Author: saso

Белгискиот селектор Роберто Мартинез смета дека успехот против Англија е реален одраз на настаните на теренот. Тој по мечот не го криеше задоволството што неговата селекција со максимални три победи оди во осминафиналето. „Победата е заслужена, игравме многу добро. Не можете да го планирате идеалното сценарио, видовме големи тимови кои веќе се елиминирани. Мораме да се погледнеме себеси, без разлика со кого играме. Не очекува Јапонија и ќе бидеме добро подготвени за овој натпревар“, вели Мартинез.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Алеиш Видал, најверојатно летово ќе се пресели во Италија. И покрај некои шпекулации кои велеа дека за него е сериозно заинтересиран московски Локомотив, сепак Рома е тимот кој во моментов има предност во преговорите. Италијанските медиуми тврдат дека менаџерот на Рома е на пат да го продаде Флоренци, а на негово место да го донесе Видал. Флоренци се уште го нема продолжено договорот со Рома и е на пат да си замине. Видал е надвор од комбинациите на Ернесто Валверде и поради тоа има дозвола да си бара нов клуб.

Read More
NBA

Претседател на НБА тимот, Њујорк Никс, Стив Милс, изјавил дека раководството на тимот повторно ги отвори преговорите со еден од своите најдобри кошаркари, Порзингис. „Секако дека ги разгледуваме сите опции. Не сме уплашени од фактот дека Порзингис може да побара трејд, како Каваи Леонард. Ние со генералниот менаџер Скот Пери и агентот на играчот направивме одлична работа за враќање на довербата. Сега сме постојано во контакт со Кристапс и знаеме дека тој нема против да остане во Њујорк“, изјавил Милс. Претходно беше објавено дека Порзингис не е во добри односи со претседателот Фил Џексон и ќе побара трејд во друг…

Read More

Дефанзивецот на Мексико, Хесус Гаљардо од денеска и официјално е сопственик на најбрзиот жолт картон добиен во историјата на светските првенства. 23-годишниот Гаљардо беше опоменат од судијата со жолт картон во 15-тата секунда од натпреварот со Шведска, откако со рака го удри во тилот напаѓачот на скандинавците Ола Тоивонен во еден воздушен дуел. Досегашниот најбрз жолт картон беше дело на Русинот Сергеј Горлукович кој на Мундијалот 1994, повторно на натпревар со Шведска, доби официјално предупредување во вид на картон во 54-тата секунда.

Read More

Мундијалот во Русија ќе даде нов светски шампион. Германија доживеа елиминација уште во групната фаза,откако денеска на стадионот во „Казан“, доживеа пораз од Ј. Кореја со 2:0, додека на вториот меч од ова 3. Коло, селекцијата на Шведска го торпедираше Мексико со 3:0. Германците одиграа уште еден блед меч до непрепознатливост, неможејќи да притиснат пред голот на жилавите азијци, ки на крајот во последните минути од средбата искористија две шанси и дојдоа до убедлив триумф. Првиот гол за Ј. Кореја го постигна Ким во 92 минута, додека во 90 минута Сон само ја потврди победата и елиминацијата на Германија. Во…

Read More

Милански Интер денеска и официјално го потврди трансферот на белгискиот интернационалец Раџа Наинголан. Досегашниот фудбалер на Рома и официјално стави параф на договор кој ќе биде активен до јуни 2022 година. Претходно во медиумите беше објавено дека трансферот на Наинголан ќе го чини Интер 29 милиони евра.

Read More

Досегашниот голман на Вардар, Игор Алексовски си пронајде нова средина. Тој од денеска е нов голман на екипата на Шкупи. Тој денеска со чаирчани потпиша договор со важност од две години, со можност истиот да биде продолжен за уште една година. Алексовски во својата кариера ги бранеше боите за Македонија ЃП и Вардар, а беше дел и од „златната“ репрезентација до 21 година која за првпат во нашата историја учествуваше на едно Европско првенство.

Read More

Австралија која освои само еден бод во досегашните два меча на Мундијалот, денеска ја има последната шанса за пласман во следната фаза. Избраниците на Берт ван Марвијк се изборија за реми против Данска и денес ќе се обидат со победа над Перу да ги задржат шансите за осминафинале, но само под услов, Данците да бидат поразени од Франција. Перу кој веќе ги загуби шансите за следната фаза, денеска ќе се обиде да дојде макар до бод и со стил да го заврши ова СП. „Кенгурите“ најверојатно мечот ќе го почнат само со еден напаѓач, Томи Јуриќ, кој ќе го земе…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус, и натаму притиска за купување на рускиот репрезентативец Александар Головин. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, клубот од Торино направил уште една понуда до московска ЦСКА која е во износ од 19 милони евра. Исто така, Јувентус им предоложил на Русите и дополнителни 10% од средствата кои „Старата Дама“ би ги добила од следниот трансфер на младиот напаѓач. Според руски извори, ЦСКА и натаму не сака да се согласи да го продаде Головин за сума помала од 25 милиони евра. Прашање е дали Јувентус е сепак подготвен да ја крене понудата за најмалку уште 5 милиони.

Read More

По одличните настапи на првите два меча на СП, младиот репрезентативец на Англија, Рубен Лофтус-Чик веќе стана интересен за поголемите европски тимови. Сепак, според информации од неговиот актуелен клуб Челзи, младиот играч офанзивец нема да оди на продажба. Минатата сезона Лофтус-Чик ја помина во Кристал Палас од каде и обезбеди место меѓу патниците на Мундијалот. Челзи сега е решен да му даде вистинска шанса следната сезона, но за неговото место во тимот сепак ќе решава новиот менаџер. Евертон веќе се појави како сериозен кандиат за неговиот потпис, но „карамелите“ засега немаат испратено конкретна понуда, а од Челзи се категорични дека…

Read More