Author: saso

Во МЛС лигата на САД од следната сезона ќе има уште еден нов клуб. Како што официјално потврдија од фудбалската лига на САД, следната сезона нов член во елитата ќе биде и тимот на Синсинати. По разгледувањето на апликациите и Синсинати доби „зелено светло“ за приклучување во фудбалската лига на САД. Тимот од Охајо ќе почне да се натпреварува во МЛС следната сезона, а до 2021 година кога ќе биде изграден нивниот нов стадион ќе настапуваат на еден од старите објекти во градот. Само да потсетиме дека пред извесно време во МЛС беше примен и Мајами, кој е клуб на…

Read More

Рома постави цена од 90 милиони евра за својот голман Алисон. Веста доаѓа по засилениот интерес на Ливерпул и Реал (М) за голманот на италијанскиот полуфиналист во Лигата на шампионите. Бразилецот ќе игра на светското првенство во Русија, а тоа веројатно и дополнително ќе ја зголеми неговата цена. Затоа од Ливерпул и Реал (М) треба да побрзааат и да го комплетираат трансферот на фудбалерот до почетокот на Мундијалот. Реал е во потрага по нов голман кој ќе го замени Кејлор Навас, кој според многумина не е голман каков што му треба на европскиот шампион. За Ливерпул ситуацијата е уште полоша,…

Read More

ПСЖ ќе стори сé за да ја привлече во своите редови една од најголемите ѕвезди на Бока Јуниорс, Кристијан Павон. Францускиот првак е на пат да го потврди договорот на 22-годишниот аргентински репрезентативец. Најавите велат дека ПСЖ ќе мора да плати сума од 22 милиони евра за Павон, кој оваа сезона во Аргентина има 7 гола и 17 асистенции на 31 одигран меч за Бока Јуниорс.

Read More

Таткото на фудбалерот на Борусија (Д), Кристијан Пулишиќ,изјави дека неговиот син и следната сезона останува во Германија. Тој потенцирал дека нема ништо вистинито во најавата дека неговиот син ќе ја напушти Борусија. „Прво Кристијан го испратија во Тотенхем, па сега во Ливерпул. Сето тоа е глупост. Нашиот агент постојано е со нас и ние само сакаме да го направиме вистинскиот чекор за неговата кариера. Во моментов Кристијан е играч на Борусија и тој не планира да го промени клубот ова лето“, изјавил неговиот татко Марк.

Read More

Новиот фудбалски шампион на Македонија, Шкендија, веќе ги има можните ривали во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите. На ждрепката закажана на 19 јуни, тетовци ќе бидат во групата на неносители и ќе добијат за противник некој од посилните ривали. Во групата на можни противници за Шкендија има 16 тимови, меѓу кои и оние со најдобри коефициенти на УЕФА листата како: Лудогорец, Селтик, АПОЕЛ, Легија, Астана… Покрај нив, меѓу поквалитетните ривали кои Шкендија може да ги добие за противник се и Малме, Црвена Звезда и Видеотон. Финалните групи на можни ривали во ова 1. коло УЕФА ќе ги објави…

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Меди Бенатија може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец, па оттука „Старата Дама“ е во потрага по ново засилување во дефанзивната линија. Според весникот „Кориере дело Спорт“, Бенатија најверојатно ќе оди во Франција кај екипата на Олимпик (М), а на негово место во Торино се прави стратегија за доведување на Алесио Ромањоли од Милан. Како што се очекуваше, во случај „росонерите“ да бидат принудени да го продадат младиот Италијанец за да ја подобрат финансиската ситуација и состојбата со фер-плеј правилата на УЕФА, Јувентус е подготвен да ја плати бараната сума за Ромањоли.

Read More

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, изрази оптимизам дека сепак ќе може да игра на претстојното светско првенство во Русија. Египќанецот го напушти финалето во Лигата на Шампионите поради изместување на рамото по жестокиот дуел со Серхио Рамос и првичните прогнози не изгледаа воопшто добри. Сепак, 24 часа подоцна, репрезентативецот на Египет објави многу попозитивна порака на Тwitter. „Вечерта беше навистина многу тешка, но јас сум борец. И покрај сето, убеден сум дека ќе бидам во Русија и ќе ве натерам да се гордеете. Вашата љубов и поддршка ќе ми ја дадат силата која ми треба“, напиша Салах. Веднаш по поразот…

Read More

Раководството на Ливерпул повторно ќе се обиде да ја убеди екипата на Рома да им го продаде бразилскиот голман Алисон Бекер. Како што објави весникот „Телеграф“, по грешките на Кариус и слабата форма на Мињоле, Клоп е принуден да бара ново голманско решение за следната сезона. Тренерскиот персонал во тимот од Мерсисајд смета дека Алисон е идеален кандидат. Инаку минатава зима екипата на Ливерпул одби да плати 68 милиони евра за Алисон, но сега е прашање дали се подготвени да издвојат и 100 милиони евра за неговиот потпис, колку што веројатно ќе бараат Италијанците.

Read More

Сократис Папастопулос, дефанзивецот на Борусија (Д), најверојатно заминува од Германија и следната сезона ќе ја почне како фудбалер на Арсенал. Според информациите од германските медиуми, „топчиите“ од Арсенал веќе почнале со преговори за негов трансфер во Лондон. Според авторитетниот „КИкер“, лондончани понудиле 15 милиони евра за грчкиот репрезентативец, додека Борусија е подготвена да го продаде за 18 милиони евра. Договорот на Папастопулос со германскиот клуб истекува за една година. Оваа сезона, 29-годишниот грчки дефанзивец одигра 30 натпревари од германската Бундеслига, постигнувајќи два гола.

Read More

Цеск Фабрегас е мета на интерес на неколку шпански клубови кои ова лето ќе се обидат да го убедат да се врати во Ла Лига. Како што објавија неколку шпански весници, интерес за Фабрегас има од екипите на Валенсија и Виљареал, кои преку свои скаути се обидуваат да преговараат со агентот на фудбалерот. Изворите велат дека Валенсија има предност во обидите да го донесе фудбалерот за врска во својот тим, додека од Виљареал се обидуват да го убедат Цеск да се пресели кај нив со тоа што ќе му ја доверат клучната улога во екипата за следната сезона. Актуелниот договор…

Read More