Голот со кој Ирвин Лозано им донесе победа на Мексиканците на вчерашниот меч со Германија предизвика такво воодушевување во Мексико Сити, што сеизмолошката станица во Мексико регистрираше мал земјотрес. Голот на Лозано предизвика таква радост кај Мексиканците, кои само со скокање во воздух предизвикаа потрес на земјата. Според сеизмолошката станица, потресот кој е регистриран не е од природно потекло, па затоа се сосема сигурни дека причината е радоста и скокањето на Мексиканците кои го прославуваа голот на Лозано.
Author: saso
Хрватите победија против Нигерија, но во репрезентацијата никако не може да престанат скандалите. Утрово хрватските медуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го избркал од репрезентацијата Никола Калиниќ, кој наводно одбил да влезе во игра во финишот на мечот со Нигерија. Според некои хрватски портали, Калиниќ е континуирано незадоволен од својот статус во репрезентацијата, па веќе подолго време не е во најдобар однос со селекторот. Друг извор, пак, вели дека точно е дека Калиниќ одбил да влезе во игра против Нигерија, но не затоа што не сакал, туку затоа што имал големи болки во грбот. Што од ова е вистина ќе…
По ремито со селекцијата на Исланд, селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, е принуден да направи ротација во првиот тим за мечот со Хрватска кој следува во четврток. Аргентинските медиуми тврдат дека од почетната постава ќе отпаднат Лукас Билја, Анхел Ди Марија и Едуардо Салвио, додека на нивно место се очекува настап на Џовани ло Келсо, Бариел Мерсадо и Кристијан Павон. Засега нема информација дали Сампаоли сепак ќе се одлучи и за некоја ротација во нападот со евентуално уфрлување на Дибала и Игуаин.
Играчот од средниот ред на германската репрезентација, Тони Крос, по вчерашниот пораз од селекцијата на Мексико, изјави дека сега влегуваат под притисок пред преостанатите два меча во групата. „Не можевме да најдеме решение против Мексико во првата половина. Во втората половина, ситуацијата беше подоба, бидејќи мексиканските фудбалери беа уморни. Имавме доволно шанси да постигнеме гол, но само им ја подарувавме топката. Сега сме под притисок“, вели Крос. Во второто коло на Мундијалот, Германија ја очекува меч со Шведска на 23 јуни.
Рожер Федерер повторно е на врвот на АТП листата. Со победата на Мерцедес Купот во Штутгарт викендов, Швајцарецот повторно се искачи на првото место на листата на најдобрите светски тенисери, преземајќи го врвот од Рафаел Надал. Иако се согласува дека ова е неговата втора фаза од славната кариера, вели дека сé уште не е подготвен да го закачи рекетот и да замине во пензија. Швајцарскиот ас ја освои својата 98-ма АТП титула, го презеде водството од долгогодишниот ривал Рафаел Надал, но вели дека прашањето за неговото пензионирање не е далеку од одговор. Федерер признава дека ќе се пензионира кога играњето…
Бразилскиот голгетер, Габриел Жезус е оптимист и покрај изненадувачкото реми на неговата репрезентација на стартот на СП во Русија. „Ние направивме се за да победиме. Всушност против нас имавме еден навистина силен противник. Мислам дека ништо нема што да менуваме или подобруваме за следниот натпревар, само треба да играме. Постигнавме гол, но ја загубивме победата. Такви грешки се случуваат. Едноставно, сега е потребно овие моменти да се минимизираат“, вели Жезус.
Екипата на Шахтјор од Доњецк денеска и официјално го потврди трансферот на Бразилецот Жуниор Мораеш од Динамо (К). 31-годишниот напаѓач во Шахтјор доаѓа од најголемиот конкурент на тимот во лигата, што веројатно ќе предизвика и негодувања кај навивачите на двата тима. Договорот на Мораеш со Шахтјор е на две години, заклучно со летото 2020 година. Минатата сезона искусниот фудбалер одигра 18 меча за Динамо постигнувајќи 5 гола.
Првиот фаворит за титулата на СП во Русија, селекцијата на Бразил отвори со реми против Швајцарија. На премиерата на „кариоките“ на ова СП, Бразил одигра само 1:1 со Швајцарците, кои се покажаа како одлично организирани и знаеја да ги искористат своите моменти на мечот. Бразил поведе со извонредниот гол на Кутињо во 20. минута, но тоа излезе дека е недоволно да ги повлече кон голот на противникот. Швајцарија замина на пауза со негатива, но на самотоотворање на вториот дел со голот на Цубер успеа да израмни на 1:1 и потоа со паметна игра да го задржи ремито до самиот крај.
Мексико го порази светскиот шампион од Бразил 2014-тата, Германија со 1:0 на стартот на СП во Русија во рамките на групата „Ф“. Мексиканците одиграа извонредно прво полувреме и со неколку шанси уште во првите 15-тина минути го најавија триумфот. Голот за радост и победа стигна во 35 минута и беше дело на голгетерот на холандски ПСВ, Ирвин Лозано. Иако во второто полувреме Мексиканците се повлекоа и им оставија многу простор за игра на Германците, актуелниот светски шампион не успеа да искористи ниту една шанса. Забележливо во тимот беше лошата игра на средниот ред и нефункционалноста на неколку играчи, како Милер,…
Шпанскиот весник Ел Паис според изборот на своите новинарки и читателки го состави тимот на 11-те најубави фудбалери кои се дел од Мундијалот во Русија. Во најтесниот избор за „тимот на најубавите во Русија“ се најдоа: Марк Андре Тер-Штеген, Матс Хумелс, Тони Крос и Марко Ројс од Германија, Сантијаго Ариас и Хамес Родригез од Колумбија, Жерар Пике (Шпанија), Лукаш Пишчек (Полска), Паоло Дибала (Аргентина) и Антоан Гризман (Франција).
