Author: saso

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓорѓиев следната сезона се враќа во Јапонија. По една сезона од враќањето од земјата на изгрејсонцето и настапот во полскиот прволигаш Онико од Варшава, Ѓорѓиев следната сезона повторно ќе игра во Јапонија. Нов клуб на нашиот коректор ќе биде Сакаи Блејзерс со кој Ѓорѓиев веќе постигна договор за следната сезона.

Read More

Во пресрет на стартот на финалната серија од домашниот кошаркарски плеј-оф, денеска прес-конференција одржаа финалистите. Актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје и лутиот градски ривал Работнички по осум години ќе се судрат во финалето во битка за шампионскиот пехар И двајцата тренери свесни за квалитетот на финалето и ривалството, најавуваат незивесна пресметка. „Без да навредам некого, кога играат Работнички и МЗТ – интересот е поголем, а и квалитетот на финалните натпревари. Очекувам спектакл и празник на кошарката, затоа што на последните години истата не ни е на највисоко ниво. Нека победи подобриот“, изјави Марин Докузовски, тренерот на Работнички. Младиот стратег на…

Read More

Автомобилистичката федерација на Македонија денеска на прес-конференција го објави календарот на трките за сезоната 2018. Новата сезона стартува со ридско-брзинската трка на Водно на 9 и 10 јуни. Во календарот за тековната сезона се вклучени 4 ридско-брзински трки, 4 кружни трки и 3 слаломски трки, но бројката ќе биде надополнета со уште една слаломска трка. „Автомобилистичката федерација има ново раководство и со самите промени пристапивме на работа за натамошни активности на Федерацијата. Телата почнаа да функционираат, сите клубови делегираа свои членови и полека почнавме со работа. Донесени се нови правилници за следната сезона, а направен е и календарот за оваа…

Read More

Белгиската фудбалска асоцијација и селекторот Роберто Мартинез ќе потпишат нов договор, кој ќе биде до летото 2020 година. Шпанецот ги донесе “црвените ѓаволи” на Светското првенство во Русија со девет победи и само еден нерешен резултат. Платата на стратегот останува еден милион евра годишно, а помошниците на Мартинез, Греам Џонс и Ричард Еванс исто така ја продолжуваат својата работа во селекцијата на Белгија.

Read More

Европскиот шампион Португалија веќе го избра тимот со кој ќе патува на СП во Русија. Селекторот Фернандо Сантос ја објави групата од 23 играчи кои ќе бидат патници на Мундијалот. Во составот како изненадување не се најдоа Нелсон Семедо и Андре Гомез од екипата на Барселона, а исто така го нема и човекот кој и ја донесе европската титула на Португалија пред две години, Едер. Голмани: Руи Патрисио (Спортинг Лисабон), Антони Лопез (Лион), Бето (Гецтепе) Одбрана: Седрик Соарес (Саутемптон), Рикардо Переира (Порто), Пепе (Бешикташ), Жозе Фонте (Далиан), Бруно Алвеш (Глазгов Ренџерс), Рубен Диас (Бенфика), Рафаел Гвереиро (Борусија Дортмунд), Марио Руи…

Read More

Евролигата од денеска до недела завршува со Ф4 турнирот во Белград на кој ќе го добиеме новиот европски кошаркарски клупски првак. Актуелниот шампион Фенербахче, ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Жалгирис ќе влезат во битка за европскиот трофеј, откако денеска ќе ја почнат финалната битка со полуфиналните средби. Во првото полуфинале Жалгарис и Фенербахче ќе излезат едни против други од 18 часот. Шарунас Јасикевичиус го направи Жалгирис најголемо изненадување оваа сезона во Евролигата со пласманот во финалната рунда. Местото на Литванците во полуфиналето беше целосно заслужено по победите над големите имиња, особено над Олимпијакос во четвртфиналниот плеј-оф дуел. Фенербахче заврши втор…

Read More

Францускиот селектор, Дидие Дешамп, го објави составот на фудбалери со кои ќе замине на Светското првенство во Русија. Вреди да се издвои дека на Мундијалот нема да патува крилниот напаѓач на Манчестер Ј., Ентони Марсијал, а надвор од составот за Русија остана и Кингсли Коман од Баерн (М) и напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет. Во последен момент поради повредата заработена во финалето на ЛЕ од тимот отпадна и Дмитри Паје од Олимпик (М). Голмани: Алфонс Ареола (ПСЖ), Уго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Марсеј) Одбрана: Лукас Ернандес (Атлетико Мадрид), Перснел Кимпембе (ПСЖ), Бенжамен Менди (Манчестер Сити), Бенжамен Павар (Штутгарт), Адил Рами…

Read More

Младиот португалски фудбалер Ренато Санчез ќе се врати во Баерн Минхен следната сезона и ќе има можност да ги импресионира новиот тренер Нико Ковач, изјави извршниот директор Карл-Хајнц Румениге. 20-годишниот Португалец беше изоставен од составот на националниот тим за СП во Русија поради лошата сезона под наем во Свонси. „Тој ќе се врати и Нико Ковач ќе се обиде да го врати во форма. Тоа е важна задача за него. Ренато помина две многу тешки години, кои според мене беа резултат од прогласувањето за најдобар млад играч на Европското првенство. Тој не успеа да се справи со тоа психолошки, но…

Read More

Бекот на Шахтјор Дарио Срна може да стане играч на турски Бешикташ. Тимот од Истанбул му понудил на хрватскиот фудбалер едногодишен договор. Во прилог на ангажманот на Срна, Турците се во обид да го натераат и Марио Манџукиќ да се пресели во нивните редови. Напаѓачот на Јувентус е на размислување да замине од Италија, а Бешикташ е подготвен со добра понуда да го донесе во силниот турски шампионат. Договорот на Срна со Шахтјор истекува ова лето, што значи дека тој како слободен фудбалер би заминал за Истанбул. Манџукиќ има упте две години од договорот со Јувентус и за него тимот…

Read More

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста верува дека каталонскиот клуб мора во најскоро време да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Серхио Бускетс . „Барселона ќе направи голема грешка ако дозволи Бускетс да замине. Јас мислам дека ова нема да се случи, бидејќи тој е многу важен за тимот и ќе помине многу повеќе години на највисоко ниво играјќи за својот клуб“, изјавил Иниеста во интервју за ESPN. Бускетс побара од раководството на Барселона да го исполни условот за продолжување на договорот со подобрени услови.

Read More