во „Јане Сандански“. Секогаш мора да важиме за фаворит, ги повикувам навивачите да направат вистинска атмосфера и со…

Read More

Бразилската репрезентација ќе игра пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Натпреварите ќе се одржат во март 2026 година во САД – во Бостон и Орландо. Договорите се веќе потпишани и се очекува да бидат објавени по натпреварот на Бразил против Тунис на 18 ноември. На пријателските натпревари против Франција и Хрватска, бразилската репрезентација ќе ги носи дресовите што ќе ги носи на Светското првенство во 2026 година – жолти против Франција и сини против Хрватска.

Read More

Според италијанските медиуми, раководството на Наполи го контактирало Тиаго Мота во случај на евентуално заминување на Антонио Конте од функцијата главен тренер. Враќањето на Антонио Конте во Неапол е закажано за денеска (понеделник), останува сериозно неизвесно. Односите меѓу двете страни се чини дека остануваат напнати, како што беа во последните денови. Првиот човек на Наполи , Аурелио Де Лаурентис е решен да не плаќа никаква отштета. Претседателот јасно му стави до знаење на својот тренер дека ако дојде до збогување, одлуката за оставка ќе биде негова. Ќе видиме што ќе одлучи Конте. Дури и ако се врати, тој сепак ќе мора да реши важни прашања со…

Read More