Author: saso

Голманот на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро, ќе го пропушти Мундијалот во Русија, откако добил непријатна повреда на коленото. Лекарите констатираа дека тој не ќе може да им помогне на своите сонародници на светското првенство. 31-годишниот голман беше вклучен во листата на 23 играчи, но вчера вечер беше отстранет од тимот. Изминатата сезона тој одигра 10 натпревари за Манчестер Ј. и генерално беше прва резерва на шпанскиот голман Дејвид Де Хеа на „Олд Трафорд“. Засега, се уште нема информации кој ќе го замени во составот на “гаучосите”, но се очекува и тоа да стане јасно во наредните ден-два. Отсуството на Ромеро…

Read More

Марко Силва е најверојатниот нов менаџер на Евертон. Португалецот треба и официјално да биде потврден за нов менаџер на „карамелите“ следната недела. Силва е фаворит на главниот акционер Фарад Мошири, кој е подготвен да му даде долгорочен договор и токму со овој тренер клубот да се пресели на новиот стадион во 2022-та година. Повеќето од бордот на директори на клубот велат дека Силва има потенцијал за работа во Евертон по одличните сезони со Хул Сити и Вотфорд.

Read More
NBA

Хјустон славеше на синоќешното гостување кај Голден Стејт со 95-92 и успеа да израмни на 2-2 во серијата од финалето на Западот во НБА лигата. Најзаслужни за брејкот кој го направија во „Оракл Арената“ беа Харден со 30 и Пол со 27 поени. Мечот изобилуваше со пресврти се до последниот период од мечот, кога екипата на Хјустон успеа да ја задржи свежината и прецизната рака за да дојде до посакуваниот триумф пред враќањето во Тексас за петтиот меч кој е на програмата во четврток. Кај Хјустон одлично издание имаше и Гордон со 14 поени, додека кај домашните Кари постигна 28…

Read More

Артуро Видал и Баерн Минхен сигурно ќе се разделат во текот на летото, објавија шпански извори. Според информациите, Чилеанецот е на пат да се пресели во Премиер лигата, каде за него владее голем интерес од екипите на Челзи и Манчестер Ј. Трета опција за иднината на Видал е Интер. Инаку, самиот фудбалер тврди дека сака да остане на „Алијанц Арената“, но во текот на летото со даоаѓањето на младите германски репрезентативци Леон Горецка и Серж Гнабри, неговото место ќе биде прекубројно. Баерн е подготвен да го продаде 31-годишниот фудбалер за цена од околу 50 милиони евра.

Read More

Карло Анчелоти веќе се согласил да го преземе Наполи, објави весникот „Кориере дело Спорт“. Маурицио Сари, сегашниот тренер на клубот, најверојатно ќе замине поради недоразбирање со претседателот. Освен тоа Наполи ќе добие 8 милиони евра за него, ако друг клуб реши да го ангажира крајот на месецот. Во последните денови се зборува дека Анчелоти ќе биде заменик на Сари, а шефот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, веќе ја договорил зделката.

Read More

Манчестер Јунајтед инсистира на тоа Ентони Марсијал да остане во клубот, но други извори велат дека „црвените ѓаволи“ ќе мора да го продадат, затоа што самиот играч бара трансфер. Како што е познато, младиот Французин е многу сериозна трансфер цел на Тотенхем, но со оглед на ситуацијата, Манчестер Ј. нема да му дозволи на францускиот напаѓач да замине во ниту еден друг клуб од Премиер лигата. Таоа е став на клубот кој вели дека може да го продаде само во странство. 22-годишниот фудбалер не се најде и во репрезентацијата на Франција за престојното СП.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус може прилично сензационално да го врати Пол Погба од Манчестер Јунајтед во текот на летото. Информацијата е на торинскиот весник „Тутоспорт“, кој се повикува на свои извори. Престојот на Погба во Јунајтед повторно е тема на дискусија цела сезона и голема е веројатноста по последниот конфликт со Мурињо тој сепак да инсистира пред управата да му дозволат да замине. Tренерот на торинскиот тим, Масимилиано Алегри го има Погба како опција, но засега е фокусиран на купувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Read More

Тотенхем има интерес за купување на фудбвалерот на Интер, Иван Перишиќ, кој, според медиумите во Италија, сепак, не е на продажба. Хрватот беше во центарот на сериозна трансфер сага минатото лето, кога Манчестер Јунајтед одби да ги плати бараните 50 милиони фунти. 29-годишниот крилен фудбалер оваа сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна 11 гола и реализираше 9 асистенции со што му помогна на својот тим да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Тотенхем веќе го контактирал агентот на Перишиќ, но засега нема конкретни информации за преговорите.

Read More

Лусиен Фавре и официјално е именуван за нов тренер на екипата на Борусија (Д). Како што потврдија од германскиот клуб, 60-годишниот Швајцарец потпишал двегодишен договор со „милионерите“ заклучно со 2020 година. Фавре оваа сезона беше тренер на екипата на Ница. „Да се биде тренер на Борусија (Д) е голема задача и со нетрпение очекувам да почнам со работа“, изјавил Фавре. Тој претходно веќе двапати работеше во Бундеслигата како тренер на Херта (2007-2009) и на Борусија Менхенгладбах (2011-2015).

Read More

Вардар се подготвува за новата завршница на Лигата на шампионите во Келн. Викендов следуваат завршните битки на патот кон одбраната на европската круна. „Црвено-црните“ имаа уште една фантастична сезона во Европа, а како таа изгледаше се обиде да покаже ЕХФ, во своето промотивното видео за македонскиот и европскиот шампион објавено денеска.

Read More