Екс-шампионот Вардар ќе се соочи со ерменски Пјуник во 1. Коло од Лигата на Европа. На денешната ждрепка во Нион, „вардарци“ го добија преставникот на Ерменија за прв ривал во новата европска сезона, која стартува на 12 јули. Работнички, пак, во 1. коло од ЛЕ ќе игра против екипата на Хонвед од Унгарија, додека најастрактивен ривал доби Шкупи, кој во Скопје ќе го очекува шкотски Глазгов Ренџерс. Првите средби се закажани на 12 јули, а реваншите на 19 јули.
Author: saso
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, денеска на мечот со С. Арабија ќе го одигра јубилејниот 100-ти меч во дресот на Уругвај. Суарез не успеа да постигне гол на премиерата со Египет, но се надева дека денеска на јубилејниот меч ќе успее да се запише и во листата на стрелците. Интересно е што дури 7 од фудбалерите кои денеска треба да бидат стартери во составот на Уругвај се постари од 31 година, што ја прави оваа репрезентација една од оние со највозрасните први постави низ историјата на Мундијалите.
Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, и официјално останува на кормилото на римјаните и во следните две сезони. Синоќа од клубот потврдија дека постигнале договор со него за продолжување на соработката. Ди Франческо во редовите на „римската волчица“ пристигна во 2017 година од редовите на Сасуоло, а со новиот потпис се обврза на договор до јуни 2020 година. Рома минатата сезона заврши на третата позиција во Серија А, а во ЛШ за малку остана без финале.
Денеска напладне во Нион, македонските фудбалски учесници во Лигата на Европа ги очекуваат своите ривали на стартот на новата сезона. Вардар и Работнички кои имаат долг стаж во европските натпреварувања се во групата на носители за првото квалификациско коло, па очекуваат и полесни ривали, за разлика од Шкупи кој ќе има еден од посилните состави како ривал во оваа прва рунда. Вардар за ривал во 1. коло ќе очекува некого од екипите на Пјуник (Ерм), Зариа Балти (Мол), Колерејн (С. Ирс), Дери С. (Ирс) или поразениот од пресметката меѓу Б36 (Ф. Ост) и Ст. Џозеф (Гиб). За Работнички можни ривали…
Италијанецот Марко Роси е назначен за нов селектор на Унгарија. Поранешниот дефанзивец на Бреша и до неодамна тренер на Хонвед ја зазема позицијата која досега ја извршуваше Белгиецот Жорж Лекенс. Лекенс беше назначен за селектор во октомври и по три порази на контролните натпревари си замина од селекторското место. Роси го донесе Хонвед до титулата во Унгарија во сезоната 2016/2017, по што се пресели да работи во словачка Дунајска Стреда. Роси има задача да ја одведе Унгарија на Европското првенство во 2020 година.
Селекторот на египетската репрезентација, Ектор Купер најверојатно ќе биде отпуштен од функцијата по завршувањето на Светското првенство, објавија најтиражните египетски весници. Египќаните останаа практично без шанси за пласман во втората фаза на СП, откако претрпеа два порази на стартот на првенството. Последниот меч на првенството со С. Арабија се чини нема да има никакво значење, доколку денеска Уругвај слави над С. Арабија во мечот од 2. коло во групата „А“.
Хрватскиот играч од средниот ред, Иван Ракитиќ, за утрешниот меч со Аргентина вели дека ќе биде посебно испириран за игра против неговиот пријател од Барселона, Меси. „Хрватска дојде на Светското првенство, за да се постигне големи работи. Аргентина е еден од најсилните тимови и ние треба да играме многу силно против нив. Му посакувам се најдобро на мојот пријател Лео Меси, но по натпреварот. Против Аргентина мора да играме 100% и целосно да се посветиме ако сакаме да победиме и да постигнеме добар резултат“, вели Ракитиќ.
УЕФА има намера да го исклучи Милан од настапите во европските купови следната сезона, поради нарушување на финансискиот фер-плеј. Веста ја пренесоа повеќе медиуми, па сега се чека официјална потврда од канцеларијата на Европската фудбалска федерација. Од УЕФА не сакаат да постигнат никаков компромис со Милан, кој не може да ги оправда мултимилионните трансфери на клубот, кои значително ги надминуваат приходите на “росонерите”. Покрај тоа, УЕФА е загрижена за сопственикот на Милан, кој има сомнителна репутација во светот на бизнисот. Од Милан велат дека доколу се случи дисквалификација, тие е се жалат од Спортскиот суд во Лозана.
Арсенал синоќа и официјално го потврди ангажманот на првиот голман на Баер Леверкузен, Бернд Лено. Веста ја потврдија од клубот, по што Лено ќе стане второто големо засилување за Арсенал во ерата на Унаи Емери. По седум години во редовите на „фармацевтите“, 26-годишниот голман реши да си замине од Бундеслигата во потрага по нов предизвик. Ако се знае дека наскоро „топчиите“ треба да го финализираат и трансферот на Лукас Тореира од Сампдорија, лондончани полека оформуваат нов, силен тим за следната премиерлигашка сезона.
Русија обезбеди осминафинале на СП откако вечерва ја реализираше и втората победа на Мундијалот. Русите како домаќини ја совладаа селекцијата на Египет со 3-1. Возбудувањата започнаа на стартот од вториот дел кога Ахмед Фати си постигна несреќен автогол и ја поведе Русија кон победата. Во продолжение Русите заиграа полетно и набрзина постигнаа уште два гола. Најпрво Денис Черишев зголеми на 2-0, а потоа Артем Ѕјуба стави точка на одличното издание со прекрасен гол за 3-0. Единствениот гол за Египет го постигна Мохамед Салах од пенал.
