Author: riste

Италијанскиот фудбалски клуб Римини, кој играше во Серија Ц, се повлече од натпреварувањето поради сопствена ликвидација, соопшти прес-службата на Италијанската фудбалска федерација. Според извештаите, постоењето на младинските тимови на Римини е доведено во прашање. Римини е основан во 1912 година. Клубот двапати во својата историја ја освоил Серија Ц, во сезоните 1975/76 и 2004/05. Нивниот највисок дострел е петтото место во Серија Б во сезоната 2006/07. Низ годините, клубот имал реномирани фудбалери како Самир Хандановиќ, Алесандро Матри, Серхио Флокари, Матео Бриги и други. Меѓу реномираните тренери кои работеле за клубот бил и Ариго Саки.

Read More

Централниот напаѓач на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, го привлече вниманието на неколку европски клубови. Францускиот напаѓач е баран од тимови од италијанската Серија А и англиската Премиер лига, според информациите од инсајдерот Фабрицио Романо на неговиот профил на социјалните мрежи. Меѓу италијанските тимови, Милан покажа особен интерес за играчот. Според еден извор, „росонерите“ размислуваат да достават формална понуда за трансфер до Кристал Палас уште во зимскиот преоден рок. Жан-Филип Матета е во лондонскиот клуб од 2022 година. Оваа сезона, 28-годишникот настапи на 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и две асистенции. Трансфермаркт го проценува францускиот напаѓач на 35 милиони евра.

Read More

УЕФА го казни Атлетико Мадрид со 30.000 евра и им изрече условна суспензија од еден натпревар на навивачите кои патуваат поради „расистичко и дискриминаторско“ однесување од страна на некои од нивните навивачи за време на нивниот пораз од 4:0 од Арсенал во Лигата на шампионите минатиот месец, објави Ројтерс. УЕФА, исто така, додаде дополнителни 10.000 евра за предмети фрлени на стадионот „Емирати“. Забраната за гостинските навивачи важи една година и може да се врати доколку навивачите направат уште еден прекршок. Следниот натпревар на Атлетико во Лигата на шампионите е против ПСВ Ајндховен на 10 декември. Мадридскиот тим е на 12-то…

Read More

Баерн Минхен е решен што поскоро да ги финализира преговорите за нов договор за најдобриот стрелец Хари Кејн. Според изворите, сериозните разговори за нов договор ќе започнат во јануари. Раководството на клубот и претставниците на Хари Кејн ќе седнат на маса за детални разговори на почетокот на годината. Овој момент не е избран случајно – клаузулата за ослободување на играчот истекува на крајот на јануари. Успешното финализирање на преговорите пред овој рок би го зацврстило останувањето на Англичанецот во баварскиот гигант. Веста е одлична за навивачите на Баерн и веројатно не е толку добра за навивачите на Тотенхем, Барселона и…

Read More

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, зборуваше за младите играчи во неговата екипа по нивната победа од 3:0 над Барселона во 5-тото коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Тој повика да не се споредуваат млади играчи како Естевао и Ламин Јамал со фудбалски легенди како Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Тој верува дека ваквите споредби вршат прекумерен притисок врз младите играчи. „Голот на Естевао против Барселона ме потсети на голот што го постигна против нас на Светското клупско првенство. Многу е слично, исти потези. Тој треба да се опушти, треба да ужива во својата игра, треба да игра фудбал. Тој и Ламин Јамал се уште…

Read More

Огромно наздоволството кон менаџерот на Манчестер Сити ја потресе Англија. Причината е што Пеп Гвардиола играше со резервите во поразот од 2:0 од Баер Леверкузен. Според „Индепендент“, во својот 100-ти натпревар во Лигата на шампионите на чело на Манчестер Сити, Гвардиола си пукаше во ногата со акција за која велат дека била неодговорен ризик. Некои медиуми одат уште подалеку, обвинувајќи го менаџерот дека „ја посрамотил конкуренцијата“ со почетен состав недостоен за европска вечер. „Тимот падна поради ароганцијата на својот менаџер“ напишаа дел од медиумите. Други медиуми, исто така, го нападнаа Каталонецот. „Дејли меил“ иронично потсетува дека слични експерименти завршија лошо…

Read More

Според информацијата која ја објави „Моцарт Спорт“, трофејниот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по серијата разочарувачки резултати ја понудил својата оставка, потег кој одекна во јавноста и кој може да доведе до најголемата тренерска промена во клубот во последните години. Иако љубовта на навивачите кон Обрадовиќ кој ја напиша најславната европска тренерска историја е безрезервна, Обрадовиќ знае дека емоциите не носат победи, а во моментите кога тимот во Евролигата загуби на седум од последните осум натпревари, тој решил да ја преземе целата одговорност. Сега сè зависи од управата на клубот, која ќе одржи средба со искусниот стратег за да се утврди…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по минатонеделната победа на домашен терен против Сегед им се врати на поразите во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион загуби на гостувањето кај Сегед (35:20), и покрај тоа што пред само седум дена ја победија оваа екипа во Битола. Тренерот Рубен Гарабаја ги сподели импресиите по мечот во Унгарија и кажа дека одбраната потфрлила, а исто така немало помош од голманите. „Во нашиот меч минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Нашата одбрана беше послаба. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на…

Read More

Поранешниот германски фудбалер од средниот ред, Лотар Матеус, верува дека Бундестимот е еден од фаворитите за освојување на Светското првенство во 2026 година. Четирикратните светски шампиони ја победија Словачка со 6:0 дома во последното коло и завршија на врвот во квалификациската група А. „Германија сака да се натпреварува со најсилните – Англија, Португалија и Франција. Ако го повториме она што го покажавме во Лајпциг, ќе бидеме на исто ниво со овие тимови. Тоа го видовме минатото лето. Во поразите од Португалија и Франција во Лигата на нации, Германија играше исто толку добро како и своите противници. Ако германскиот тим покаже…

Read More

Германската легенда Томас Милер откри дека ќе остане во Ванкувер и следната сезона. Напаѓачот се приклучи на тимот од МЛС лигата летото откако му истече договорот со Баерн. „Ќе бидам тука и следната година. Со полна пареа напред! Се преселив во нова лига и нова земја, и ако можам да ја освојам титулата за толку кратко време, тоа би ме направило дел од извонредно достигнување на тимот“, изјави Милер за „Кикер“. Томас Милер има одиграно 10 натпревари за својот нов тим, постигнувајќи 9 гола и 4 асистенции. Ванкувер ќе се соочат со Лос Анџелес ФК во полуфиналето на Западната конференција…

Read More