Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Љубомир Спасиќ со 5-то место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 по финалето во Ланголен ​(Велс)
    Домашен микс

    Љубомир Спасиќ со 5-то место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 по финалето во Ланголен ​(Велс)

    risteBy riste22/11/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот репрезентативец во кајакарски спуст Љубомир Спасиќ забележа уште еден значаен меѓународен успех на финалето од Европските купови што се одржа на реката Ди во Ланголен, Велс, потврдувајќи го континуитетот на врвни пласмани во сениорска конкуренција. ​
    Во саботните спринт-трки, Љубомир Спасиќ по првото возење го зазеде 6-тото место, а по завршувањето на второто возење финалето од Европскиот куп го заврши на 7-мото место. Со освоените бодови од финалниот натпревар, Спасиќ ја заокружи сезоната на 5-тото место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 година, во силна конкуренција од дури 257 натпреварувачи. ​

    Успешниот настап на Љубомир Спасиќ во Велс беше надополнет и со освоеното 2-ро место во тимскиот настап, каде што настапи во мешан состав заедно со натпреварувачи од Србија. Дополнително, на денешните класични трки Спасиќ се пласираше на 8-мото место, со што уште еднаш се потврдува дека македонскиот спуст константно има резултати и пласмани во најдобрите топ 10 кајакари на европски и светски натпреварувања.

    ​„Задоволен сум од континуитетот во текот на целата сезона и од начинот на кој го заокруживме настапот во Ланголен. Да се биде петти во генерален пласман од 257 натпреварувачи и постојано да се држи чекор со најдобрите десет во Европа и светот е голема мотивација за понатаму. Посебно ме радува и тимскиот подиум, како и успехот на помладите сили“, изјави Љубомир Спасиќ. ​

    Покрај одличните резултати на Љубомир Спасиќ во сениорска конкуренција, голем успех за македонскиот кајак во Ланголен оствари и Благој Гугинов, кој е победник во генералниот пласман на Европските купови во јуниорска конкуренција. ​Следниот голем предизвик за Љубомир Спасиќ се натпреварите во Кина, кои ќе се одржат во периодот од 14 до 21 декември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Чаирчанки го добија противникот за новата рунда во Европскиот Куп

    19/11/2026

    Недев ќе биде дел од светската елита на собирот во Варшава

    19/11/2026

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алкалоид убедлив против Горење, девет гола предност за реваншот во Словенија!
    • Охрид продолжува со европската бајка: „Гладијаторите“ повторно меѓу најдобрите 16 во Европскиот куп!
    • Љубомир Спасиќ со 5-то место во генералниот пласман на Европските купови за 2026 по финалето во Ланголен ​(Велс)
    • Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за ЕХФ ЕУРО 2026 !
    • Верстапен триумфираше во Лас Вегас, Пјастри од 17. место до подиум!
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.