Author: saso

Убедливите плус 8 кои нашите ракометари ги обезбедија на првиот меч од баражот со Романија во Скопје се доволна гаранција дека нашата селекција треба да ја видиме на уште едно големо натпреварување. По синоќешниот дуел во Скопје, селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалез не го криеше своето задоволство од победата. „Тука го одигравме само првото полувреме од двомечот со Романија. Ние имаме осум гола разлика, но треба да знаеме дека и таму ќе биде тешко. Романија има добра екипа, имаат добар тренер и ќе се подготват подобро за реваншот. Не смееме да се опуштиме зошто ќе биде тешко“, потенцираше Раул.…

Read More

Романците како да ги загубија сите надежи за пласман на СП 2019 по синоќешниот убедлив пораз во Скопје. Селекторот на гостинската селекција, Чави Пасквал, вели дека Македонија и практично веќе е на СП. „Честитки до Македонија, тие беа многу подобри од нас, освен во почетните минути. Ова е вистинската разлика меѓу двете репрезентации. Баражот е завршен за нас. Се надевам дека ќе се поправиме на реваншот и ќе победиме, бидејќи тоа ќе биде многу важно за нас да победиме една од најдобрите репрезентации во светот“, изјави Пасквал.

Read More

Барселона е на пат да донесе уште едно ново бразилско засилување. Како што објавија каталонските изданија, фудбалерот на Гремио, Артур, е на пат за Барселона. Износот на договорот ќе биде во висина од 39 милиони евра. Младиот 21-годишен Бразилец ќе им се приклучи на каталонците ова лето, а не во јануари, како што беше објавено претходно. Одлуката веројатно е променета по заминувањето на Иниеста и отвореното место во средниот ред на Ернесто Валверде.

Read More

Ѕвездата на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, изјави дека е подготвен да игра уште на првиот натпревар за својата селекција на Мундијалот против Уругвај. 25-годишниот напаѓач на Ливерпул се опоравува од повредата на рамото, која ја доби за време на финалето на Лигата на Шампионите. „Се чувствувам добро. Очекувам да играм на натпреварот против Уругвај. Не знам до каде можеме да дојдеме на ова првенство, но добро сме подготвени и имаме големи надежи. По 28 години повторно учествуваме на светски шампионат и тоа ни дава голема самодоверба“, изјавил Салах.

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди одлична предност по првиот меч од баражот за пласман на СП 2019 против Романија во Скопје. На дуелот вечерва, избраниците на Раул Гонзалес славеа со 32-24 и сега се на пат да одиграат прилично мирен меч на гости во Клуж во среда. Македонија лошо го отвори мечот со негатива од 2-0, но потоа следуваше серија за предност од 7-2. До крајот на полувремето ја одржувавме предноста која на одмор не однесе со 15-10. Не отстапивме од нашата игра и во вториот дел, за на крајот да извојуваме посакуван триумф. Во еден дел од мечот стигнавме…

Read More

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, е победник на Трката за ГН на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал. Германецот триумфираше пред валтери Ботас и Макс Ферстапен и со оваа победа го презема водечкото место во генералниот пласман од Луис Хамилтон, кој заврши на 5. место зад Даниел Рикиардо. Фетел за Ферари ја обезбеди првата победа во Канада по 2004 година, кога на истото место триумфираше легендарниот Михаел Шумахер. Во листата на 10-те најдобри вечерва се најдоа и Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Карлос Сајнц, Естабан Окон и Шарл Леклер. За Фетел ова е втора победа во Канада, а трета оваа…

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал уште еднаш триумфирае на Грен Слем турнирот во Париз, откако во финалниот меч денеска со 3:0 во сетови го совлада Австриецот Доминик Тим. За Надал ова беше 11-тото финале на централниот терен во Париз и 11-тата победа на „Ролан Гарос“. Денешната победа беше практично 17-тата Грен Слем титула во неговата кариера.

Read More

Лестер денеска и официјално потпиша договор со дефанзивецот Џони Еванс, кој претходно играше за Вест Бромвич Албион. Според официјалната веб-страница на “лисиците”, договорот со 30-годишниот фудбалер е потпишан на три години. Клубот не ги открива финансиските детали од договорот, но според британските медиуми, Лестер ќе плати 3,5 милиони фунти за трансферот на Еванс. Минатата сезона, дефанзивецот одигра 28 натпревари во Премиер Лигата, во кои постигна два гола и направи две асистенции. Еванс исто така играше за Манчестер Јунајтед, Антверпен и Сандерленд.

Read More

Рускиот кошаркарски стратег Евгениј Пашутин стана нов тренер на италијански Канту. Веста ја потврдија од клубот, а условите од договорот не се обелоденети. Пашутин ја заврши сезоната во Автодор, кого го предводеше до петтото место во ВТБ лигата, по што ја прекина соработката со клубот. Инаку, Канту е тим во сопственост на рускиот бизнисмен Дмитриј Герасименко, кој претходно водеше и еден руски тим. Затоа и не изненадува фактот што Пашутин се сели на кормилото на италијанскиот состав, кој во регуларниот дел од сезоната во Лега А завршија на 7. место.

Read More

Ливерпул е многу близу до договор со ѕвездата на Олимпик Лион, Фекир. Тимот од „Енфилд“ ќе се обиде да издејствува потпишување на договор со Фекир до сабота, за тоа што Клоп нема намера да чека да заврши светското првенство па потоа да ги продолжи преговорите се фудбалерот. Генерално Ливерпул и Лион се договориле за цената на Фекир која веројатно ќе биде околу 60 милиони фунти. Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола засега ги демантира овие информации, но според неколку изданија Фекир може да се смета за скоро сигурен нов фудбалер на Ливерпул, бидејќи “црвените” ќе ја платата бараната сума за фудбалерот.

Read More