Поранешниот француски репрезентативец Андре-Пјер Жињак може да се врати во Лига 1 и да го засили Монако, пишува „Франс фудбал“.
Во моментов, 32-годишниот напаѓач игра за мексиканскиот тим Тигрес. Тој постигна два гола во првите два натпревари од сезоната.
Интересот на Монако за Жињак е поврзан со евентуално заминување на Радамел Фалкао. Капитенот на Монако има неколку опции пред него. Тој е многу баран од Милан.
„Росонерите“ беа подготвени да направат размена со Фалко и Андре Силва, но договорот на крајот не успеа. „Ел Тигре“ може да оди и во Кина, каде што исто така доби и добра понуда.