Селекторот на репрезентацијата на Шведска, Јане Андерсон, изјави дека поразот од Германија е најтешкиот во неговата кариера. „Во моментов во мене преовладуваат емоциите, иако игравме добро и според нашите планови. Постигнавме убав гол, а требаше да добиеме и пенал. Веројатно ова е најтешкиот пораз во мојата кариера. Не освоивме бод во меч во кој игравме одлично. Надежта последна умира, ние ќе се бориме до последен момент“, изјавил селекторот на Швеѓаните.
Author: saso
Светската централа ФИФА, започна дисциплинска постапка против хероите на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шакири, поради начинот на кои ги прославуваа головите на средбата со Србија. Политичките пораки кои сакаа да ги упатата, според ФИФА не се својствени за спортски настан, па затоа и двајцата одат на дисциплинска. Гестот е сфатен како провокација, а какви ќе бидат казните останува да се почека.
Според проценките на британскиот весник „Мирор“, најплатен селектор на ова светско првенство во Русија е првиот човек на актуелниот светски шампион Германија, Јоаким Лев. Со годишна плата од 3,78 милиони евра, Лев е на врвот на листата на селекторите со најголема плата кои ги предводат репрезентациите на годинешниот Мундијал. Селекторите на Бразил и Франција се на делба на второто место на листата. И двајцата имаат годишна заработувачка од 3,45 милиони евра. Со плата од 2,95 милиони евра на 4. место се наоѓаше селекторот на Шпанија, Лопетеги, но тој доби отказ непосредно пред почетокот на СП. На дното на оваа листа…
Феноменалниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ кариерата во НБА лигата ја започнува како кошаркар на Далас. На синоќешниот Драфт во НБА лигата, Словенецот беше избран како трет пик на драфтот од страна на НБА франшиза во Атланта, но Маверикси стигнаа до правата за него со трејд во кој Хокси ќе го добијат плејмејкерот Треј Јанг кој беше избран како петти пик, а веројатно добиваат и една од повисоките позиции за избор следната година. Иако се зборуваше дека Дончиќ повторно ќе работи со Кокошков во Феникс Санс, сепак, „Сонцата“ од Аризона се решија како прв пик да го добијат центарот Деандре Ејтон,…
Новиот тренер на Реал (М), Хулен Лопетеги започна потрага по нови играчи кои можат да го засилат тимот во пресрет на следната сезона. Според дел од информациите достапни од медиумите, шпанскиот специјалист сака да го види како дел од својот тим играч од средниот ред на Порто, Ектор Ерера. Мексиканскиот репрезентативец би требало уште по завршувањето на СП да има средба со преставници на Реал, по што треба да се чека и клупскиот одговор од Порто. Договорот на фудбалерот со Порто е заклучно до летото 2019 година и, како што се очекуваше, Порто за него ќе бара околу 20 милиони…
Аргентинскиот дефанзивец Рамирес Фунес Мори се пресели од Евертон во шпански Виљареал. Веста беше потврдена од шпанскиот клуб. 27-годишниот Фунес Мори потпишал договор на четири години. Мори е дете на Ривер Плата. Во 2015 година се пресели од аргентинскиот шампионат во англиската Премиер лига, но минатата сезона одигра само 4 натпревари во Премиер Лигата, поради повреда на коленото.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, беше презадоволен од победата со 3:0 над Аргентина, со која неговата селекција обезбеди осминафинале на Светското првенство. Тој ги повика своите играчи да не запаѓаат во еуфорија од победата. „Многу сме среќни. Успеавме да ја победиме големата Аргентина со најдобриот играч во светот во лицето на Меси. Сепак нема причина да бидеме еуфорични. Треба да останеме смирени, уверени и со тимски дух. Никој не е посреќен од мене од оваа победа, но сега треба да се остане смирен и да останаме долу на земја“, вели Далиќ.
Селекторот на Аргентина Хорхе Сампаоли очекувано по поразот од Хрватска немаше зборови за да го објасни поразот. „Сакам да ги замолам фановите за прошка и претежно оние кои направија огромни напори и патуваа до тука, за да ја гледаат Аргентина. Јас сум одговорен за она што се случи. Верувам дека го направив најдоброто што го можев, но очигледно не најдов начин за да го остварам она што го сакам“, изјави Сампаоли.
Хрватскиот репрезентативец Ведран Чорлука дојде до јубилејниот 100-ти меч во дресот на репрезентацијата на „коцкестите“. Вчера, фудбалерот влезе на теренот на крајот од натпреварот од вториот круг од групната фаза од Светското првенство против Аргентина, во која хрватскиот тим успеа да стигне до убедлива победа од 3-0. Чорлука и на ова СП ќе биде еден од фудбалерите кои со своето искуство треба да бидат носители на оваа генерација која оди по успехот од 1998 година.
Утрово на ЕХФ Конгресот во Глазгов, Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, во име на трите федерерации, ја презентираше заедничката кандидатура за организација на Европското Првенство во женска конкуренција во 2022 година. Предлогот беше едногласно прифатен од делегатите по што официјално Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќини и организатори на големиот континенталниот собир. Ракометните Федерации на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Целје и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“ ќе организираат…
