Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, уште од сега размислува околу можните засилувања кои би дошле во Торино во текот на летото. Наводно, искусниот стратег сака да купи играч од средниот ред а во преден план му е Џакомо Бонавентура од Милан. Тој пристигна на „Сан Сиро“ во 2014 година од екипата на Аталанта за сума од 7 милиони евра токму на инсистирање на Алегри кој шест месеци подоцна доби отказ од „росонерите“ и седна на клупата на Јувентус. Според медиумите во Италија, „старата дама“ е подготвена да плати 25 милиони евра за Бонавентура додека Милан е принуден да…
Author: dino
Фудбалерите на Рома и Ливерпул доцна вечер од 20.45 во Рим ќе го реализираат реванш-мечот од 1 / 2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Тие ќе се сретнат по седми пат во Европа. Англичаните имаат 3 победи, два меча завршиле нерешено а Рома победила во само еден дуел. Рома треба да докаже дека „Олимпико“’ е неосвоива тврдина за гостинските тимови во Лигата на шампионите. Домаќинот нема примено гол во 5 натпревари. Денешниот натпревар ќе биде враќање на Мохамед Сaлах на „Олимпико”. Тој таму помина две сезони во дресот на Рома пред да му биде продаден на Ливерпул. Напаѓачот беше…
Голманот, Давид Де Геа, по четврти пат беше избран за најдобар играч на Манчестер Јунајтед во гласањето во кое учествуваа фудбалерите, тренерите и навивачите на клубот. Шпанецот ја прими наградата на вчерашната гала свеченост со што влезе во историјата на тимот од „Олд Трафорд. „Црвените ѓаволи“ се определија премиерно да ја вметнат и наградата за најдобар играч според менаџерот а Жозе Мурињо одлучи таа да замине во рацете на Скот МекТоминеј. „Мислам дека сонот на секое момче кое доаѓа од академијата е да заигра за првиот тим. Кога сонот станува реалност, мислам дека наредниот е да игра големи натпревари, да…
Голманот на Баерн (Минхен), Свен Улрајх, им се извини на соиграчите и на навивачите поради големата грешка што ја направи при вториот гол за Реал Мадрид на вчерашниот реванш на „Сантијаго Бернабе“ во полуфиналето во Лигата на шампионите. Во 46-тата минута при резултат 1:1, поранешниот голман на Штутгарт не беше сигурен што да направи со повратната топка од Толисо и дозволи напаѓачот на домаќините, Карим Бензема да погоди во празниот гол. На крајот Реал се пласираше во финалето со вкупен резултат 4: 3 а токму грешката на Улрих значително влијаеше на конечниот резултат. „Зборовите не можат да опишат колку сум…
Ник Калатес кој настапува за Панатинаикос има намера да се врати во НБА лигата, објави денеска „ESPN“. 29-годишниот кошаркар ангажирал агент кој треба да му најде тим. Калатес добро ја познава ситуацијата во НБА бидејќи во периодот од 2013 до 2015 година играше за тимот на Мемфис Гризлис, но, потоа одлучи да се врати во Панатинаикос. Во тековнава сезона грчкиот репрезентативец има во просек по 14,5 поени, 8 асистенции и 4 скока по натпревар. Главната причина за желбата на Калатес да го напушти сегашниот клуб и да се врати во НБА е одлуката на раководството на Панатинаикос да ја напушти…
Францускиот фудбалски репрезентативец на Баерн Минхен, Корентен Толисио, рече дека елиминацијата од Реал Мадрид е најголемото разочарување во неговата кариера. Баварците беа елиминирани од шпанскиот тим откако загубија во првиот меч дома со 2-1 а вчера на реваншот на „Сантијаго Бернабе“ одиграа нерешено 2 спрема 2. Анализата вели дека Германците во двата меча беа подобри и дека направиле поголем број на шанси. „Игравме одлично и само нијансите беа решавачки . Баерн направи исклучително прво полувреме, имавме повеќе гол- ситуации. Сега сме многу разочарани, но, мора да одиме напред и да размислуваме за финалето на Купот на Германија”, изјави 23-годишниот Толисио.
Претседателот на рускиот олимписки комитет, Александар Жуков, објави дека си поднел оставка. Тој наведува дека причината за неговата одлука е желбата целосно да се фокусира на политичката кариера. Жуков додека беше претседател на Рускиот олимписки комитет ја извршуваше и должноста на заменик-претседател на рускиот парламент од квотата на владејачката партија – „Единствена Русија”. Жуков кој го презема раководењето со Рускиот олимписки комитет од 2010 година, во еден период мораше да се соочи со обвинувањата за користење на допинг од страна на руските спортисти. На Зимските олимписки игри реализирани годинава во февруари во Понг Чанг, на Русија не и беше дозволено…
Францускиот состав Монпелје ќе им биде противник на ракометарите на Вардар во полу-финалето во Лигата на шампионите на завршниот Ф 4 турнир во Келн. Во вториот меч на 26 мај за влез во големото финале ќе има чисто француска пресметка меѓу Нант на нашиот Кире Лазаров и екипата на ПСЖ. Од претходно се знае дека мечевите од 1 /2 финалето ќе започнат во 15.15 часот и во 18.00. Монпелје кој е дебитант на Ф4-турнирите му беше противник на Металург во групата Д во која го освои првото место. Во фазата на елиминации успеа да ги прескокне Барселона и Фленсбург. Вардар…
Фудбалерот на Барселона, Лео Меси, изјави дека му е жал што нема да го испратат Андрес Иниеста со тројна круна како што тоа се случи своевремено со Чави кога реши да си замине од Шпанија. Аргентинецот постигна хет-трик на вчерашниот меч со Депортиво ла Коруња а неговиот тим со победата од 4-2 ја потврди тутулата на три кола пред крајот на сезоната. Претходно Меси и колегите се израдуваа и на победничкиот пехар во Кралскиот Куп. „Тој заслужува да си замине од клубот со двојна круна во Шпанија. Жалам што не го испративме како Чави, со освоена тројна круна. Штета што…
Кошаркарскиот состав Химки ќе мора да плати казан поради фрлени тврди предмети на теренот на мечот со ЦСКА Москва како и поради навреди упатени кон судиите, изјави генералниот менаџер на екипата Павел Астахов. „Немаме добиено одговор од Евролига на нашата жалба. Знаеме дека конечниот резултат нема да се менува но, играчите, тренерите и навивачите, сакаат да знаат што мисли Евролигата за спорната ситуација”- вели Астахов. „Не знаеме дали е некоординирана акција на записничката маса и судиската тројка? Грешка на арбитрите, грешка на записничката маса, На кој основ не е признат нашиот последен кош – постигнат е во согласност со правилата?”-…
