Author: saso

Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер, ризикува да го пропушти претстојното Светско првенство во Русија поради повреда. 30-годишниот напаѓач беше повреден на последниот меч за својот клуб во норвешкото првенство. Според информациите, играчот има повреда на препоните, а рехабилитацијата би можела да потрае и цели 4 недели. Во групната фаза од Светското првенство во 2018 година, Данскапремиерниот меч го игра против селекцијата на Перу на 16 јуни.

Read More

Кошаркарите на Кливленд се пласираа во големото НБА финале, откако во „мајсторката“ на гости го совладаа Бостон со 87:79. Повторно неверојатен меч одигра Леброн Џејмс, кој средбта ја заврши со 35 поени, 15 скока и 9 асистенции, а на паркетот остана во текот на сиот меч – 48 минути. Одлично издание имаше и Џеф Грин кој беше голема помош за Џејмс и постигна 19 поени во победата која ги однесе Кавс во финалето. Кај домашните, кои мечот го завршија тотално разочарани, Тејтум постгна 24 поени, додека Хорфорд финишираше со 17. Во големото финале, кошаркарите на Кливленд го чекаат подобриот од…

Read More

Во пресрет на Ф4 викендот во ракометната Лига на шампиони, денеска во Келн беше преставен и Ол-Стар тимот на оваа сезона во избор на фановите. Сосема очекувано, оваа година на голманската позиција во тимот на ѕвездите на сезоната се најде вардаровиот чувар на мрежата, Арпад Штербик. Покрај него, во изборот доминираат ракометарите на ПСЖ. Дури четворица парижани се најдоа во „Дрим тимот“ и тоа: Никола и Лука Карабатиќ, Генсхајмер и Сагосен. Останатите членови на тимот на сезоната се Мирхул од Скјерн и Мем од Барселона. Најдобар тренер е Патрик Канаје од Монпелје.

Read More

Португалскиот шампион Порто го продолжи договорот на актуелниот тренер Сержо Консеисао. 43-годишниот португалски стратег потпиша нов договор до 2020 година. Според официјалната веб-страницата на Порто, договорот е потпишан без никакви проблеми и двете страни брзо се договориле за продолжување на соработката. Консеисао дојде на кормилото на португалскиот фудбалски гигант минатиот јуни. Под негово водство, Порто ја освои шампионската титула во Португалија по подолга пауза.

Read More

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, ги засука ракавите и брзо состави листа на потребни нови засилувања за следната сезона. Тој веќе разговарал за ова прашање со претседателот Аурелио Де Лаурентис и бил уверен дека некои од назначените играчи ќе бидат доведени во Неапол. Меѓу играчите кои популарниот Карлито ги сака на Сан Паоло се и главно фудбалери со кои веќе работел во неговите поранешни клубови. Се зборува дека Наполи сигурно ќе купи нов голман, а како избор на Анчелоти се Ареола од ПСЖ и Лено од Баер (Л). Во дефанзивната линија посакувани нови имиња се Муние и Врсаљко, додека во…

Read More

Играчот од средниот ред на Барнли, Стивен Дефур, најави дека ја завршува својата репрезентативна кариера во селекцијата на Белгија. 30-годишниот фудбалер, кој нема настап за „ѓаволите“ од јануари, дебитираше за Белгија во 2006 година и има 52 репрезентативни настапи во кариерата. „Сите добри нешта некогаш завршуваат. И посакувам голем успех на мојата репрезентација на СП во Русија. Вие можете да го направите тоа!”, напиша Дефур во својот Twitter профил.

Read More

Дефанзивецот на ПСВ Ајндховен, Џошуа Бренет е нов фудбалер на германски Хофенхајм. Како што потврдија холандските весници, 24-годишниот фудбалер за сума од 5 милиони евра се сели во германскиот бундеслигаш со договор до 2022 година. Бренет дебитираше за ПСВ во август 2013 година и оттогаш им 150 настапи за тимот. Минатата сезона тој одигра 32 натпревари и постигна 1 гол, во шампионската сезона за својот тим.

Read More

Аргентинскиот тенисер Николас Кикер е прогласен за виновен за местење натпревари, објавија светските агенции. 25-годишниот Кикер се обидел да преговара за две серии на Челинџ турнири во Италија и Колумбија во 2015 година. Тој, исто така, е прогласен за виновен бидејќи не сакал да признае како точно го сторил тоа и не соработувал во истрагата. Одлуката за неговата казна ќе биде донесена дополнително, но привремено е дисквалификуван. Во моментов Кикер е 84-ти на АТП листата, а негов највисок ранкинг беше 78. место во јуни 2017 година.

Read More
NBA

Кошаркарите на Хјустон поведоа со 3-2 во финалната серија на Западот, откако синоќа во петтиот меч го совладаа актуелниот шампион Голден Стејт со 98:94. Со тоа момците на Мајк Д’Антони се на чекор до пласман во големото финале. Целиот меч мина во неизвесност, па на полувреме се замина со егал ситуација – 45:45. Во вториот дел за нијанса домашните беа подобри, иако двата тима постојано се менуваа во водство. Во финалната четвртина Хјустон го имаше „меч винерот“ наречен Ерик Гордон, кој покрај Харден и Пол го донесе својот тим до позиција за победа. Голден Стејт имаше шанса за победа, ако…

Read More

Управата на Тотенхем објави потпишување на нов договор со тренерот на тимот, Маурисио Почетино. Новиот договор на 46-годишниот аргентински стратег ќе биде со важност до летото 2023 година. Асистентите Хесус Перез, Мигел Д’Агостино и Тони Хименес, исто така, потпишаа нови договори со Тотенхем. Почетино го предводи Тотенхем од 2014 година, а оваа сезона ја заврши на третото место во Премиер лигата со обезбедено учество во Лигата на шампионите.

Read More