Селекцијата на Сенегал стана првата африканска репрезентација на ова СП која почна со победа. Денеска на последниот меч од 1. Коло во групната фаза, Сенегалците ја совладаа Полска со 2:1. Во една мудра престава, селекторот на Сенегал Алиу Сисе, на крајот заедно со своите избраници се израдува на триумфот кој тргна со автоголот на Чионек во 37. Минута на средбата. Во вториот дел следуваше уште една катастрофална грешка на Полјаците, лошо вратена топка кон голманот Шчесни, по што Нианг успеа да украде и погоди во празната мрежа за 2:0. Полска се врати со гол во 86. минута преку Криховјак, но…
Author: saso
Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Колумбија, Карлос Санчез е вториот најбрзо исклучен фудбалер на натпревар на светските првенства. Санчез денеска заработи црвен картон по само неполни 3 минути на средбата со Јапонија, која патем неговата селекција ја загуби со 2:1. Санчез беше отстранет од игра по само 2:56 минути, откако намерно со рака го изблокира шутот на Шинџи Кагава. Најбрзиот црвен картон во историјата беше доделен на СП во Мексико во 1986 година, кога дефанзивецот на Уругвај, Хозе Батиста беше отстранет од теренот по само 54 секунди.
Селекторот на Панама Хернан Дарио Гомес изјави дека неговата репрезентација ќе направи се на ова светско првенство да остави што е можно подобар впечаток, а доколку успеат да ја минат групата, тој тоа ќе го прослави на посебен начин. „Несомнено, Белгија е фаворит на денешниот натпревар, но, во фудбалот, сè се случува, и ако имаме добар ден, може да освоиме бодови. Искрено, ќе испијам две шишиња водка ако ја минеме групата на Светското првенство 2018 година. Само се шегувам, ние сме професионалци“, изјавил Гомес. „Предноста на националниот тим на Панама е игра на дефанзива, но во исто време имаме сериозни…
Селекторот на Тунис, Набил Малул, во пресрет на денешниот дуел со Англија изјави дека очекува неговиот тим да стигне и до четврфиналето на СП во Русија. „Не можете да играте фудбал без да верувате во себе. Нормално е да имаме самодоверба пред натпреварот против Англија, иако завршивме во многу тешка група. Англија е подобра за разлика од изминатите години, а ние немаме искуство со Светското првенство. Нашата цел на Светското првенство е да одиме напред во нокаут-рундата, можеби и до четврфиналето“, изјавил Малул.
Третата понуда која Манчестер Сити ја испрати за плејмејкерот на Наполи, Жоржињо, очигледно ќе биде и клучна за реализација на трансферот. Како што објавија локалните весници од Неапол, трансферот на Жоржињо во Сити е завршена работа. Манчестер Сити се согласил за неговиот потпис да плати 53 милиони евра, плус бонуси. Првата понуда беше од 40 милиони, но беше веднаш одбиена. Потоа следуваше понуда од 47 милиони со бонуси од 6 милиони, но и таа е одбиена, за најновата од 53 милиони и бонуси од 7 милиони да биде прифатена од претседателот на наполитанците.
Италијанскиот шампион Јувентус продолжува со преговори за купување на играчот од средниот ред на ЦСКА (М) и репрезентативец на Русија, Александар Головин. Според весникот „Тутоспорт“, во наредните два дена генералниот директор на тимот од Торино, Џузепе Марота, ќе има уште еден круг преговори со првите луѓе на ЦСКА на оваа тема. Наводно, Јувентус веќе има договор со играчот, само се очекува истиот да биде потврден и со неговиот клуб. Претходно медиумите објавија дека сумата на трансферот може да стигне до 22 милиони евра, откако ЦСКА за него бара 25, а Јувентус првично понуди 15 милиони евра.
Mенаџерот на Манчестер Ј., Жозе Мурињо, инсистира ова лето во тимот да го добие својот поранешен фудбалер од екипата на Челзи, Бразилецот Вилијан. Медиумите во Англија тврдат дека Манчестер Ј. веќе и има подготвено понуда во висина од 70 милиони евра за услугите на бразилското крило. 29-годишниот Бразилец има актуелен договор со Челзи до 2020 година и малкумина веруваат дека „сините“ ќе му дозволат да си замине ова лето. Останува да се види каков ќе бид епритисокот со понудите од Мурињо, иако Челзи планира да го заджи најмалку уште една сезона во својот тим.
Македонската кошаркарска репрезентација денеска го имаше првиот собир од подготовките пред средбата со Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021. Селекторот Јорданчо Давитков откако најпрво им даде една недела дополнителен одмор на кошаркарите, денеска во СЦ „Jане Сандански“ ја направи првата прозивка на која не се појавија Дарко Соколов, Кирил Николовски и Андреј Маслинко, кои откажаа поради повреди. Според планот, нашиот национален кошаркарски тим ќе тренира во Скопје до 27 јуни кога се патува за Фрибург. Давитков за оваа средба ќе смета и на новиот натурализиран кошаркар, Американецот Шејн Витингтон, кој од денеска е со репрезентацијата.
Со 71 спортист, Македонија ќе се појави на 18. издание на Медитеранските Игри кои ќе се одржат во Тарагона, Шпанија, во периодот од 20 јуни до 1 јули 2018 година. Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Националните спортски федерации обезбедија учество на македонски спортисти во 15 спортови. Македонската олимписка селекција тргнува за Тарагона на 20 јуни 2018 година, а во Тарагона, ќе настапуваме според следниот распоред на натпревари: Карате од 23 јуни до 24 јуни Ракомет (машка репрезентција ) од 23 јуни до 01 јули Ракомет (женска репрезентација) од 23 јуни…
Некогашниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон, прогнозира дека Англија ќе стигне до полуфиналето на Светското првенство во Русија. Тој во изјава за англиските медиуми вели дека Англија не треба да се плаши да оди со формацијата 3-5-2, со која Герет Саутгејт и планира да игра во Русија. „Навистина ми се допаѓа сегашниот состав на Англија. Ако добро можат да се бранат, тие ќе имаа многуидобри контра-напади. Англија има и темпо играчи кои можат да добијат дуели еден на еден. Ако ме прашувате за прогноза, мислам дека ќе играат во полуфиналето“, смета шведскиот стратег.
