Хари Кејн ќе биде капитен на Англија на Светското првенство во Русија ова лето. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, денеска го именуваше напаѓачот на Тотенхем за капитен на турнирот, откако синоќа имал средба со тимот во тренинг кампот на англискиот национален тим. Веста ја потврдија и од ФА. „Хари има некои извонредни лични квалитети. Тој е вистински професионалец и тоа е од најважните работи за да се биде капитен“, изјавил Саутгејт.
Author: saso
Манчестер Јунајтед и украински Шахтјор ги интензивираа преговорите за купопродажба на еден од најдобрите фудбалери на Украинците оваа сезона, Фред. Според весникот „Телеграф“, клубот од Доњецк ги известил Англичаните дека е подготвен да го продаде бразилскиот фудбалер, но само за износ од околу 60 милиони евра. Во зимскиот трансфер период за Фред активно беше заинтересиран Манчестер Сити, достави предлог до Шахтјор вреден 50 милиони евра, но „рударите“ го отфрлија.
Кошаркарите на Кливленд го совладаа Бостон со 111-102 и израмнија во финалната серија на Истокот на 2-2. Мечот го одбележа неверојатниот ЛеБрон Џејмс со 44 поени, а за 17 поени успеа да го мине рекордот на Карим Абдул-Џабар за најмногу поени од игра во плеј-оф натпреварите. Џејмс имаше и 5 асистенции, а шестипат ова сезона постигна повеќе од 40 поени на меч во плеј-офот, со што го изедначи рекордот на Ален Ајверсон од 2001 година. Одлична партија кај победниците имаше и Корвер кој постигна 14 поени, додека Џорџ Хил и Тристан Томпсон уфрлија по 12. Кај екипата на Бостон со…
Некогашниот тренер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини се врати во Англија, каде денеска и официјално беше преставен како нов тренер на екипата на Вест Хем. Како што објавија од клубот, Пелегрини е новиот менаџер на екипата по многуте турбуленции оваа сезона. Пелегрини беше во англиската Премиер лига од 2013 до 2016 година како предводник на „граѓаните“ со кои еднаш стана шампион и двапати го освои Лига Купот. Дејвид Мојс, кој ја заврши сезоната како тренер на „чеканите“ не доби продолжување на договорот.
Играчот од средниот ред на Рома, Раџа Наинголан сé уште е лут што не се најде на списокот на патници на селекторот на Белгија за Светското првенство во Русија. Фудбалерот вчера објави дека се откажува од репрезентацијата по одлуката на селекторот Роберто Мартинез да не го земе на Мундијалот. Тој уште еднаш изрази разочарување, велејќи дека тој е единствениот врвен фудбалер кој ќе го пропушти светското првенство, а да не е повреден. „Имаме нов рекорд за Гинис. Јас сум единствениот играч од светска класа, кој останува дома. Пред неколку дена Мартинез изјави дека сака баланс во тимот. Никогаш не сум…
Микаел Артета, кој претходно беше најавуван како еден од претенденти за функцијата главен тренер на Арсенал, наводно одбил да работи во лондонскиот тим по Арсен Венгер. Претходно во медиумите се појавија информации дека извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис, и сопственикот на контролниот пакет Стен Кронке одлучиле довербата да му ја дадат на Артета, но тој сам се повлекол од преговорите. Причината за неговото прекинување на разговорите е неговото барање сам да ги контролира трансферите, што не им одговарало на шефовите на Арсенал.
Ентони Марсиал може да ги засили Челзи или Тотенхем во летниот трансфер период. Според информација на „Ивнинг Стандард“, менаџерот на фудбалерот веќе имаал неколку разговори со преставниците и на двата тима. Според некои извори, Челзи има предност во преговорите и останува прв фаворит да го добие младиот Французин. За Марсијал интерес пројавија и Јувентус и ПСЖ, но засега нема информации за конкретни чекори со кои овие два тима би се вклучиле во наддавањето за него, ако се знае дека марсијал сигурно го напушта Манчестер Ј. ова лето. 23-годишниот француски напаѓач одигра 30 натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона, постигна 9…
19-годишниот италијански голман од екипата на Милан, Џанлуиџи Донарунума, може да направи трансфер во Ливерпул, објави Медиасет. Според изворот, Британците понудиле да платат околу 40 милиони евра, но раководството на Милан се уште инсистира на скоро двојно повисока сума. Ако се знае дека младиот голман инсистира да си замине, прашање е колку Милан ќе успее да извлече од неговата продажба. Ливерпул и натаму останува отворен за разговори, но за Донарума има редица интересенти кои веројатно ќе одат и со повисоки понуди.
Играчот од средниот ред на Арсенал, Санти Касола се збогуваше со навивачите на лондоснкиот клуб по социјалните мрежи. 33-годишниот Шпанец ги напушта “топчиите” по шест сезони минати во тимот. „Тажно е што си заминам по толку одлични години. Секогаш ќе се сеќавам моментите со дресот на Арсенал. Вие, навивачите, секогаш ме поддржувавте и ќе ми недостигате. Ви благодарам за сè“, напиша Касорла на Твитер. Се очекува играчот од средниот ред да се врати во својот претходен тим Виљареал.
Работнички во Лигата на Европа, Победа во плеј-оф меч за опстанок. Вака изгледа епилогот по мечевите од последното 36 коло во домашното првенство. „Романтичарите“ со 3:2 го победија Скопје и со трите освоени бода го задржаа третото место на табелата. Скопје со овој пораз заминува во Втората лига, додека Победа која ја победи Ренова со 1:0 се избори за бараж. Шкупи убедливо со 4:1 го совлада анемичниот Вардар, па сега чаирчани ќе се надеваат дека Шкендија ќе го освои Купот на Македонија, за да може Шкупи да заиграат во Лигата на Европа. Резултати од последното коло: Шкупи – Вардар 4:1,…
