Кошаркарите на Голден Стејт во текот на ноќта го победија Сан Антонио со 99:91 во петиот меч од разигрувањето и останаа на курсот да ја одбраната титулата од претходната сезона во НБА конкуренцијата. Најдобар кошаркар во домашната екипа беше Кевин Дурант со 25 поени, шест скокови и пет асистенции. Актуелниот шампион во конференциското полу-финале ќе игра со Њу Орлеанс. Филаделфија е прв полуфиналист во источната конкуренција откако со 4-1 беше поуспешна од Мајами. Џоел Ембид и Бен Симонс ги предводеа домаќините до триумф против Мајами со 104:91. Ембид имаше 19 а Симонс застана на 14 поени. Бостон славеше против Милвоки…
Author: dino
Германскиот тренер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговиот тим заслужено ја победи Рома со 5:2 во првата полуфинална пресметка во Лигата на Шампионите. „Перфектно одигравме 80 минути. Направивме само една грешка во одбраната. Немаше пенал, но, таква е ситуацијата и сега е 5:2. Ќе беше подобро да беше 5:0 или 5:1. Можевме да постигнеме повеќе голови“ – вели Клоп. „Чемберлејн е веројатно тешко повреден. Мора да бидеме креативни за да го надополниме неговото отсуство“ – потенцираше Клоп по вчерашниот меч на „Енфилд“.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Еузебио Ди Франческо, по вчерашниот пораз на теренот на Ливерпул со 5:2 во првиот меч од полу-финалето во Лигата на шампионите, вели дека неговиот тим има шанса да стигне до големото финале. „Започнавме добро а потоа сосема неочекувано влеговме во лош ритам. Додека се освестивме, веќе губевме со неверојатни 5:0. За среќа, успеавме да постигнеме два гола кои не вратија во игра. Ништо не е готово бидејќи ќе има реванш на нашиот стадион“ – изјави оптимистички стратегот на „волчицата“. Реванш мечот меѓу „црвените“ и Рома ќе биде одигран наредната среда на стадионот – „Олимпико“ во…
УЕФА го суспендираше фудбалски состав Панатинаикос од евро-куповите поради неподмирени финансиски долгови. Грчкиот состав има максимално турбулентен период и во континуитет се соочува со финансиска криза иако се променија неколку сопственици. Европската куќа на фудбалот потенцира дека клубот имал ултиматум до 1 март за да ги подмири долговите кон кредиторите, но, дека тоа не се случило. Панатинаикос во моментов се наоѓа дури на 10-то место во домашниот шампионат и нема шанси да се избори за излез во Европа.
Ливерпул и Рома приредија фантастична фудбалска вечер во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. „Црвените“ на „Енфилд“ победија со 5 спрема 2 иако во завршните 10 минути влегоа со плус пет. Во тој период Римјаните постигнаа два гола и се вратија во живот. Севкупно, Англичаните царуваа на теренот 80 минути. Експлозивни, борбени, разиграни и желни за голови.Токму таквиот пристап им донесе предност по првиот дел со погодоците на волшебникот од Египет, Мохамед Салах, кој во 36 и 45 минута направи одличен гест и не ги прослави голови бидејќи токму од Рома во изминатото лето се пресели во островскиот…
Фудбалерите на Шкендија и на Пелистер ќе го одиграат финалниот меч од Купот на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица во вечерен термин. Тетовци откако ја обезбедија титулата во шампионатот сега ќе се обидат да дојдат до двојната круна. „Црвено-црните“ во финалето ќе ја имаат улогата на фаворити додека Битолчани пак, ќе се обидат да го одбранат трофејот освоен во претходната сезона. Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер ќе започне во 20.00 часот.
Андре де Грас од Канада кој освои три медали во спринтерските трки на ЛОИ во Рио во 2016 година, ќе се соочи со светскиот рекордер и воедно светски шамппион на 60 метри, Кристијан Колман (САД) на Дијамантската лига во Лондон во месец јули. Де Грас се појави на големата сцена во 2015 година кога освои бронзени медали на 100 метри и во штафетата 4 по 100 метри на Светското првенство во Пекинг. Канаѓанецот една гиодина подоцна имаше одлично деби на Олимписките игри кога стигна до бронза на 100 метри, сребро на 200 метри и повторно бронза во штафетата со што…
Антонио Касано, една од легендите на италијанскиот фудбал, изјави, дека ќе ги стиска палците и ќе навива од се срце за Рома на денешниот меч со Ливерпул во полу-финалето на Лигата на шампионите. Тој настапуваше за „римската волчица“ од 2001 до 2006 година. Римјаните денеска од 20.45 часот ќе се појават на „Енфилд Роуд“ и ќе се обидат да извлечат поволен резултат за реваншот кој е закажан за една недела на „Олимпико“ во Рим. „Јас ќе навивам за Рома. Се надевам дека ќе ја освои Лигата на шампионите. Ќе биде тешко против Ливерпул. Бев на мечот со Барселона и бев…
Раководството на шпанскиот елитен состав, Атлетик Билбао, има намера да го врати напаѓачот, Фернандо Љоренте, објави – „Мирор“. 33-годишниот фудбалер кој е закован на клупата за резерви во Тотенхем, започна како стартер во само 3 од вкупно 22-два кој ги одигра неговиот тим во тековнава сезона. Љоренте е клупска легенда за тимот од Билбао бидејќи ја започна кариерата на „Сан Мамеш” и за 8 години во првиот состав одигра 327 натпревари во кои постигна 111 гола. Поранешниот шпански репрезентативец ги напушти Баскијците во 2013 година откако одби да потпише нов договор.
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го обвини таткото на голманот, Тибо Куртоа за протекување на тајни поврзани со тимот. Тој откри пред белгиските медиуми дека одредени новинари му рекле дека Тиери Куртоа, таткото на репрезентативецот Тибо Куртоа, ги продал информациите на печатот во врска со составот на Белгија на Европското првенство пред две години. Вилмотс, кој беше отпуштен по турнирот, изјави, дека го соопштил составот за натпреварот во 18.00 часот и 15 минути а подоцна го видел објавен и на социјалните мрежи. „Тоа значи дека некој играч го открил составот а тоа е сериозно прекршување на…
