Author: saso

Раководството на Арсенал направи нова и подобрена понуда за нов договор за играчот од средниот ред, Џек Вилшер. Англичанецот има договор до крајот на сезоната и по враќањето во добра форма, тимот сака да го задржи, но проблемот е што многу други клубови го сакаат во своите редови. Само пред неколку недели, клубот му понудил долгорочен договор на играчот, но со намалена плата, по што истиот беше одбиен. Сега на маса е нов договор за кој треба дополнително да се разговара.

Read More

Манчестер Јунајтед доби одлични вести откако стана јасно дека најдобриот стрелец Ромелу Лукаку ќе биде подготвен за финалето на ФА Купот против Челзи. Натпреварот меѓу двата тима ќе се одигра на 19 мај, и ова ќе биде одлична шанса за двата тима да ја прослават сезоната со трофеј. Белгијанецот беше повреден за време на натпреварот со Арсенал, кој заврши со победа од 2-1 за неговиот тим.

Read More

Фудбалскиот менаџер на шкотски Глазгов Ренџерс, Греам Мерти, поднесе оставка. 43-годишниот стратег го напушти клубот на три кола пред крајот на сезоната и само два дена по поразот со 5:0 од вечниот ривал Селтик. Асистентите Џими Никол и Џонатан Јохансон ќе го подготват тимот за преостанатите натпревари од Премиер лигата против Килмарнок, Абердин и Хиберниан, а Ренџерс, ќе се обиде да ја задржи позицијата во Топ 3, за да обезбеди виза за Лигата на Европа. Раководството на клубот е во напредни преговори со поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, кој се очекува да преземе тимот од летото.

Read More

Вуко Борозан e единствениот „вардарец“ кој се најде во изборот на „идеалните 7“ од реванш средбите во четврфиналето на ЛШ. Тој вчера беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“ со шест погодоци и заслужено се најде помеѓу најдобрите седум играчи. Покрај него во изборот на ЕХФ се најдоа и левото крило Доминик Клајн (Нант), средниот бек Миха Зарабец (Кил), десниот бек Недим Ремили (ПСЖ), десното крило Никлас Екберг (Кил), пикерот Јеспер Нилсен (ПСЖ) и голанот на Монтпејле, Винсент Жерард.

Read More

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, со вчерашната победа на турнирот во Барселона стигна до бројата од 77 тутули во кариерата. Со ова остварување тој успеа да се израмни по бројот на освоени трофеи со легендарниот Џон Мекинро. Двајцата го делат четвртото место во бројот на титули во сингл. И тамау недостижен на врвот на листата е Џими Конорс – 109 наслови. На второ место се наоѓа Роже Федерер (97), а трет е Иван Лендл (94). Надал победи на турнирот во Барселона по 11-ти пат.

Read More

Холандскиот ветеран во екипата на Баерн (М), Аријен Робен, нема да биде дел од баварскиот тим за реванш мечот со Реал (М) утре во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој се повреди на стартот на првиот меч и не е во состојба да се врати на теренот во толку краток период. Денес стана познато дека 34-годишниот Холанѓанец нема да има време да се врати рехабилитиран за реваншот затоа што има повреда на бутот. Поради повреда Баерн веројатно ќе остане и без услугите на Џером Боатенг. Робен сигурно нема да патува за Шпанија.

Read More

Откако ги заврши годинешните настапи со Оклахома Сити Тандер по елиминацијата уште во првиот круг од плеј-офот, Кармело Ентони веќе размислува за следната сезона. Иако многумина прогнозираа дека тој ќе замине во пензија, Ентони пред новинарите потенцира дека сака да го продолжи договорот со клубот на најмалку уште една сезона. На крајот на сезоната, Кармело може да ја искористи можноста и да го продолжи договорот со Оклахома и за следната сезона за сума од 28 милиони долари, а во спротивно може да стане и слободен агент. 33-годишниот кошаркар ја заврши сезоната со просек од 11,8 поени по меч и 5,8…

Read More

Навивачите на РК Вардар се „навивачи на неделата“ според Европската ракометна федерација (ЕХФ). Таа реши да им го додели признанието „фанови на неделата“ токму на нашите навивачи кои создадоа фантастична атмосфера на вчерашниот реванш меч од четврфиналето на ЛШ. Вардар на крилата на своите фанови иако поразен во Скопје од Кил, сепак, успеа да го обезбеди своето место на финалниот турнир во Келн каде ќе патуваат уште три француски екипи: ПСЖ, Нант и Мотпелје.

Read More

Борбата за „Златната копачка“ повторно стана жестока. Со синоќешниот хет-трик на Меси против Депортиво Ла Коруња, аргентинската суперѕвезда успеа да ја преземе водечката позиција на голгетерската листа. Меси веќе има 32 гола во првенството на Шпанија и успеа да го претекне за еден гол голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој остана без реализиран погодок на саботниот дуел со Стоук. Салах и натаму е сериозен конкурент за Златната копачка, но Египќанецот има само уште два натпревари до крајот на сезоната, за разлика од Меси кој ќе одигра уште 4 меча. Третото место на листата моментално го има Чиро Имобиле од Лацио…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, потенцираше дека очекува тежок реванш со Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на Шампионите утре, и покрај победата од 2:1 на “Алијанц Арената”. Баварскиот гигант се наоѓа во серија од шест последователни порази против Реал, земајќи ги предвид и победата на Реал со 4:2 по продолженија минатата сезона. „Баерн нема комплекс од Реал. Јас барам од сите мои играчи да одиграат голем натпревар. Навивачите мора да бидат зад нас од првата до последната минута и да не поддржат како никогаш досега. За да се пласираме во финалето, треба да сме добри во сите аспекти.…

Read More