Author: saso

Раководството на Рома се договори за личните услови со една од младите ѕвезди на Ајакс и холандскиот фудбал Џастин Клајверт. Сега останува двата клуба да ја договорат трансферната сума за младиот играч. Според последните информации, синот на поранешниот напаѓач на Барселона Патрик Клајверт се надева дека Ајакс нема да му прави проблеми за преселба на „Олимпико“ и очекува што поскоро да се најде во составот на римјаните. Првичната понуда на Рома за Клајверт е 10 милиони евра, но Холанѓаните не сакаа ни да слушнат за предлогот, па сега Рома треба сериозно да ја зголеми сумата ако го сака младиот фудбалер…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-0 во големото НБА финале, откако славеа и на гостувањето кај Кливленд со 110-102. Меч-винер за „Воините“ беше некогашниот кошаркар на Оклахома, Кевин Дурант, кој постигна 43 поени со 13 скока и 7 асистенции. Покрај феноменалната партија на Дурант, мечот го одбележи и враќањето на Игудала, кој помина 21 минута на паркетот постигнувајќи 8 поени. Кливленд, пак, имаше предност во првото полувреме, а разликата одеше и до 10 поени. На пауза заминаа со 58-52, но потоа во третата четвртина Голден Стејт ја презема иницијативата и до крајот успеа да го сврти резултатот во своја…

Read More

Месут Озил може да го пропушти воведниот меч на Германија на СП во Русија поради мала повреда која ја заработи на последниот контролен натпревар со Австрија. Играчот од средниот ред на Арсенал се пожалил на болки во коленото и како резултат на тоа деновиве тренира сам под посебен режим. Покрај тоа, Озил има и проблеми со грбот, поради што во мај не одигра 4 меча за „топчиите“. Тој сигурно нема да се појави во германската репрезентација за мечот со Саудиска Арабија утре, а неисвесен е и неговиот настап против Мексико во 1. коло од групната фаза на СП закажан за…

Read More

Носителот на бронзен медал од ЛОИ во Сиднеј 2000, Могамед Ибрагимов, денеска донираше 8 душеци за македонските боречки клубови. Следејќи ја состојбата во македонските боречки клубови, популарниот Моги се реши да издвои дел од своите средства кои ги добива како носител на државна пензија за да донира опрема за македонските боречки клубови. На манифестацијата учествуваа дел од легендите на македонското борење, преставници на највисоките македонски државни институции и спортисти. „Изминатиот период поминав низ многу клубови во Македонија и забележав дека условите кои ги имаат се ужасни. Затоа и се решив на оваа донација. Да помогнеме малку за да се врати…

Read More

Жителите на Саудиска Арабија можеби нема да го следат светското првенство во фудбал во живо, затоа што во моментов, ниту една од ТВ-компаниите не можеше да се договори за купување на правата за прикажување на натпреварите од шампионатот. Носител на авторските права за тој дел од светот е Катар, кој има своја медиумска компанија, која ја обвини Саудиска Арабија, за обид да ги добие правата за емитување со прескокнување на носителот.

Read More

Манчестер Сити се приклучи на борбата за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ. Според информацијата на весникот „Тутоспорт“, “граѓаните” имаат веќе доставено една понуда до „Старата Дама“ за услугите на Босанецот, но Италијанците истата ја одбиле. Се претпоставува дека понудата се движи во висина од 50 милиони евра. Раководството на торинскиот клуб изрази подготвеност да разговара за продажба на Пјаниќ, но само доколку некој клуб ја плати бараната цена која се движи околу 65 милиони евра. Во исто време, клубот веќе најде замена за Пјаниќ во играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но и неговиот трансфер…

Read More

Тотенхем има намера да го купи напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Eнтони Марсијал. Според информацијата на Дејли Меил, за услугите на Марсијал, Тотенхем е подготвен да понуди сума од 60 милиони евра. Ова е голем дел од буџетот што Спарси ќе му го дадат на Почетино за нови засилувања ова лето. Сумата за нови имиња која ќе ја добие Аргентинецот е околу 100 милиони евра. 22-годишниот Марсијал дојде во Манчестер Ј. од Монако во 2015 година за сума од 38 милиони евра. Минатата сезона, Французинот одигра 30 натпревари и постигна 9 гола.

Read More

Лацио ја одбил понудата на вест Хем во висина од 33 милиони фунти за бразилскиот играч од средбиот ред, Фелипе Андерсон. Веста ја потврди новиот менаџер на „чеканите“, Мануел Пелегрини. 25-годишниот Андерсон постигна 4 гола за екипата на Лацио минатата сезона и веќе 5 години е дел од „римските орли“. За него веќе неколку сезони има континуиран интерес од англиските клубови, пред се од Манчестер Ј., Лестер и Саутемптон. Лацио не успеа да избори место во Лигата на шампионите и оваа сезона, што може да биде причина плус за Бразилецот да побара да си замине од Италија.

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија вчера ги започа подготовките за баражот со Романија за СП 2019, а селекторот Раул Гонзалез на почетокот внимателен во изјавите, потенцира дека пред нас е голема борба со прилично непознат противник. Иако Романците на клупата го имаат Чави Пасквал, кој на Раул му е добро познат од натпреварите со Барселона во Лигата на шампионите, сепак, романскиот тим и квалитет ќе останат енигма до неделниот меч во Скопје. „Имаат добар тренер и добри играчи. Некои играат во најдобрите клубови во Европа. Не е битно кој е фаворит, затоа што играчите на Романија сигурно знаат да играат ракомет,…

Read More

Шпанскиот гигант Барселона стана првиот клуб во историјата кои има свои играчи во репрезентациите од сите групи на престојното светско првенство во Русија. Имено, каталонците ќе имаат 13 свои преставници на Мундијалот, најмалку по еден во секоја од групите. група “А”: Луис Суарез (Уругвај) група “В” – Жерард Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба (Шпанија) група “Ц” – Семјуел Умтити и Усман Дембеле (Франција) група “Д” – Лионел Меси (Аргентина) Иван Ракитиќ (Хрватска) група “Е” – Филипе Кутињо и Паулињо (Бразил) група “Ф” – Марк-Андре Тер Штеген (Германија) група “Г” – Томас Вермаелен (Белгија) група “Х” – Јери Мина (Колумбија)

Read More