Author: saso

Реал (М) доби уште една силна шлаканица, откако и Антонио Конте ја одбил нивната понуда да стане наследник на Зидан на тренерското место. Според „Скај Италија“ Конте воопшто не е заинтересиран за понудата на Реал. Раководството на Реал веќе има контакт со агентите на Италијанецот, но тој доста изненадувачки објавил дека планира да си го исполни договорот со “сините” и на нема намера и желба да го напушти “Стемфорд Бриџ”. Познато е дека “кралевите” бараат нов тренер, откако Зинедин Зидан изненадувачки си поднесе оставка, но засега нема вистински кандидат кој би наследил.

Read More

НХЛ тимот на Вашингтон Кепиталс за првпат во својата историја го освои „Стенли Купот“, откако во петтиот натпревар од финалната серија во НХЛ лигата славеше со 4:3 над Лас Вегас Голден Најтс како гостин. На овој начин Кепиталс победија во серијата со 4:1 во победи и за првпат во градот донесоа титула по 1991 година, кога за последен пат Вашингтон бил првак во некој од четирите големи спортови во Америка – американски фудбал, кошарка, бејзбол или хокеј на мраз. Наградата за “Најкорисен играч” во финалната серија ја освои ѕвездата на шампионите, Александар Овечкин, кој исто така се запиша во листата…

Read More

Италијанскиот прволигаш Удинезе, денеска го објави назначувањето на шпанскиот стратег Хулио Веласкез за нов тренер на тимот. 36-годишниот стратег синоќа постигнал договор со управата на тимот од Удине и ќе го преземе кормилото од хрватскиот стратег Игор Тудор. Претходно, 36-годишниот Веласкез работеше со шпанските клубови Виљареал и Бетис. Последниот клуб каде работеше Шпанецот е второлигашот Алкоркон.

Read More

Арсенал пројавува сериозен интерес за дефанзивецот на германски Лајпциг, Лукас Клостерман, тврди весникот “Билд”. Новиот менаџер на “топчиите” Унаи Емери во младиот дефанзивец гледа одлично засилување во дефанзивната линија, што се покажа како голема слабост за тимот минатата сезона. 22-годишниот фудбалер игра првенствено како крилен бек, а минатата сезона за тимот ја помина скоро на сите позиции во одбраната.

Read More

Голманот на Тотенхем, Мишел Арман Ворм, го продолжи договорот со тимот. 34-годишниот холандски голман потпишал нов договор со клубот до крајот на сезоната 2018/19. Мишел Ворм е дел од Тотенхем од 2014 година, каде што се пресели од Свонси Сити. Минатата сезона Холанѓанецот одигра 11 официјални натпревари за англискиот клуб и прими 10 гола.

Read More

Македонската одбојкарската репрезентација во полуфиналниот меч на Ф4 турнирот кој ќе се игра во Скопје, ќе се сретне против селекцијата на Хрватска. Вака одлучи денешната ждрепка за завршните турнири во европските натпреварувања, меѓу нив и Ф4 турнирот од Сребрената европска лига. Во второто полуфинале против себе ќе играат репрезентациите на Летонија и Белорусија. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 15 јуни во СРЦ „Кале“, додека ден подоцна се завршните средби.

Read More

Првиот собир на кошаркарската репрезентација на Македонија за престојниот меч со Швајцарија од претквалификациите за Евробаскетот е пролонгиран за 7 дена. Како што потврдија од МКФ, иако првично беше планирано подготовките да започнат на 11 јуни, селекторот Јорданчо Давитков одлучи да им даде уште седум дена одмор на своите избраници кои имаа напорни натпреварувачки сезони. Па така, првиот собир ќе се одржи на 18 јуни со почеток во 10:00 часот во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Сениорите ќе тренираат до 27 јуни во Скопје кога ќе отпатуваат за Фрибург каде ќе го одиграат последниот натпревар во рамки на…

Read More

Фудбалерот за врска на фудбалската репрезентација на Панама, Алберто Кинтеро се повреди и нема да може да му помогне на својот тим на Светското првенство во Русија. Веста ја потврдија и од Федерацијата на Панама. 30-годишниот Кинтеро беше дел од финалниот список на селекторот на Панама, но се повреди на последниот тест со Норвешка. Лекарите дијагностицираа фрактура на метатарсалната коска на десната нога на фудбалерот, поради што тој мора да оди на рехабилитација. Панама премиерата на СП во Русија ќе ја има против белгија на 18 јуни.

Read More

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте стана изненадувачки фаворит да го преземе Реал (М), откако тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри одби да се пресели во Шпанија на клупата на европскиот шампион. Според информација на англиските весници, Конте сигурно заминува од Лондон, а „кралевите“ веќе почнале разговори со неговиот агент. Откако стана јасно дека и Клоп и Почетино нема да ја прифатат понудата на Перез за преселба на „Бернабеу“, за мадридските бели веројатно Конте е најреалната опција.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус конечно се договори со Џенова за голманот Матија Перин, кој ќе го чини 15 милиони евра. Веста ја пренесоа повеќе италијански изданија Јасно е дека чуварот на мрежата ќе биде замената за Џанлуиџи Буфон, кој го напушта тимот и за минува во пензија, а во исто време, Јуве ќе добие силна конкуренција за стартното место во тимот бидејќи веќе го има резервистот Војчех Шчесни. Според постигнатиот договор, Џенова најпрво ќе добие 12 милиони евра, а останатите три ќе бидат исплатени во вид на бонуси. Перин се очекува во петок да дојде во базата на Јувентус и да…

Read More