Кошаркарот на Голден Стејт, Андре Игуодала, изјави дека планира да излезе на паркетот за третиот меч од финалната серија во НБА лигата против екипата на Кливленд. Иако се уште не е 100% фит со повредата, Игуодала вели дека ќе направи се за да му помогне на својот тим да дојде на чекор до титулата. „Имам намера да играм на третиот натпревар. Истите планови ги имав и за првата и за втората битка. Ајде да видиме што ќе се случи“, порача кошаркарот на „Воините“. Инаку, 34-годишниот кошаркар доби повреда на коленото во последната четвртина од третиот натпревар од финалната серија на…
Author: saso
Милански Интер е само уште еден во низата клубови кои тргнаа по потписот на еден од најдобрите фудбалери во француската Лига 1 минатата година, Малком од Бордо. Според новинарите на „Газета дело Спорт“, Интер почнал разговори со Бордо околу цената на трансферот на Малком, за кого сериозно е заинтересиран и Арсенал, но и ПСЖ, Ливерпул, Баерн (М) и Тотенхем. Францускиот клуб го проценува бразилскиот фудбалер на 50 милиони евра, а Интер веројатно ја разгледува опцијата да ја понуди оваа сума и да добие предност во преговорите. Минатата сезона, 21-годишниот напаѓач учествуваше на 35 натпревари од француската Лига 1, во која…
Офанзивниот играч од средниот ред на Баерн (М), Хамес Родригез може да направи изненадувачки чекор во својата кариера. Според некои информации, фудбалерот кој е сопственост на Реал (М) следната сезона може да ја дочека како играч во италијанската Серија А. За него засега се интересира екипата на Наполи која ќе се обиде да добие позитивен одговор и од него и од Реал (М) за негова преселба на „Сан Паоло“. И самиот Родригез вели дека би сакал да заигра во Серија А. „Зошто да не. Досега не сум имал контакт со италијански тим, но останува да видиме што ќе се случува…
Машката ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир во Скопје пред бараж-двомечот со Романија за пласман на СП 2019 во Германија и Данска. Ракометарите напрво се собраа во хотелот „Александар Палас“, а потоа го одржаа и првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“. Сселекторот Раул Гонзалес на првиот тренинг не можеше да смета на Филип Миркуловски и Филип Талески, кои вчера со нивните клубови ги одиграа последните натпревари во Бундеслигата, па дополнително ќе се приклучат во наредниве денови. Инаку, првиот меч со Романците го играме во Скопје в недела, а реваншот е на 13 јуни во Клуж.
Актуелниот предводник на турскиот кошаркарски шампион Фенербахче , Жељко Обрадовиќ ќе ја задржи својата функција, и покрај промената на раководството во кошаркарскиот клуб. По изборите за претседател на Фенербахче, ново име на претседателското столче е Али Јилдирим Коч, кој е еден од најбогатите жители на Турција, но новиот шеф на клубот, изјави дека не сака да прави тренерски промени во екипата. Според Eurohoops, главен приоритет за новиот претседател на Фенер ќе биде изнаоѓање нов главен спонзор на тимот, бидејќи сегашниот договор со спонзорот е истечен.
Швајцарскиот тим во Формула 1, Заубер наскоро ќе добие нов сопственик. Шпекулациите велат дека нови сопственици на Заубер можат да станат Италијанците од Алфа Ромео. Информациите велат дека во скора иднина делегација на Заубер ќе оди во посета на седиштето на Ферари во Маранело каде се очекува нова рунда преговори за промена на сопственоста со првите луѓе на Алфа Ромео.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена и на дуелот од 5. коло во групната фаза на Сребрената Европска Лига. Вечерва во СРЦ Кале, нашите одбојкари загубија убедливо од селекцијата на Летонија со 3:0 (26:28, 27:29, 17:25). Иако одигравме одлично во првите два не успеавме да освоиме ниту еден. Особено беше значаен вториот сет во кој имавме голам предност во текот на целиот сет, но на крајот дозволивме Летонците да се вратат и на разлика да дојдат до клучна предност од 2:0. Сега пред нас е дуелот со Косово, по кој ќе треба да ја темпираме формата за завршниот турнир…
Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги заврши квалификациите за ЕП во Франција. На денешниот последен меч во квалификациите, избраничките на селекторот Симовски загубија во Ниш од Србија со 35-30. Со тоа, Македонија ги заврши квалификациите на 3. место во групата со 2 победи и 4 порази. Победит беа извојувани на двете средби со фарските Острови. Овој натпревар беше последен во кариерата за македонската репрезентативка Мирјета Бајрамовска.
Уникаја и натаму продолжува да трага по нов тренер на тимот, откако ја прекина соработката со досегашниот предводник, Хоан Плаза. Се претпоставуваше дека новиот тренер на тимот од Малага ќе биде Фотис Кацикарис, но Гркот го отфрлија предлогот на Шпанците и се надеваат дека ќе влезе во тренерскиот кадар на еден од тимовите во НБА лигата. Сега од Уникаха тргнуваат по нова цел – селекторот на Шпанија, Серхио Скариоло. Се очекува искусниот стратег наскоро да ја напушти работата во националниот тим и може да го преземе тимот на Уникаха.
Ливерпул е блиску до финализирање на трансферот на францускиот репрезентативец Набил Фекир од Олимпик Лион. Како штообјавија англиските медиуми, 24-годишниот офанзивен играч од средниот ред денеска пристигна на Енфилд со неговиот агент Жан-Пјер Берн за почеток на последните преговори. Ако двете страни стигнат до договор, Фекир ќе ги помине медицинските прегледи во понеделник или во вторник на базата на клубот, по што ќе се врати во кампот на француската репрезентација. Ливерпул има договор со Олимписки Лион за трансферната цена на играчот од околу 60 милиони евра.
