Тимот на Гвадалахара по вторпат во својата клупска историја успеа да ја освои фудбалската лига на шампионите од КОНКАКАФ зоната. Мексиканците триумфираа по подобро изведување на пенали со 4:2 во финалето против канадски Торонто. Гвадалахара имаше предност од 2:1 по првиот натпревар како гостин, а во вториот дуел на свој терен поведе со погодокот на Орбелин Пинеда уште во 19-тата минута, но до паузата гостите постигнаа два гола преку Алтидор и поранешниот напаѓач на Јувентусм Себастијан Џовинко и израмнија. Потоа дојде до изведување на пенали, каде што Осорио и Мајкл Бредли промашија заТоронто и Гвадалахара заслужено дојде до трофејот за…
Author: saso
Со тројката во последната секунда на синќешниот меч против Индијана, Леброн Џејмс не само што им донесе вредна победа на Кавс во битката за место во вториот круг од плеј-офот, туку влезе и вцо историјата на НБА лигата минувајќи едно досегашно постигнување на легендарниот Мајкл Џордан. Имено, ова беше четвртата ситуација во која Леброн со шут во последните секунди решава победник во плеј-офот во НБА лигата. Досега рекордот го држеше Џордан со три погодоци во последните секунди на плеј-оф средбите.
Менаџментот на Атланта Хокс и досегашниот тренер на тимот Мајк Буденхолцер се согласиле за прекин на соработката. Претходно, Атланта му даде дозвола на Буденхолцер да преговара со други тимови, па наскоро се очекува тој да прземе некој од екипите на Феникс или Њујорк Никс. Мајк ја предводеше Атланта од 2013, откако претходно 17 години беше асистент на тренерот на Сан Антонио. Под негово водство, клубот во сезоната 2014/15 реализираше 60 победи во регуларната сезона и стигна до финалето од плеј-офот на Источната конференција.
Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, по укинувањето на тркачката серија ЕТСС во која што се натпреваруваше минатите две сезони, денес објави дека тргнува во нов поход, овој пат преку TCR европската серија. Стафановски за таа цел доби и нов автомобил „ Hyundai i30 TCR“. На денешната прес-конференција, Иџе зборуваше за очекувањата и новиот предизвик. „Оваа сезона ќе се натпреваруваме на најсилното натпреварување во Европа. TCR шампионатот. Со новиот автомобил кој ги има перформансите за пехар, ќе дадам се од себе со мојот тим уште неколку пати да го развиеме македонското знаме на патеките. Ова ќе биде исклучително силен…
Ракометарките на ЖРК Вардар веќе ја одбранија титулата во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига, а денеска и утре во Подгорица треба само формално да ја завршатр работата на последните два меча од последниот турнир. Таму нашите девојки ќе ги добијат и медалите за освоеното прво место. „Вардарки“ имаат само едно реми сезонава во регионалната лига, и седум победи. По осум одиграни натпревари Вардар е прв на табелата со 15 бода, пред Будуќност со 8 и Крим со 4 бодови. Денеска од 19 часот во СЦ „Верде“ нашиот првак игра дерби со Будуќност, денеска утре се среќава и со екипата на…
Меѓу сите репрезентации учеснички на светското фудбалско првенство ова лето, први во Русија ќе пристигнат Иранците. Фудбалската експедиција на Иран прва ќе дојде во Русија во пресрет на Мундијалот и тоа веќе на 5 јуни. Како што објави вицепремиерот на Русија задолжен за спортот и организацијата на светското првенство, Витали Мутко, Иран ќе пристигне на 5 јуни во Москва по што ќе замине во својот тренинг камп да се подготвува за стартот на првенството. Селекторот на Иран, Португалецот Карлос Кеироз, ќе работи со Иранците во еден камп на периферијата на Москва. За Иран првиот меч на СП е на 15…
Италијанската тренерска легенда Карло Анчелоти најверојатно ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија. Веста ја пренесоа неколку угледни италијански медиуми, повикувајќи се на извор од Италијанската фудбалска федерација. Италијанската фудбалска федерација му доставила специјален предлог на Анчелоти за да го преземе раководењето со националниот тим. Анчелоти е познат по својата работа во Милан, ПСЖ и Реал Мадрид, но исто така и неговиот последен ангажман како тренер на Баерн (М). Претходно беше објавено дека главниот кандидат за функцијата селектор е сегашниот тренер на Зенит, Роберто Манчини .
Ливерпул вечерва е домаќин на Рома во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Двата тима дојдоа во оваа фаза како мало изненадување, со оглед на тоа што Рома успеа да направи сензација со елиминацијата на Барселона, а Ливерпул го стопираше најдобриот тим во Англија оваа сезона, Манчестер Сити. Дуелот на Енфилд е реприза на финалето на Купот на европските шампиони од 1984 година, кога англискиот тим ги порази Римјаните по подобро изведување пенали. 34 години подоцна, Рома ќе се обиде да се одмазди за овој пораз. На хартија, Ливерпул е фаворит во првиот натпревар, како и воопшто во…
Дефанзивецот на италијанскиот шампион Јувентус, Џорџо Киелини, има скинат мускул на десниот бут и повреда на коленото, поради кои не ќе може да се врати во скоро време на фудбалските терени. Според информациите од Италија, фудбалерот вчера бил на лекарски прегледи и не се знае кога точно ќе може да се врати во тимот. Тој сигурно го пропушта саботното гостување на големиот ривал Интер. Оваа сезона Киелини одигра 38 натпревари во сите натпреварувања во кои има 2 асистенции, но не е исклучено да остане надвор од терените до крајот на сезоната.
Четирикратниот светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон ги прекина шпекулациите околу потпишувањето на нов договор со Мерцедес. Во интервју тој изјавил дека сака да продолжи со тимот за уште поголем успех во следните години од неговата кариера. „Мојата надеж е дека ќе продолжиме да растеме, напредуваме и секогаш да одиме се погоре. Сакам да бидам дел од ова патување, каде што Мерцедес станува најголем тим во историјата на Формула 1“, изјавил Британецот.
