Author: saso

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо е победник на ГП на Каталонија во МотоГП класата. Шпанецот  кој стартуваше од пол-позицијата на почетокот падна на третото место, но многу брзо го врати водството, а потоа не остави шанса за конкурентите да му го преземат врвот. Марк Маркез и Валентино Роси се обидуваа да го престигнат во неколку наврати, но Лоренцо успешно ги одби нападите. Маркез на крајот заврши како втор, додека Роси финишираше на 3. Место. Во генералниот пласман по оваа трка Маркез води со 115 бода, пред Роси со 88.

Read More

Дефанзивецот и капитен на репрезентацијата на Србија, Александар Коларов е сигурен дека недостигот на искуство нема да биде проблем за неговиот тим на Светското првенство 2018 година . Според него, средбата со Костарика ќе биде најважна за нив на турнирот во Русија. „Ние сме фокусирани на мечот кој доаѓа и сите мислат само на тоа. Имаме прилично млад тим, но недостигот на искуство нема да биде проблем за нас. Сите наши играчи заслужуваат да бидат тука според нивната игра и нивните лични квалитети. Претстојната средба е најважна. Уверен сум дека Костарика ќе биде поинаква отколку на пријателските натпревари. Тие стигнаа…

Read More

Поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, сепак, може да го предводи Челзи во новата сезона. Како што објавија некои италијански весници, веќе в понеделник Сари би можел д абиде и официјално преставен како наследник на Конте на „Стемфорд Бриџ“. 59-годишниот стратег наводно веќе почнал да го подготвува и својот тим со кој ќе работи во Лондон. Исто така има информација дека нов спортски директор на „сините“ ќе биде поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација  Џанфранко Зола . Сари го предводеше Наполи од 2015 до 2018 година.

Read More

Со победа од 2:1, еден од главните фаворити за мундијалскиот трофеј, селекцијата на Франција, почна во групата „Ц“ на СП во Русија. Избраниците на Дидие Дешамп, славеа на премиерата во Казан против селекцијата на Австралија, која се покажа во извонредно светло. До првиот гол чекавме дури до второто полувреме кога по асистенција на ВАР контролата, главниот судија Куња од Уругвај покажа на белата точка по прекршок врз Гризман. Голгетерот на Атлетико (М) сам ја изведе најстрогата казна и ја донесе Франција во водство од 1:0 во 58. минута. Само 4 минути подоцна, нов пенал. Сега Умтити играше со рака во…

Read More

Нестандардниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски во наредната сезона ќе настапува за хрватскиот гигант, Хајдук. 28-годишниот Ивановски, кој минатата сезона настапуваше за екипата на Славен Белупо, добива шанса да ја продолжи својата голгетерска кариера во Сплит. „Чувството е прекрасно. Пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и едвај чекам да започнат натпреварите за да можам да покажам дека ја заслужувам укажаната доверба. Знам дека во Хајдук секогаш очекувањата се големи, но такви се и моите лични очекувања, па се надевам дека сите заедно следната сезона ќе направиме добра работа“, изјави Ивановски.

Read More

Феноменалниот Кристијано Роналдо забележа еден куп рекорди уште со својот прв гол за Португалија на СП во Русија. По завршувањето на ремито со Шпанија и неговите три погодока, Роналдо се израмни со Христо Стоичков по бројот на погодоци на светските првенства, а со 6 гола успеа да го помине неговиот голем конкурент, Лионел Меси. 33-годишниот Роналдо исто така стана највозрасниот фудбалер кој реализирал хетптруик на светските првенства. Со својот прв хет-трик на Мундијалите, Кристијано Роналдо стана третиот Португалец кој реализирал барем три гола во еден натпревар на мундијалот. Легендарниот Еузебио постигна четири гола за Португалија во 1966 година во Англија,…

Read More

Дефанзивеците на репрезентацијата на Белгија, Винсент Компани и Томас Вермален го пропуштија тренингот на тимот вчера. Двајцата се уште не се опоравени од повредите и продолжуваат да се подготвуваат со индивидуална програма. Компани има проблеми со препоните, додека Вермален се уште чувствува болки на тетивата во потколеницата. Првиот натпревар на Белгијците на Мундијалот е во понеделникот против Панама, а тренерот Роберто Мартинез се уште не знае дали ќе може да смета на некој од двајцата за овој меч.

Read More

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ не сакаше да ја презема улогата на фаворит на денешниот дуел со Нигерија во рамките на 1. коло на СП во Русија. „Ние ги знаеме силните страни на Нигерија. Во моментов тие се најдобар африкански тим, имаат многу брзи фудбалери. Во овој натпревар нема фаворит. Шансите се 50 – 50, иако некои велат дека ние сме фаворити. Ние не обрнуваме внимание на тоа“, рече Модриќ.

Read More

И оваа година, Македонија останува без трофејот од Сребрената европска лига. Во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Скопје, нашите одбојкари во драматичен меч загубија од Хрватска со 3-2 во сетови (21-25, 22-25, 25-21, 25-20,15-10 ). Иако ги добивме првите два сета и се чинеше дека ќе обезбедиме уште едно финале, дозволивме Хрватска да се врати во ритам и да ги добие следните два сета за израмнување. Во петтиот решавачки сет Хрватите беа покоцентрирани и го решија мечот во своја полза. Мечот за третото место ќе се игра утре со почеток во 16 часот, додека финалниот двобој ќе започне од…

Read More

Репрезентацијата на Шпанија не успеа да ја порази репрезентацијата на Португалија во првиот натпревар од групата „Б“ на Светското првенство во Русија. На вечерашниот дуел во Сочи, Шпанија и Португалија одиграа нерешено – 3:3. Кристијано Роналдо постигна хет-трик со кој и донесе на својата репрезентација реми,откако иако Португалија двапати водеше, Шпанија направи пресврти за 3:2. За Шпанија првите два гола ги постигна Диего Коста, додека третиот беше дело на Начо. Инаку, Роналдо стана само четвртиот играч во историјата на фудбалот, кој постигнал голови на четири светски шампионати.

Read More