Минатиот викенд на спортските терени во Струга и Охрид се одржаа јубилејните 30-ти Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, во организација на „Мобилност Македонија“ и Македонскиот параолимписки комитет. Игрите се одржаа под мотото „CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE“, а на истите се натпреваруваа 116 спортисти со телесен инвалидитет од 6 држави: Македонија (95), Словенија (3), Хрватска (6), Босна и Херцеговина (4), Црна Гора (3) и Бугарија (5), во стрелаштво, пинг понг и атлетика. Гостин на манифестацијата беше претседателот на Бугарскиот параолимписки комитет, Илија Лалов. Најзначаен спортски резултат на игрите постигна нашата параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која во дисципината воздушен…
Author: saso
Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс и официјално го потврди трансферот на 21-годишниот централен дефанзивец Никола Катиќ, кој доаѓа во Шкотска со договор на четири сезони. Катиќ е досегашен фудбалер над Славен Белупо, а следната сезона ќе биде петто засилување во тимот на новиот менаџер Стивен Џерард. Катиќ има и еден натпревар за сениорската репрезентација на Хрватска и е еден од талентите со светла иднина. Тој ќе стане четвртиот Хрват кој во историјата го носел дресот на Глазгов Ренџерс по Дадо Пршо, Никица Јелавиќ и Нико Кранчар.
Околу милион фанови излегоа на улиците на Оукленд за да ја прослават титулата на Голден Стејт. Пред само неколку денови тимот од Калифорнија успеа со 4:0 во партии да го„збрише“ Кливленд и да дојде до третата титула во полендите 4 години. Предводени од Стеф Кари, Кевин Дурент и останатите, Голден Стејт го прошета трофејот пред своите навивачи, кои неколку часа го окупираа центарот на градот. „Не мислевме дека ќе имаме парада, што трае два или три часа. Ова е за вас“, им порача на насобраните Стеф Кари.
Фиорентина ја одби понудата на Интер за Федерико Киеза вредна 60 милиони евра. “Нераѕурите” имаат желба да го донесат младиот фудбалер во својот тим ова лето, бидејќи лично тренерот Лучијано Спалети инсистира на овој трансфер. Интер понудил 45 милиони евра плус фудбалер кој се проценува на 15 милиони евра, но „виолетовите“ уште на старт ја одбиле понудата.
Бешикташ е во напредни преговори со Ливерпул за напаѓачот Даниел Стариџ. Англичанецот не се најде во плановите на менаџерот Јирген Клоп, а минатата сезона беше испратен на позајмица во Вест Бромвич. Се чини дека тој нема да остане на Енфилд, па турскиот клуб сака да ја искористи можноста да се засили со него за следната сезона. Бешикташ контактираше со агентот на турскиот фудбалер, како и со шефовите на Ливерпул за да преговара за евентуалниот договор. Засегадвата клуба имаат сериозни разлики. Ливерпул сака 15 милиони евра за правата на Стариџ, додека Бешикташ нуди само 5 милиони евра.
Јувентус е многу близу до ангажман на играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле. Белгиецот сигурно ќе го напушти Лондон во текот на летото, па сега бара нов ангажман. Тотенхем не се одлучи да му понуди нов договор и јасно стави до знаење дека ќе се откаже од неговите услуги. Досега Интер важеше за прв фавори за неговиот потпис, но сега Јувентус е тимот кој ја презема иницијативата. Италијанскиот првак е подготвен да плати 30 милиони евра за Дембеле, кој треба да биде уште едно големо засилување на средината, откако во тимот веќе го доведоа и Емре Џан од…
Три генерации на ФК Вардар, од денеска до сабота, ќе земат учество на турнирот „Црно Море Куп Несебар 2018“, кој ќе се одржи во Несебар, Бугарија. Генерациите 2005, 2006 и 2008 на „црвено-црните“, ќе бидат дел од овој турнир. Генерацијата 2005 година е предводена од тренерот Ане Андовски, додека Сашо Јанев ќе ја предводи генерацијата 2006. Генерацијата 2008 година ќе биде предводена од Павел Неделковски. Генерацијата 2005 година ќе игра против екипите на Локомотив Софија, Нефтохимик Бургас, Левски Паталеница и Нива Виница. Черноморец Бургас, Локомотив Софија, Ферион Софија и Академика Божуриште ќе бидат противниците на генерацијата 2006 година. Екипата составена…
Патрик Виеира ја напушти функцијата тренер на Њујорк Сити, за да ја преземе француска Ница, соопштија од американскиот тим. Веста беше објавена дури и на веб-страницата на Манчестер Сити. „Би сакал да му се заблагодарам на Њујорк Сити за можноста да го тренирам овој огромен фудбалски клуб. Заминувањето од Њујорк е неверојатно тешка одлука за мене и за моето семејство, која не беше донесена нималку лесно”, рече Виеира. Французинот кој е поранешен играч и капитен на Арсенал ќе работи во Ница со неговите сегашни соработници, Кристијан Латанзио, Кристијан Вилсон и Мет Кук.
Белгискиот фудбалер од екипата на Рома, Раџа Наинголан, може да се пресели во Интер во наредните неколку недели, објавија италијанските весници. Според дел од информациите, миланскиот тим е подготвен да плати 29 милиони евра за неговите услуги, а притоа и да го испрати младиот 18-годишен фудбалер Николо Заниоло во дресот на Рома. Двата клуба веќе постигнале договор и истиот веројатно ќе биде објавен на 1 јули. Наинголан во Интер ќе добие плата од 4,5 милиони евра по сезона.
Еден од најстандардните фудбалери во редовите на шпанскиот шампион Барселона, Серхио Бускетс, е блиску до продолжување на договорот со неговиот тим. Ова беше објавено од агентот на 29-годишниот фудбалер, Хосеп Оробит. Тековниот договор меѓу играчот од средниот ред и каталонците истекува во 2021 година. Се планира двете страни да се договорат и да го потпишат договорот до 2023 година, според кој Бускетс ќе добие дополнителни бонуси и зголемена плата. „Мислам дека наскоро ќе постигнеме договор“, изјавил агентот на Бускетс.
