Српскиот судија Милорад Мажиќ, ќе биде човекот кој ќе ја има задачата да го суди финалниот меч од Лигата на шампионите меѓу екипите на Реал (М) и Ливерпул закажан за 26 мај во Киев. Комисијата за судии на УЕФА денеска објави дека српскиот арбитар ја добива задачата да го одсуди ова големо финале на Олимпискиот стадион во Киев, додека Бјорн Кујперс од Холандија, кој беше исто така фаворит за финалето од ЛШ ја добива задачата да ја дели правдата на финалето од Лигата на Европа меѓу Атлетико (М) и Олимпик (М) во Лион. Мажиќ (45) е интернационален судија од 2009…
Author: saso
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и натаму ќе остане во болница на одделението за интензивна нега во една од клиниките во Манчестер, објавија утрово англиските медиуми. Тој беше итно опериран во саботата поради излив во мозокот, но засега нема дополнителни информации за неговата состојба. Информациите од семејството велат дека операцијата минала добро, но Ферги ќе мора да остане во болница подолг период до закрепнување. 76-годишниот шкотски стратег во мај 2013 година ја заврши својата тренерска кариера по 26 години поминати на клупата на Јунајтед каде освои 38 трофеи.
Ливерпул е сериозно заинтересиран за ангажман на младиот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле. Самиот Клоп признал дека Дембеле е една од неговите опции за засилување ова лето. Играчот беше купен од каталонците за 100 милиони евра од Борусија Дортмунд, но генерално неговото претставување во тимот е најблаго речено незадоволително. Барселона размислува за негова продажба во текот на летото, но се очекуваат конкретни разговори со заинтересираните страни. „Дембеле ако е на продажба, јас сум заинтересиран за него“, потврдил Клоп.
Германскиот репрезентативец Сами Кедира ова лето најверојатно си оди од Јувентус. Според информација на германски „Билд“, Кедира најверојатно ќе се пресели во англиската Премиер лига. Медиумите веќе извесно време неговото име го поврзуваат со екипите на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи, но засега не се отпочнати преговори. Кедира не крие дека сака да замине во тим кој ќе му овозможи нов предизвик. „Мојот договор истекува за една година, и размислувам за иднината, бидејќи сè е можно. Ми се допаѓа во Торино, но сакам нови предизвици. Би сакал да освојам што повеќе титули. Од најдобрите првенства ми недостига Англија. Во Шпанија,…
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, по вчерашното „Ел Класико“ и ремито со Реал од 2:2 изјави дека дуелот поминал со многу спорни моменти и истакна дека очигледно на фудбалот му треба видео-контрола за точни судиски одлуки. „Имаше многу спорни моменти на натпреварот и беше потребно да се видат видео снимките за да се има појасна позиција. Исклучувањето на Роберто беше чудно. Изненаден сум дека тој го удри во лицето. Треба да ја видам снимката уште еднаш. Ваквите натпревари секогаш носат притисок и напнатост. Тоа се чувствуваше од првата минута. Сакавме да го победиме големиот ривал. Среќен сум од играта и…
Голден Стејт и Хјустон дојдоа на само една победа до пласман во конференциските финалиња во НБА плеј-офот. Голден Стејт со победа на гости кај Њу Орлеанс од 118:92 дојде до предност од 3-1 во меѓусебни пресметки со Пеликанс и веќе на следниот меч во Оукланд може да ја заврши неизвесноста околу местото во финалето на Западот. За разлика од претходниот дуел кој беше целосно под доминација на Пеликанс, сега момците од Калифорнија беа оние кои не оставија простор за противникот. Ентони Дејвис го заврши мечот со 26 поени, додека кај Голден Стејт доминираше двоецот Дјурант-Кари. Дјурант реализираше 38, додека Кари…
Хокеарите на Лас Вегас Голден Најтс кои годинава ја играат својата дебитантска сезона во НХЛ лигата успеаја да се пласираат во финалето на Западната конференција, откако во шестиот натпревар со Сан Хозе славеа со 3:0 на гости. На овој начин “златните витези” ја освоија серијата со 4-2 во победи и стана само третиот дебитант, кој успеал да елиминира два тима во плеј-офот во својата прва сезона. Претходно тоа им успеа на Торонто во 1918 година и Сент Луис во 1968 година.
Новиот тренер на екипата на Глазгов Ренџерс за следната сезона, Стивен Џерард, планира да ангажира еден од младите фудбалери на „црвените“ во дресот на својот нов клуб следната сезона. Како што објваија англиските весници, Џерард ќе се обиде заедно со себе во Глазгов да го однесе и младиот напаѓач на Ливерпул, Доминик Соланке, кој годинава не се наигра во дресот на финалистот во Лигата на шампионите. Соланке оваа година се појави на 20 меча за Ливерпул, реализирајќи само една асистенција. Џерард исто така ќе се обиде ова лето во Глазгов да го донесе и екс-дефанзивецот на Ливерпул, сега фудбалер на…
Екипата на Салцбург ја освои и петтата последователна титула во Австрија. Тимот победи против Штурм со 4:1 и веќе има недостижна предност од 14 бода на три кола пред крајот на шампионатот. Салцбург беше елиминиран од Олимпик Марсеј во полуфиналето во Лигата на Европа пред неколку дена, но успеа да ја задржи концентрација за домашното првенство и да го обезбеди трофејот. Откако Ред Бул е спонзор на клубот од 2005 година, во последните 12 сезони, тимот има 9 титули.
Сите информации велат дека и оваа година Битола ќе биде домаќин на завршницата на националниот ракометен куп. РФМ се уште официјално нема потврдено каде ќе се одржу завршниот турнир од купот, но втора година по ред по се изгледа најдобрите ракометни тимови во машка конкуренција ќе бидат во спортската сала „Младост“ во Битола. Минатата година РК Еурофарм Работник беше коорганизатор и успеа да стигне до финалето, а годинава се предвидува дека РФМ ќе биде организатор на турнирот на кој ќе играат две скопски и две битолски екипи. Засега е познато дека на 18 и 19 мај за кога е предвидена…
