Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, може да го замени Антонио Конте во Челзи, објави весникот „Спорт“. Раководството на лондонскиот клуб се надева дека 48-годишниот Шпанец ќе прифати да седне на кормилото на тимот и да се обиде да го однесе Челзи во Лигата на шампионите. Минатата сезона, „сините“ завршија на петтото место во Премиер Лигата и ќе играат во Лигата на Европа. Луис Енрике ја водеше Барселона во периодот од 2014 до 2017 и под негово раководство каталонците еднаш триумфираа во Лигата на Шампионите и двапати станаа шампиони на Шпанија.
Author: saso
Шпанскиот шампион Барселона може да добие забрана за трансфери, шпекулира весникот Мадрид „Ас“. Каталонците може да добијат ваква казна доколку раководството на клубот и натаму продолжи да преговара со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, како што тоа го прави уште од октомври минатата година. Барселона веќе беше казнета за ваква повреда на правилата. На овој начин, казната може да биде поголема – забрана за трансфери за четири трансфер периоди или во активен период од две години. Гризман може да биде дисквалификуван во период од четири до шест месеци.
Јувентус потпиша нови договори со дефанзивците Џорџо Киелини и Андреа Барѕаљи. Новите договори ќе бидат заклучно со 2020 и 2019 година, соодветно. Киелини е во Јуве од 2005 година, а минатата сезона 33-годишниот дефанзивец играше на 37 натпревари. Барѕаљи (37) е во Јуве од 2011 година и минатата сезона одигра 38 натпревари за шампионот.
Египетскиот бизнисмен Нахиб Савирис соопшти дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го преземе националниот фудбалски тим на Катар. Французинот ќе потпише 4-годишен договор и ќе го подготви составот за Светското првенство 2022 кое ќе се одржи токму во Катар. Според информацијата, годишната плата на Зидан ќе биде 50 милиони евра. „Зидан ќе го предводи националниот тим на Катар и ќе почне да го подготвува за Светското првенство во 2022 година. Плата – 50 милиони евра, договор за четири години. Парите одлучуваат сè?“, Напиша Савирис на “Твитер”.
Шпанскиот весник „АС“ денеска излезе со информација дека од свои извори дознал дека екипата на ПСЖ веќе му понудила неверојатни 45 милиони евра по сезона како плата на Кристијано Роналдо кој е на пат да си оди од Реал (М). По сите шпекулации деновиве околу неговото заминување од „Бернабеу“, ова е само уште една потврда за реализација на најавениот трансфер. Управата и сопственикот на ПСЖ по секоја цена го сакаат Роналдо во Париз, па затоа и нема да штедат средства за да го убедат да дојде кај нив. Со оваа понуда од 45 милиони евра по сезона, Роналдо ќе стане…
Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски, потврдил дека сака да го напушти клубот и летово да си побара нов предизвик. Веста ја потврди и неговиот агент, Пини Захави во изјава за весникот „Билд“. 29-годишниот Полјак е во Минхен од 2014 година и има 106 голови во 126 натпревари од Бундеслигата. „Роберт чувствува дека му треба промена и нов предизвик во неговата кариера. Одговорните играчи во Баерн се свесни за неговата желба“, потенцирал Захави. Агентот увери дека барањето на Левандовски не е поврзано со одредена понуда од друг клуб.
Хуеска обезбеди историски пласман во шпанската Примера за следната сезона, но е на пат да се најде пред истражните органи поради сомневање дека нивниот меч од 41. коло од шпанската Сегунда против Гимнастик бил наместен. Како што објавија шпанските медиуми, на споменатиот дуел одигран пред неколку дена, е забележан голем раст на уплати на играта X-1 (на полувреме да биде нерешено, а на крај победа за Хуеска) особено во Азија и во Украина. Букмејкерите алармирале за случајот, кој сега се најде под истрага и на шпанската Ла Лига.
Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во салата „Кале“ во Скопје, ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен од квалификациите за ЕП Франција 2018. Противник на Македонија е репрезентацијата на Шведска, а шансите на Македонија за пласман на шампионатот, иако во теорија се уште постојат, реално без загубени со високиот пораз во Шведска и домашниот од Србија. Сепак, избраничките на селекторот Симевски се обидуваат нив овој квалификациски циклус да го изградат тимот од кој во иднина ќе се очекуваат многу подобри резултати во следните квалификациски настапи за големите натпреварувања. По овој меч за Македонија останува и…
Првите луѓе на ФИФА најавија нови промени во примената на видео-технологијата за време на претстојното Светско првенство во Русија ова лето. Со последните измени, судиите добија можност да го санкционираат секој жесток старт за време на натпреварот, па дури ако тој и не бил забележан од судиите во некоја фаза од мечот. Тоа значи дека дури инцидентот да се случил и половина час претходно, судијата има право да ја прекине играта по асистенција на ВАР судијата, да ја прегледа снимката и да го исклучи фудбалерот кој неспортски се однесувал. ФИФА вели дека целта е да не останат неказнети намерните и…
Иако беше скоро се готово, Челзи може изненадувачки да се откаже од Маурицио Сари и на менаџерското место во тимот да го постави екс-селекторот на Франција, Лоран Блан. Оваа вест утрово ја лансираше авторитетното француско издание „Франс Фудбал“. Според изданието, лондончани се премислиле во изборот и конечно се одлучиле да му ја доверат функцијата на Французинот. Наскоро се очекува разговорите да бидат и официјално потврдени. Засега се уште не е јасно на кој начин ќе си замине актуелниот тренер на тимот Антонио Конте. Најверојатно тој ќе биде отпуштен, откако во неколку наврати истакна дека тој на своја рака нема да…
