Author: dino

Новиот член на Премиер лигата, Вулверхемптон, има намера да направи силен состав за наредната сезона. На неговата листа за засилувања се наоѓа фудбалерот на Милан, Андреа Силва. 22-годишниот фудбалер кој во претходното лето за 38 милиони евра дојде од Порто на стадионот „San Siro“, не успеа да ги оправда очекувања.Тој забележа 10 гола и 2 асистенции во 39 одиграни натпревари во сите конкуренции. Само 2 гола му се во Серија “А”. Силва не успеа да се наметне за првата постава бидејќи тренерот Џенаро Гатузо, има поголема доверба во Никола Калиниќ и Патрик Кутрон. Токму тоа им дава надеж на „волците“…

Read More

Двократниот олимписки шампион и воедно светски рекордер на 800 метри, Дејвид Рудиша, кој се соочува со повреда, нема да се појави на митинзите пред јули, објави денеска неговиот менаџер. Првично, Кениецот ја разгледуваше можноста да стартува во Дијамантската лига во Шангај, но, таа опција дефинитивно отпадна. Последниот настап на Рудиша беше на 4 јули во изминатата година. Тој во 2017-тата не се појави и на Светското првенство во Лондон а и годината претходно имаше серизони здравствени проблеми. Рудиша откако го пропушти отворањето на Дијамантската лига во Доха на 4 мај, нема да настапува и в сабота во Шангај, потоа во…

Read More

Бразилскиот борец во ММВ во тешка категорија, Жуниор дос Сантош, има лошо мислење за работата на Американската анти-допинг агенција. Тој беше казнет поради користење на допинг, но, набрзо на 14 јули ќе се врати во рингот. „Тие ја запреа мојата кариера за да се направи истражување на претходниот допинг тест – објасни поранешниот шампион на „UFC“ во тешка категорија. „Тоа е спротивно на Правилникот. Прекршувањето за претпоставка на невиност. Во Американската агенција за допинг сè е поставено наопаку. Знам дека не сум направил ништо забрането. Во целата моја кариера се придржувам до правилата, но, 2017-та ми стана кошмар. Станав шампион,…

Read More

Бруно Сантини кој е агент задолжен за трансфери на црномурестиот дефанзивен фудбалер на Наполи, Калиду Кулибали, непосредно пред крајот на сезоната во Серија „А“ излезе со размислување околу иднината на неговиот клиен. Тој во интервју за „Kiss Kiss“, вели дека не ја исклучува можноста интернационалецот од Сенегал да го облече дресот на Јувентус. -Рано е да се зборува за трансфери. Доаѓа светското првенство и мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи со натамошната кариера на Кулибали. Јувентус? Зошто не, тој е одличен фудбалер и може да игра за секој голем европски клуб. Сепак, како што реков, се…

Read More

Судиите од Исланд, Јонас Елијасон и Антон Палсон ќе му судат на Вардар во полуфиналето со Монпелје (франција)  на завршиот фајнал-фор турнир во Лигата на ракометните шампиони кој ќе се реализира во германскиот град Келн. Второто полу-финале меѓу француските екипи Нант и ПСЖ ќе го судат Гјединг и Хансен од Данска. ЕХФ во исто време ги одреди и судиските парови за решавачките мечеви за конечен пласман. Финалето го добија Шпанците Оскар Лопез и Анхел Рамирез додека мечот са третото место ќе го водат Лах и Сок од Словенија.

Read More

Искусниот фудбалски тренер, Лусијан Фавр, во текот на летото ќе го напушти францускиот состав Ница и ќе се пресели во Бундеслигата во екипата на Борусија Дортмунд, објавија денеска германските медиуми. Швајцарскиот фудбалски стратег ќе го наследи Петер Штогер кој имаше разочарувачка сезона со „милионерите“ и сосема реално ќе мора да си замине. Ќе потсетиме дека Фавр и претходно беше активен во германскиот елитен шампионат бидејќи од 2007 до 2009 година ја водеше Херта од Берлин а четири сезони помина и на кормилото на Борусија Менхенгладбах.

Read More

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, го потврди списокот на фудбалери (сегашни и поранешни) кои ќе се појават на неговиот проштален натпревар  на 21 мај на „Сан Сиро“ со кој официјално ќе ја заврши кариерата. На списокот се ставени и членовите на генерацијата на италијанската репрезентација која го освои СП во 2006 година. Голмани: Буфон, Дида, Сторари, Абијати. Одбрана: Адани, Барѕалји, Бонера, Бонучи, Канаваро, Кафу, Кјелини, Костакурта, Фавали, Ферара, Гросо, Јанкуловски, Калаѕе, Лихтштајнер, Малдини, Матераци, Неста, Одо, Сержињо, Шимиќ, Ѕамброта. Среден ред: Албертини, Амброзини, Баронио, Броки, Каморанези, Де Роси, Дијаманти, Гатузо, Леонардо, Маркизио, С. Пепе, Перота, Руи Коста, Сидорф, Верати,…

Read More

Фудбалерот на Челзи, Алваро Моратa, ги договорил личните услови со Јувентус со што се отвора патот за негово враќање во клубот. Наводно, Шпанскиот репрезентативец е подготвен значително да го намали годишниот надомест за да премине во составот на „бјанконерите“ во текот на летото. Мората кај „сините“ добива по 9 милиони  евра по сезона додека во Јувентус најплатен е Гонзало Игуаин со 7,5 милиони  евра. „Rai Sport“ тврди дека од англискиот клуб ќе бара близу 66 милиони за потписот на Мората. Токму таа сума му ја платија лондончани на Реал Мадрид во текот на летото за да го донесат напаѓалот на…

Read More

Белгиецот, Ерик Гибурс, кој дури пет пати ја освои титулата светски шампион во мото-крос, се удавил при обидот да го спаси неговото куче, објавија локалните медиуми. Тој првично беше прогласен за исчезнат а околностите околу неговата смрт беа потврдени дури денеска. Гибурс додека се возел со моторен чамец во езерото источно од Антверпен, се нурнал да го спаси кучето кое паднало во водата и не можело да се врати на бродот. Ќе потсетиме дека Гибурс е првиот на светов кој успеал да ги обедини титулите во мото-крос во сите три категории –  125, 250 и 500 кубни сантиметри.

Read More

Бразилскиот фудбалски дефанзивец во редовите на Реал Мадрид, Марсело, во изјавата по натпреварот на 36-тото коло во Ла Лига против Барселона (2:2), истакна дека не му се допаѓа системот за видео-повторување (VAR). Играчот на „кралевите“ по дербито на „Камп Ноу“ беше запрашан околу повеќето судиски одлуки кои беа на штета на двата тима. Токму во една таква спорна ситуација Марсело беше соборен во шеснаесетникот на домаќините а судијата не покажа на белата точка. „Понекогаш судиите прават грешки, понекогаш не. Понекогаш грешките се случуваат во ваша корист, понекогаш во корист на противниците. Тоа не е толку значајно. Системот за видео-повторување ќе…

Read More