Author: dino

Македонските возачи Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски, денеска ги очекува нова трка во „ТЦР Европа“ шампионатот во Ле Кастелет, Франција. Вчера Иџе со возилото на „Хјундаи“ успеа да дојде на седмото место додека Давидовски со возилото на „Ходна“ заврши на 16. Позиција. Втората сезонска трка на патеката „Пол Рикар“ ќе стартува денеска од 15.50 часот. Главен фаворит за првото место останува вчерашниот победник, Душан Борковиќ од Србија кој ги остави зад него Наѓ и Шпанецот, Азкона

Read More

Денеска од 8.30 започнува 14-то издание на традиционалниот – „Виз-Ер Скопски маратон“ на кој ќе се појават повеќе од 10.000 натпреварувачи од преку 58 земји. Промоторката на годинашниов собир е Британката, Пола Редклиф, ќе биде дел од трката на 5 километри. Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој мината година победи на „Виз Ер Скопски маратон на полумаратонската трка важи за прв фаворит заедно со уште двајца македонски натпреварувачи: Милош Ранчиќ и Атанас Анчевски. Претставниците од Кенија, традиционално се  главните фаворити на маратонот. Од македонските натпреварувачи во преден план треба да бидат: Александар Кираџиев и Кокан Ајановски додека кај жени најмногу се…

Read More

Тимот на Милан може да се раздели со португалската ѕвезда Андре Силва уште во текот на летото. Спортскиот директор на „росонерите“, Масимилијано Мирабели и агентот на фудбалерот, Жорже Мендеш, имале средба во Мадрид веднаш по реваншот од 1/2-финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал и Баерн Минхен. Тие заедно со спортскиот директор на Монако, Михаел Еменало, биле видени во елитен ресторан во Мадрид. „Скај Спорт“ претпоставува дека тема на разговор бил португалскиот репрезентативец Силва кој во претходното лето премина во Милан од составот на Порто за сума од 38 милиони евра, но, не успеа да се наметне за првиот тим.…

Read More

Играчот од средниот ред на Јужно-африканскиот фудбалски клуб Маризбург Јунајтед – Луанда Нинггасе, кој пред два месеца беше погоден од гром на пријателски натпревар, почина денеска во болницата во која беше хоспитализиран. 21-годишниот играч од средниот ред бил во кома по инцидентот и не можел да се врати во живот. Интересно е тоа што Нинггаз е третиот играч на Маризбург во последниве две години кој почина. по несреќен случај. Претходно тоа се случи и со 27-годишниот Мондли  и 20-годишниот Дламини.

Read More

Ако возачите на Ред Бул уште еднаш предизвикаат инцидент на патеката во Формула 1, австрискиот тим ќе воведе наредби од боксот, се закани спортскиот директор на тимот, д-р Хелмут Марко. Макс Верстапен и Даниел Рикардо беа сериозно предупредени од страна на раководството откако тимот загуби премногу бодови поради глупавата ситуација во Азербејџан. Иако Кристијан Хорнер рече дека возачите ќе имаат целосна слобода во донесувањето на одлуките, очигледно Хелмут Марко има сосема поинаков став. „Ако се случи нов ицидент со нашите две возила, тогаш ќе мораме да воведеме тимски наредби од боксот иако сме против таквиот начин на работа“ – вели…

Read More

14-то издание на Виз Ер скопскиот маратон ќе се одржи в недела со рекорден број од преку 10.000 учесници од 58 земји. Главен промотор ќе биде светската рекордерка Пола Ретклиф а главни покровители на манифестацијата се градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт. „Очекуваме убава слика на улиците, ќе имаме новитети покрај патека и секако атрактивна трка. Мораме да бидеме задоволни од бројката на пријавени натпреварувачи“ истакна директорот на маратонот, Кире Синадиновски на денешната прес-конференција. Пола Ретклиф пак, не криеше дека е задоволна со улогата што ја има. „Сум слушнала навистина многу убави зборови за Виз-ер Скопскиот маратон, за…

Read More

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и на Олимпик Марсеј ќе играат на 16 мај на стадионот во Лион за победничкиот пехар во Лигата на Европа. Шпанците во реваншот од полуфиналето на домашен терен го совладаа Арсенал (Англија) со 1 спрема 0 со погодокот на Диего Коста и со вкупни 2-1 си обезбедија виза за финалето во Франција. На истекот на судиското продолжение во првиот дел, напаѓачот на домаќините успеа да и побегне да одбраната на противникот и со прецизен од 10-на метри да го совлада Оспина. Во вториот меч во Австрија, Салзбург славеше пирова победа во продолженијата против Олимпик Марсеј со…

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаа да го победат Работнички во дербито на колото со 80 спрема 76 и да си ја обезбедат втората позиција на табелата в пресрет на елиминацискиот дел. Во убава атмосфера во СЦ Јане Сандански што ја создадоа фановите на двата тима, домаќините беа повешти и попрецизни кога беше најпотребно и сосема заслужено го совладаа градскиот ривал. Во домашниот табор  Џордон Крафорд запиша 16 поени и 10 асистенции додека Бојан Трајковски постигна 12 кошеви. Во поразениот тим во поглед на реализација се издвои  Чавдар Костов со 27 поени додека Еванс застана на 12 кошеви. Работнички и покрај…

Read More

Во организација на Македонската Тениска Федерација (МТФ) и Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), а во соработка со ИТФ и ИОК, се одржа обука за тениски тренери на која учествуваа 9 тренери од 6 тениски клубови членки на МТФ. Обуката која беше организирана на највисоко ниво и финансирана со средства обезбедени од страна на Македонскиот Олимписки Комитет и Македонската Тениска Федерација е дел од програмата Развој на националниот спортски (тениски) систем во Република Македонија. Предавачи на вториот модул беа ИТФ експертот, Хрвоје Змајиќ (Хрватска) и претседателот на тениската комисија на МТФ, Горан Шевченко. МОК и МТФ силно веруваат дека обуките се основа…

Read More

Бугарската легенда, Христо Стоичков, ја искоментира одлуката на Андрес Иниеста да си замине од Барселона. Шпанскиот маестро ќе заигра во Кина од наредната сезона. „Осмицата е број кој нема крај. Сите други броеви имаат но, таа нема и затоа е вечна како Иниеста“ вели Стоичков алудирајќи дека бројот осум е симбол на бесконечноста. Тој потенцирал дека Иниеста не успеа да ја освои – „Златната топка“ но, ако „Франс фудбал“ реши да му врачи вонредна награда, тој веднаш ќе гласа за него. Стоичков во интервјуто ги издвоил и фаворите за претстојниот Мундијал во Русија. Според него главни претенденти за пехарот се…

Read More