Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Дани Алвеш, признава дека уште утре би се вратил на „Камп Ноу“ иако пред две сезони си замина од таму незадоволен од третманот што го доби додека беше повреден. Неговото заминување во Торино изненади многумина имајќи в предвид дека Бразилецот е еден од најтрофејните во шпанскиот состав. Тој во дресот на Каталонците помина осум години и се израдува на 23 трофеји. „Барселона е мојот дом и невозможно е да кажам дека не би се вратил. На крајот не сакав да кажам збогум, бидејќи тој клуб ќе биде мојот вечен дом“ – изјави дефанзивниот фудбалер.
Author: dino
Пет фудбалери на Хајдук биле нападнати од нивните симпатизери од навивачката група „Торцида“ додека се шетале во центарот на градот. Хрватските медиуми информираат дека инцидентот се случил во близина на седиштето на навивачката група. Се претпоставува дека фановите на сплитскиот тим биле незадоволни од играта и прикажаните партии и затоа влегле прво во вербална а потоа и во физичка пресметка со фудбалерите. Медиумите наведуваат дека во инцидентот најмногу настрадал интернационалецот од Унгарија, Марко Футач, кој бил удрен во главата и имал видливи повреди околу окото.
Создаден за сите со поинакво секојдневие, CАТ S31 е модел кој ќе ги совлада екстремните временски предизвици и нема да ве изневери, каде и да сте! Издржлив Издржлив на тест на бетонски пад, од импресивна висина од 1,8м, овој модел совршено се вклопува во секојдневието на оние со динамично темпо. Издржливоста на батеријата со капацитет од 4000mAh и простор за зачувување на податоци до 128GB гарантира непречено одвивање на работата, особено за теренски работи кои се временски непредвидливи и надвор од контролирана средина. Сертифициран со највисоките стандарди за издржливост, MIL SPEC 810G и IP68, овој модел е отпорен на вода…
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не си прави илузии и призна дека австралискиот возач, Даниел Рикардо, ќе остане и во наредните сезони само под услов да добие конкурентен болид за да може да се бори за титулата. За сега, Мерцедес и Ферари, се главните претенденти за победничкиот пехар додека Рикардо ќе има тешка битка да ја издржи трка за првото место. Од таа причина, 28-годишниот Рикардо ја одложува одлуката дали ќе потпише нов договор со што и понатаму ги држи шефовите во Ред Бул во неизвесност. „Според мене, Даниел е среќен во Ред Бул. Ние сме неговото семејство години…
Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата, Марија Шарапова, пред настапот на турнирот во Штудгарт изјави, дека не е во посакуваната форма и дека и треба поголем период да се врати на победничките патеки. „Сега немам толку самодоверба во мојата сила како што беше некогаш. Самодовербата е многу значајна не само во тенисот туку во сите сегменти од животот“ изјави Русинката која во моменто го има 41. место на ВТА. Познато е дека Шарапова мораше да издржи казна од 15 месеци откако беше позитивна на допинг тест. Атрактивната тенисерка има 36 трофеи од различни турнири.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп беше видно расположен на средбата со новинарите пред утрешниот дуел со Рома во полу-финалето во Лигата на шампионите кој ќе се одигра на „Енфилд“. Германецот одговори шеговито на прашањето дали некогаш би водел тим од „Чизмата“. „Нема логика да ме ангажира италијански клуб бидејќи таму можам само да си нарачам едни шпагети а тоа не е доволно” – изјави искусниот тренер алудирајќи дека не говори италијански и дека за него е многу значајно да комуницира со фудбалерите. „Ќе видиме што ќе се случи, но, сигурно нема да има ништо во наредните 4 години…
Шпанскиот фудбалски тренер, Унај Емери, вели дека Арсен Венгер може да се врати во татковината и да го наследи на кормилото на ПСЖ. Французинот по 22 години на клупата на Арсенал се одлучи пред време да го раскине договорот и да си замине од Лондон. Се споменува дека Венгер нема намера да се повлече од фудбалот, напротив тој има желба да остане и да добие функција во некој друг клуб. И тука е во игра ПСЖ. „Тој е поим за искусен тренер. Многу луѓе се присутни на неговите предавања во Нион. Венгер е одлична опција за ПСЖ“ вели Емери кој…
Македонската женска тениска репрезентација го освои петото место на турнирот од Третата Евро Африканска зона откако ја совлада секецијата на Алжир со 2-1. Во првиот сингл меч, Јана Таневска загуби од Јасмин Буџаџи со 2 спрема 1 по сетови 6-3, 1-6 и 6-2 додека Ана Ристевска со службен резултат го доби вториот дуел против Ана Амира Бенаиса. Мечот во двојки меѓу нашите Таневска и Ристовска и Биџаџи и Бенаиса исто така заврши со службена победа на Македонија.
Италијанскиот фудбалски тренер на клупата на Челзи, Антонио Конте, проценил дека Жозе Мурињо имал подобри услови и поголема помош од челниците на „сините“ и дека затоа му било полесно да работи во клубот. Четата на Конте не успеа да ја одбрани титулата од претходната сезона во Премиер лигата и мораше да му ја препушти на Манчестер Сити. Згора на тоа, лондончани најверојатно ќе останат и без пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Мурињо имаше 72 победи пред многу години. Сега е многу потешко да се постигнуваат такви резултати со Челзи. Постојат други работи кои мораат да се земат в…
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Јирген Клоп по нерешениот резултат на тернот на ВБА (2-2) изјави, дека домаќинот се послужил со трик на полувремето и не ги пуштил прскалките по што теренот бил премногу сув и им правел проблеми на неговите фудбалери. „ Воопшто не сум задоволен од состојбата на теренот. Кога тој е сув, топката не можете да ја додадете ниту пет метри. Најлесно е така да го неутрализирате противникот, но, тоа му одговара на ВБА со начинот на кој игра фудбал“ – вели Клоп кој со изјавата ги налути домашните фанови. „Ако топката е постојано во воздухот, не…
