Поранешниот тренер на Баерн (М), Карло Анчелоти би можел да се пресели во Русија и да седне на една од клупите на најсилните руски прволигашки тимови. Руските медиуми денеска шпекулираат дека Анчелоти имал сериозни разговори со менаџерските тимови на два руски тима – Локомотив и Зенит. Особен интерес за Италијанецот има претседателот на Локомотив, Илија Херкус, кој и јавно изрази подготвеност на крајот на оваа сезона да започне преговори со италијанскиот специјалист. Меѓутоа, Анчелоти исто така може да биде во ситуација да го наследи својот сонародник Манчини во Зњенит. Манчини би можел да стане селектор на Италија, а Анчелоти да…
Author: saso
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, може да добие тешка казна поради агресивното однесување за време на натпреварот со Арсенал (1:1) од полуфиналето во Лига Европа. УЕФА започна истрага за случајот, а весникот “AS” прогнозира дека има веројатност Аргентинецот да биде казнет да со суспензија од 5 натпревари, а не 3, како се претпоставуваше. Според изданието, Симеоне ќе биде дисквалификуван на 3 натпревари поради навреди упатени кон судијата, но можно е во казната му да бидат додадени уште 2 средби поради тоа што одржувал контакт со луѓето од штабот, откако веќе беше избркан од Судија. Конечната одлука за санкцијата на…
Левото крило на ЖРК Вардар, Полина Кузнецова, следната сезона ќе игра повторно во Русија. Последните информации велат дека таа следната сезона ќе го облече дресот на Ростов Дон, тимот што е противник на „вардарки“ на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кузнецова дојде во Вардар лани и игра одлична сезона, но крајот на проектот ја принуди да се врати во родната земја. Во Ростов, Кузнецова ќе игра со нејзината сестра Ана Вјахирева. Левото крило потекнува од АКВА Волгоград, а настапуваше во Русија и за Краснодар.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, користел неовластените производи пред полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, објави весникот „Билд“. Според веста, станува збор за ароматичен тутун што се наоѓал меѓу забите на фудбалерот. Дел од никотинот, кој е 3 пати посилен од една цигара, веднаш влегува во телото. Супстанцијата е забранета во многу земји, а во последно време активно е истражувана и од антидопинг организациите. Од една страна, тоа помага да се прекине со пушењето, а од друга страна, има тоничен ефект врз телото.
Севиља синоќа беше поразен ана гостувањето кај Леванте со што ситуацијата на кормилото на тимот станува уште посложена. Актуелниот предводник на тимот, Винченцо Монтела, се уште не знае каква е неговата иднина на кормилото на шпанскиот тим, особено по неколкуте разочарувачки настапи. „Тоа не е прашање што треба да го упатите кон клубот. Јас сум тренер на Севиља, ја работам мојата должност со ентузијазам, професионализам и концентрација. Мислам дека можевме подобро да ја завршиме сезоната, но мојата иднина не ја решавам јас“, рече Монтела. Претседателот на Севиља, Хозе Кастро, рече дека единственото нешто што тој го знае сега е дека…
Актуелниот тренер на екипата на Рома, Еузебио Ди Франческо, потврди дека има доста проблеми со повредените фудбалери во пресрет на реваншот со Ливерпул следната недела во полуфиналето од ЛШ. Диего Пероти сигурно нема да се појави на реваншот во среда, а неизвесен ќе биде и настапот на Холанѓаецот, Кевин Стротман. И двајцата ќе бидат под посебен надзор во наредните неколку дена.
Баерн (М) нема да смета на услугите на Џером Боатенг до крајот на сезоната, откако дефанзивецот доживеа потешка повреда на вчерашното полуфинале од ЛШ против Реал (М). Боатенг има повреда на бутниот мускул поради што ќе мора да паузира и до крајот на сезоната. Она што е неизвесно е и неговиот настап на престојното светско првенство. Лекарите се уште не можат да кажат дали повредата ќе му дозволи навремено враќање на терените и дали воопшто ќе конкурира за настап на Мундијалот.
Фудбалерот од средниот ред на екипата на Ливерпул, Мохамед Салах, нема да го напушти „Енфилд Роуд“ во летниот трансфер период. Како што се шпекулира во јавноста, за услугите на Салах се заинтересирани првите луѓе на Реал (М), но од Ливерпул не сакаат да слушнат за разделба со него. Во моментов се зборува дека цената на Салах е околу 200 милиони фунти, а „кралскиот клуб“ веќе контактирал со Ливерпул во врска со можниот трансфер. Но „црвените“уште еднаш јасно ставиле до знаење дека нема да се разделат со Египќанецот. Салах е клучна фигура во плановите на тренерот на тимот Јирген Клоп за…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, смета дека баварците не покажале доволно рационалност и ладнокрвност за време на синоќешниот прв полуфинален меч од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. „Бевме малку наивни. Постигнавме гол, направивме уште шанси, но им дозволивме да израмнат непосредно пред одморот, а брзо по почетокот на второто полувреме веќе беше 1:2. Дозволивме голови по наши грешки кои не можеме да си ги дозволиме. Во второто полувреме се случуваше нешто чудно, топката не сакаше да влезе во голот на противникот. Не можеме да бидеме задоволни од ваквата игра. Видовме како Реал ги користи своите шанси. Треба да…
Дефанзивецот на европскиот шампион Реал Мадрид, Марсело, го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите со златни букви. Со својот гол во победата над Баерн Минхен синоќа, Бразилецот стана најуспешниот одбрандбен играч во нокаут фазата на натпреварувањето. Имено, Марсело веќе има седум гола зад своето име, надминувајќи го досегашното постигнување на својот соиграч и капитен на Реал (М), Серхио Рамос. Во текот на оваа сезона Марсело постигна гол во сите елиминациски фази од Лигата на Шампионите – против ПСЖ, Јувентус и сега против Баерн.
