Емерик Лапорте кој не беше повикан од селекторот на фудбалерите на Франција за годинашниов Мундијал во Русија, се надева дека ќе добие повик од селекторот на „црвената фурија“ бидејќи има и шпански пасош. Според информациите кои доаѓаат од земјата на „Галските петли“ Лапорте е подготвен да го промени националниот дрес и да настапи за селекцијата од Пиринеите. Тој е роден во Франција но поголемиот дел живот го помина во Баскија и кариерата ја изгради во Атлетик Билбао и има и шпанско државјанство. Предводникот на Шпанија, Лопетеги, конечниот список за Мундијалот ќе го соопшти в понеделник.
Author: dino
Трката во Формула 1 реализирана на патеката во Шпанија ќе остане во лошо сеќавање на луѓето од Ферари. Нивните болиди ја немаа потребната брзина, гумите на Пирели не одговорија на условите на патеката а Кими Раиконен не успеа да ја помине целта бидејќи имаше проблеми со моторот. Запрашан дали е изненаден од враќањето на Мерцедес на победничките патеки, Раиконен одговори. „Тие беа многу блиску до нас, мислам дека среќата ги следеше во Барселона. Можеби беа подобри поради патеката или во прашање е нешто друго, ќе видиме понатаму“ – изјави Раинокен.
Кевин Дурант беше најдобар играч на Голден Стејт на теренот на Хјустон во разигрувањето за титулата во кошаркарската НБА лига. Сепак неговата добра партија не беше доволна да се избегне поразот од 127 спрема 105 по што Хјустон дојде до изедначување во победи на 1-1. „Ние не сме непобедливи. Да, ние сме добар тим, но, и друга страна има одлични кошаркари. Шармот на играта е во тоа. Убавина. Понекогаш победувате. Понекогаш добивате удар во лицето. Целата убавина е како ќе реагирате на ударот “, рече Дурант по мечот со Хјустон. Наредните два натпревара од финалето на Западната конференција ќе се…
Во пресрет на финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, островски медиуми излегоа со интересна статија околу односот на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп и спортскиот директор, Мајкл Едвардс. Според наведенот, тие максимално се респектираат и најчесто додека појадуваат или ручаат заедно, ги разгледуваат детално сите фудбалери. Додека Едвардс ги преферира активностите што му овозможуваат да се движи на трансфер-пазарот, Клоп никогаш не се меша во трансферната политика. Затоа Мајк Гордон вели дека блискоста меѓу спортскиот директор и Клоп е главното оружје за сегашниот успех на клубот.
Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски, со победа го започна настапот на фјучерсот во Добој (БИХ) кој се реализира за награден фонд од 15.000 американски долари. Тој во првото коло славеше против Ден Пропоџа од Австралија со убедливи 2 спрема 0 по сетови 6-3 и 6-0. Во меч кој траеше околу 50 минути, Јотовски имаше одличен процент на прв сервис – 29/41 (71.00 %). Македонецот имаше и одличен процент на освоени поени по прв сервис или 79 проценти.
Кошаркарите на Бостон Селтик го совладаа Кливленд во текот на ноќ со 107 спрема 94 и поведоа со 2-0 во финалето на Источната конференција во НБА лигата. Домаќините иако лошо го отворија мечот, максимално го искористија периодот кога се повреди главната ѕвезда на противникот Леброн Џејмс и направија недостижна предност. Во победничкиот состав лидер кај поентерите беше Браун со 23 поени пред Роуз кој постигна 18. Во редовите на гостите, Леброн Џејмс, дојде до 22. „трипл-дабл“ во плеј-оф кариерата. „Кралот“ постигна 42 поени, 12 асистенции и 10 скока. По двата меча во салата на Бостон, сега серијата ќе се пресели во…
Нашиот фудбалски стратег, Чеде Јаневски, има реална шанса да седне на кормилото на бугарскиот тим ЦСКА Софија, објавија медиумите кај нашиот источен сосед. „Доколку в петок се финализираат деталите, Јаневски уште веднаш, пред крајот на сезоната, ќе го преземе кормилото на ЦСКА Софија“ – пишува – „Меридијан меч“. Бугарскиот состав кој го освои второто место во домашното првенство во текот на летото ќе настапи во квалификациите за Лигата на Европа. Ќе потсетиме дека Јаневски кој неодaмна си замина од Вардар, претходно ги водеше белгиските состави Бриж, Монс, Мускрон и Беверен.
Легендарниот чешки хокеар, Јаромир Јагер, кој е косопственик и претседател на тимот на Кладно, изјави дека ќе игра и во наредната година за неговиот состав. 46-годишниот напаѓач ја започна сезоната во Националната хокеарска лига на САД и Канада во тимот на Калгари, но, по само 1 гол и 6 асистенции во 22 натпревари, заработи повреда на коленото во јануари и мораше да се врати во татковината. Јагер поради повредата не успеа да одигра ниту еден меч за Калдно, но, изјави дека не планира да престане со хокејот .Тој има 24 сезони во НХЛ лигата во која е трет на вечната…
Фелипе Маса кој своевремено настапуваше за екипите на Заубер, Ферари и Вилијамс во шампионатот во Формула 1, сега потпишал тригодишен договор со тимот Вентури кој се натпреварува во Формула Е шампионатот. Бразилецот ќе ја започне програмата кон крајот на годинава кога официјално ќе стартува новата сезона кај електричните автомобили. Маса, кој има 11 победи во 16. години поминати во Формула 1, веќе го тестираше електричниот болид на „Jaguar“. Тој неодамна го посети и специјалниот настан на Формула Е во Рим. Маса ја откри намерата да премине во алтернативниот шампионат уште кога објави дека се повлекува од Формула 1 на крајот…
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, во последното гостување на аргентинската телевизија – „Тик Спортс“, се обиде да даде одговор на сите шпекулации поврзани со иднината на Нејмар. Според дел од медиумите, Бразилецот во текот на летото може да го напушти францускиот ПСЖ и да се активира во редовите на Реал Мадрид. Тоа според Маси е неприфатливо сценарио. „Нејмар во Реал Мадрид? Тоа ќе биде ужасно поради значењето кое Нејмар го имаше во Барселона. Тука освои многу титули. Ја освои Лигата на шампионите, титули во Примера и ако се случи тоа, ќе биде многу тежок удар за сите…
