Марио Балотели кој одигра две одлични сезони во дресот на францускиот состав Ница, ќе добие повик да настапи во репрезентацијата на Италија, објавија денеска дел од медиумите во неговата татковина. Според наведеното, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, сака да го повика напаѓачот кој последен пат беше активен со репрезентативните колеги во 2014 година. Балотели кој досега ги носеше дресовите на: Манчестер Сити, Интер, Милан и Ливерпул, може да се врати во Серија „А “ доколку се остварат шпекулациите дека за неговите услуги се заинтерсирани луѓето од Фиорентина.
Author: dino
Рафаел Надал потврди дека е – „Крал на земја“ откако забележа триумф против Диего Шварцман и се квалификуваше за 1/4-финалето на тенискиот турнир во Мадрид. Шпанецот на тој начин стигна до 50-та победа со што го надмина легендарниот, Џон Мекинро (САД) кој има остварено 49 победи во серија на иста подлога. Надал во четвртфиналето ќе излезе на мегдан со Доминик Тим кој како потсетување, му беше противник во минатогодишното финале токму на турнирот во Мадрид.
Четврта година по ред Манчестер Јунајтед е највредниот фудбалски бренд во светот според извештајот на – „Бренд финанси“. Вредноста на англискиот состав се проценува на 1 милијарда и 551 милиони евра. Веднаш за „црвените ѓаволи“ е европскиот шампион Реал Мадрид со 1 милијарда и 288 милиони евра додека Барселона е на третото место со 1 милијарда и 237 милиони евра. Тука се издвојуваат и Баерн Минхен со 1.151 милијарди евра, Манчестер Сити 1.090 милијарди евра, Ливерпул со 986 милиони евра и Челзи со 978 милиони евра. Интересно е дека меѓу првите десет на листата нема ниту еден тим од Италија.
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Д-р Васил Тупурковски и неговиот колега од Намибијскиот олимписки комитет, Сер Aбнeр Ксоагуб, потпишаа договор за соработка во областа на спортот. Двата субјекта ќе соработуват во унапредување на стручниот кадар, обуките за тренери, размена на научни искуства од областа на спортот, развој и обука на спортскиот менаџмент и спортската администрација. Со договорот се регулира и соработката на МОК со Намијбијскиот олимписки комитет во однос на координација на Олимписките програми на Националните спортски федерации и нивна поблиска комуникација и соработка за унапредување на спортските перформанси на најдобрите спортисти од двете земји.
Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа по вчерашниот меч без голови на теренот на Вест Хем одигран во рамките на Премиер лигата, сосема заслужено ја доби наградата – „Златна ракавица“. Шпанскиот чувар на мрежата со освојување на наградата само ги потврди изјавите на многумина дека во овој момент е најдобар голман во најсилната фудбалска конкуренција на Англија. Тој на дуелот со „чеканите“ по 18 пат во сезонава ја сочува мрежата недопрена што автоматски значеше дека ќе ја освои наградата која по 9 години (Едвин Ван Дер Сар – 2009) повторно завршува во рацете на голман на „црвените…
Напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза, кој постигна 18 голови во досегашниот дел од сезоната може да се врати во фудбалска Италија. Голгетерот иако пружа добри партии сепак не успеа да се вклопи во системот на тренерот на Шпанците кој преферира игра со двајца брзи напаѓачи. Според наведеното во медиумите, стратегот на Милан, Џенаро Гатузо, проценил дека Заза може да ја пополни празнината во нападот на “росонерите“ посебно ако се знае дека Никола Калиниќ и Андре Силва, најверојатно ќе бидат ставени на траснфер-листата. Ќе потсетиме дека Заза во претходното лето за 16 милиони евра го напушти Јувентус и се пресели во…
Ракометарките на Вардар на завршниот Ф4 турнир во Будимпешта во текот на викендот по петти пат ќе се обидат да го освојат победничкиот пехар во Лигата на шампионите. Нашиот тим од вчера е во Унгарија и во победничко расположение ги одработува завршните подготовки за полуфиналниот меч со Ростов Дон. Европски вице-првак на саботниот меч ќе ја има улогата на фаворит против дебитантот од Русија кој за прв пат ќе има можност да настапи на завршниот фајнал-фор турнир. Нашето крило, Јованка Радичевиќ, предупредува дека противникот има опасен контра-напад. „Треба да внимаваме на играта на противникот и да бидеме добри во одбраната.…
Тимот на Ферари во Формула 1 имаше иновативен приод со прикачување на огледала на ореолот на болидот. Тоа го овозможува новото правило на ФИА за користење на споменатиот елемент. Орелот стана задолжителен во 2018 година откако безбедносниот уред беше тестиран речиси две години. Огледалата поврзани со ореолот се ограничени и со мали аеродинамички елементи. На крајот на април, Николас Томбазис од ФИА, испрати техничка директива до сите тимови со која потврди дека е дозволено да ги пренесат огледалата на ореолот. Директивата одредува дека огледалата мора да бидат доволно силни и стабилни, не смеат да вибрираат премногу и да го ограничуваат…
Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвуваа за финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул закажано за 26 мај на стадионот во Киев. Тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, се определи на вчерашното гостување на теренот на Севилја да настапи со драстично подмладен состав за да им даде шанса за одмор на првотимците. Денеска пристигна информација од таборот на европскиот шампион дека напаѓачот Кристијано Роналдо и дефанзивецот, Дани Карвахал, работеле индивидуално . Португалецот го имаше првиот тренинг откако заработи повреда на глуждот додека Карвахал работел само со физиотерапевт. Двајцата се опоравуваат од повредите со надеж, дека ќе бидат во посакуваната форма за…
Напаѓачот на Евертон, Вејн Руни, постигна договор со американскиот клуб ДС Јунајтед. Тој по крајот на сезоната во Премиерлигата ќе се пресели во МЛС конкуренцијата. Агентот на фудбалерот, Пол Стретфорд, кој во изминатите денови беше во САД се погрижи да ги реши сите детали од договорот. Голгетерот ќе потпише договор до крајот на 2020 година а според медиумите сумата е околу 12 милиони фунти. Руни кој има 32 години, според договорот ќе треба да добива 300.000 фунти неделно. Договорот ќе биде официјално објавен на 10 јули кога ќе се отвори трансфер пазарот во САД.
