Новиот руски шампион Локомотив (М) се обидува да го купи хрватскиот напаѓач од екипата на Фиорентина, Никола Калиниќ. Руските медиуми велат дека Калинич веќе ја добил понудата на Локомотив, но до него исто така има стигнато понуда и од германскиот вицешампион Шалке. Милан го позајми Калиниќ во август минатата година од Фиорентина со обврска да купи на крајот од сезоната за околу 20 милиони евра. „Росонерите“ и не се заинтересирани за продолжување на соработката со него, па Калиниќ со голема веројатност летово ќе ги смени клупските бои.
Author: saso
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, кон крајот на мај и почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификациите за ЕП Франција. Македонскиот тим теоретски е во игра за пласман на ЕП, но реално, шансите се минимални. Претстои дуел со Шведска на домашен терен на 30 мај, а потоа на 3 јуни ќе гостуваме во Ниш против Србија. Потребни ни се две победи за да бидеме најдобро третопласирана репрезентација. Селекторот Симе Симевски го објави списокот на играчи повикани за подготовките за овие два последни два дуела од овие квалификации. На списокот се најдоа 27 имиња: Драгана Петковска,…
Довчерашниот тренер на екипата на Атланта Хокс, Мајк Буденхолцер ќе стане нов тренер на Милвоки Бакс. 48-годишниот стратег веќе се согласи со раководството на клубот за условите од 4-годишниот договор. Претходно беше објавено дека Буденхолцер вече имал средба со една од најголемите ѕвезди на тимот, Јанис Адетокунпо. „Бакс“ останаа без главен тренер во јануари 2018 година, кога од позицијата беше отпуштен Џејсон Кид. Буденхолцер ја предводеше Атланта Хокс пет сезони. Под негово водство, клубот четирипати отиде во плеј-офот.
Македонскиот фудбалски стратег Чедомир Јаневски е многу блиску до договор со бугарска ЦСКА (С) за преземање на тренерската работа во тимот. Утрово бугарските медиуми објавија дека тој е веќе во Софија и ги чека конечните преговори за негово назначување на стадионот на бугарската армија. Довчерашниот тренер на екипата на Вардар го раскина договорот со нашиот тим и сега е повторно на потег да преземе нов европски тим. ЦСКА (С) оваа сезона се избори за второто место во домашното првенство и настап во Лигата на Европа следната сезона. Од редовите на софискиот тим веќе потврдуваат дека Јаневски кажал „ДА“ на понудата,…
Извршниот директор на Атлетико (М), Мигел Анхел Гил, изјави дека клубот има намера да му понуди нов договор на голманот Јан Облак, но во никој случај нема да се расфрла со понуди кои се нереални. Медиумите деновиве објавија дека мадридскиот тим наводно не е подготвен да му ја зголеми платата на Облак со нов договор кој ќе надмине 100 милиони евра. „Ние може да се обидеме да му го зголемиме износот на надоместокот на Облак, но тоа не гледам дека е нешто неопходно. Знаеме дека Облак сака да остане, а и ние го сакаме тоа“, изјавил Гил. Договорот на Облак…
Германскиот стратег Јирген Клинсман може да го замени Клаудио Раниери на позицијата прв тренер на француски Нант. Реномираниот француски весник „Франс Фудбал“, објави дека раководството на францускиот клуб бара замена за Раниери, кој ќе ја напушти функцијата на крајот од оваа сезона. Поранешен селекторна германската репрезентација, Јирген Клинсман, е прва реална опција за Нант. „Канаринците“ ќе бараат адекватно решение кое следната сезона тимот ќе го поведе во трка за титулата во Лига 1. Последното работно место на 53-годишниот Клинсман беше селекцијата на САД, која ја напушти во ноември 2016 година.
Актуелниот менаџер на Њукасл, Рафаел Бенитез може да стане нов тренер на Вест Хем, објавија утрово од англиски „Скај Спортс“. Под водство на шпанскиот стратег Њукасл го освои 10. место во Премиер лигата и остана далеку од опасната зона за испаѓање. Досегашниот менаџер на Вест Хем, Дејвид Мојс, пак, пред еден ден беше отпуштен, што значи дека „чеканите“ се во потрега по ново тренерско решение. Претходно беше објавено дека управата на клубот ќе одржи разговори со Унаи Емери следната недела.
Кошаркарите на Хјустон израмнија во финалната серија на Западот откако синоќа славеа со 127-105 над Голден Стејт и израмнија на 1-1. Домашните одиграа скоро перфектен меч, а од крајот на првата четвртина, па се до крајот беа во константна предност, кој во последниот период се искачи и на највисоки +29. Најзаслужни за блескавиот резултат беа Ерик Гордон, ПЈ Такер и Тревор Ариза, кои навистина имаа извонредна вечер, иако први ѕвезди на тимот и синоќа беа Харден кој реализираше 27 поени и 10 скока, како и Крис Пол кој мечот го заврши со 16 поени. Одлични 27 поени имаше и зад…
Вејн Руни би можел да се премисли за неговата намера да го напушти Евертон и да заигра во САД. Причина е вчерашниот отказ кој го доби Сем Алердајс. Неодамна, имаше најави дека напаѓачот веќе се согласил да се пресели во САД за трансфер вреден 12 милиони фунти, додека тој самиот ќе добие 300.000 фунти неделна плата. Сепак, одлуката на менаџментот да ја прекине соработката со популарниот „Биг Сем“, веројатно ќе го натера Руни да се премисли и да остане на домашен терен. Ако новиот тренер на тимот го увери Руни дека има намера да се потпре на неговите настапи следната…
Играчот од средниот ред на Атлетико (М), Коке е уверен дека за неговиот тим нема граници и допрва треба да ги покаже своите најдобри постигнувања. Атлетико победи во финалето на Лигата на Европа синоќа против Олимпик Марсеј со 3-0 и по третпат успеа да го освои вредниот трофеј од ова европско натпреварување. „Игрите во Европа се решаваат со мали детали, но ние покажавме дека нема граници за нашиот тим“, вели Коке. Со неговиот став се сложи икапитенот Габи, кој по финалето синоќа истакна дека Атлетико покажа дека и натаму е еден од најдобрите европски тимови.
