Дефанзивецот на Шахтјор Донецк, Дарио Срна, може да се пресели во ПАОК. Договорот помеѓу 36-годишниот фудбалер и клубот од Украина истекува во текот на летото што значи дека одличниот играч може да го засили грчкиот тим како слободен агент. Хрватскиот репрезентативец на 22 август ќе ја одлежи казната од 17 месеци поради позитивните допинг тестови. Дарио за 15 сезони поминати во Украина освои 25 трофеи (9 титули во првенството, 7 од Купот, 8 од Суперкупот на Украина и еден пехар од Куп на УЕФА).
Author: dino
Работнички со брејк на теренот на МЗТ Скопје дојде до предност од 2-0 во финалето во кошаркарскиот плеј-офф. Американецот Гинард на 1,6 секунди до крајот ги реализираше двете слободни фрлања за 76 спрема 75 и голема радост на играчите и навивачите од Градски парк. Претходно домаќините иако имаа шанса за победа направија грешка и му ја подарија топката на противникот. Робинсон со 22 поена и седум асистенции беше најдобар кај Работнички додека Костов постигна 18 кошеви. Во редовите на МЗТ Скопје се издвоија Трајковски со 20 и Стојановски со 14 поени. Третиот натпревар ќе биде в петок на теренот на…
Фудбалерите на Шкендија ја завршија сезоната во домашни рамки со двојна круна откако денеска во финалето на Купот славеа против Пелистер со сигурни 3 спрема 0. На стадионот „Младост“ во Струмица под исклучително тешки услови по обилниот дожд, тетовци ги искористија шансите и само го потврдија квалитетот. Головите беа дело на Муслиу во 20 и 72 минута и на Ибраими во 52 минута. Шкендија по втор пат го освои Куп пехарот со што се изедначи со пелистерци кои не успеаа да го одбранат од минатата сезона.
Челните луѓе на фудбалскиот состав на Милан планираат сериозна офанзива за потписот на Алваро Мората. „Росонерите“ ќе се обидат да го засилат нападот откако Никола Калиниќ имаше разочарувачка сезона. Потенцијални заменици за Хрватот се напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, капитенот на Торино, Андреа Белоти и фудбалерот на Челзи, Алваро Морати. Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели, се сретнал со Бепе Боцо, агентот задолжен за трансфери на Мората. Шпанскиот репрезентативец му се приклучи на тимот на Челзи во изминатото лето, но, не е задоволен со статусот на резерва кај лондончани.
Во пресрет на утрешното финале од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица прес – конференција одржаа тренерите на двата тима, Неџат Хусеин и Ќатип Османи како и капитенот на тетовци Ферхан Хасани и фудбалерот на Пелистер, Благојче Марковски. „Шкендија влегува како голем фаворит. На убедлив начин го освои првенството и покажа дека ја има најдобрата екипа во Македонија во последните неколку години. Ние сме во финале и ќе се обидеме да се спротивставиме најдобро што можеме„ изјави тренерот на Пелисер, Неџат Хусеин. „Не очекува финале, не треба да не залажуваат победите во првенството.…
Баражот за пополнување на првата фудбалска лига за наредната сезона меѓу досегашните второлигаши Борец и Гостивар, ќе биде реализиран на наутрален терен на 30 мај на тренинг центарот – „Петар Милошевски“ во Скопје . Доколку во регуларниот дел нема победник, веднаш ќе се изведуваат пенали. Екипата што ќе триумфира во последниот филтер ќе излезе на мегдан со прилепска Победа која во штотуку завршениот прволигашки шампионат го освои осмото место. Тој натпревар ќе биде одигран на неутрален терен на стадионот „Младост“ во Струмица.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, го соопшти поширокиот список од 28 играчи кои ќе бидат дел од подготовките за Светското првенство во Русија. На истиот го нема членот на Рома, Раџа Наиголан, кој имаше блескава сезона во сите конкуренции и беше еден од најдобрите играчи на италијанскиот состав. Бидејќи Мартинез и Наинголан од поодамна не се во добри односи, не изненадува одлуката на селекторот на „ѓаволите“ да го изостави фудбалерот од големиот спортски настан. Еве го списокот на повиканите фудбалери: Голмани: Коен Кастлес (Волфсбург), Тибо Куртоа (Челзи), Симон Мињоле (Ливерпул), Матс Селс (Њукасл). Одбрана: Тоби Алдервилд (Тотенхем), Дедрик Бојата…
Фудбалерите на Лацио вчера во драматичен меч загубија дома од Интер со 3-2 и не успеаа да обезбедат место во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Симоне Инзаги, потенцира дека е крајно разочаран бидејќи „лацијалите“ на 15 минути до крајот имаа предност од 2-1 и беа пред остварување на целта. „Моравме претходно да го обезбедиме нашето место во Лигата на шампионите. Очигледно, нашата судбина била таква и сега ќе жалиме за пропуштената шанса“ – вели Инзаги кој се осврна и на пеналот што го направи Стефан де Вриј. „Ништо немаше да се промени ако некој друг го направеше фаулот. Би го…
Репрезентативецот на Франција, Пол Погба, кој се подготвува со „триколорите“ за настап на фудбалскиот Мундијал во Русија, истакна, дека не знае каде ќе игра во наредната сезона, но дека е сигурен дека тоа нема да биде ПСЖ. „Јас сум роден тука (Париз), но, моите навиваат за Олимпик Марсеј а не за ПСЖ. Имам договор со Манчестер Јунајтед“ потенцираше играчот на „црвените ѓаволи“. „Мурињо ме остави на клупата, но, ми ја даваше и капитенската лента и ме храбреше. Јас сум професионалец и ги прифаќам сите одлуки. Реално, немам ниту желба за заминување“ – вели Погба со напомена дека сега се насочува…
Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, вели дека евентуалниот ангажман на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе влијае максимално позитивно во екипата на Каталонците. „Гризман ми се допаѓа, моментално е еден од најдобрите. Ние сме секогаш воодушевени кога кај нас доаѓаат одлични фудбалери“ – изјави Аргентинецот во последното интервју откако неговиот тим ја освои титулата во Шпанија. Во истовреме првиот човек на Баселона, Бартоме, изјави дека преговорите со менаџерот на играчот започнале уште во Ноември и дека набрзо треба да финишираат.
