Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, по вчерашниот пораз од Реал Мадрид во финалето на Евролигата, изјави дека не е разочаран и дека играчите заслужуваат честитки. „Напорно работевме и дојдовме на завршниот фајнал-фор. Поразот ќе ни послужи да извлечеме поука. Се боревме до самиот крај, но, не успеавме да се вратиме во мечот“ – изјави Обрадовиќ. „Кралевите“ со вчерашната победа во арената во Белград против турскиот состав, успеаа по 10-ти пат да ја освојат Евролигата.
Author: dino
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, ги советува челниците на англискиот тим да купат искусни играчи во текот на летото. Според интернационалецот од Србија, неговиот тим мора да обезбеди квалитетни фудбалери за да биде конкурентен за титулата како во Премиер конкуренцијата така и во Лигата на шампионите. „Ако успееме да обезбедиме квалитетни засилувања ќе можеме да се бориме за освојување на пехари“ – потенцираше играчот на „црвените ѓаволи“ кој во 2017 година беше купен од Челзи за 40 милиони евра. „Манчестер Сити во сезонава се покажа многу посилен од нас, но, најзначајно е што успеавме да влеземе во Лигата на…
Кошаркарите на Голден Стејт го прегазија Хјустон во текот на ноќта со огромни 126 спрема 85 и поведоа со 2-1 во финалето на Западната конференција во НБА лигата. Стеф Кари со 35 поени беше најдобар во редовите на актуелниот шампион додека во противничкиот табот се издвои Џејмс Харден кој застана на 20 коша. Наредниот меч ќе биде одигран на 23 мај во 03.00 часот по наше време на теренот на Голден Стејт. Што се однесува до Источната конференција, екипата на Бостон Селтик вечер во 2 часот по полноќ ќе гостува кај Кливленд со предност од 2-1. За учество во големото…
Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, вчера против Реал Сосиедат го одигра последниот натпревар во дресот на Каталонците и на емотивен начин се прости со фановите на шпанскиот состав. Фудбалерот кој остави голем белег во историјата на тимот од „Камп Ноу“, беше уловен од фотографите како долго во ноќта остана сам на стадионот на кој доживеа многу моменти за паметење и се радуваше на 32 титули. Фотографиите од осамениот Иниеста додека седи на средината на теренот го обиколија светот и предизвикаа посебни емоции кај љубителите на фудбалот.
Тренерот, Томас Тухел, кој потпиша договор со фудбалскиот состав на ПСЖ до 2020 година, изјави, дека има големи амбиции и дека ќе наметне офанзивна игра. „ Дојдов во Париз со намера да постигнам одлични резултати. Имаме фантастични играчи на располагање. Му благодарам на раководството за укажаната доверба“ -изјави германскиот стратег кој претходно го водеше тимот на Борусија Дортмунд. Тухел доаѓа на местото на Унај Емери кој не ја исполни главната желба на тимот од „Паркот на принцовите“ а да ја освои лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар го совладаа Металург со 30 спрема 26 и сосема очекувано го освоија првото место во Купот на Македонија. Вардарци во денешното финале одиграно во салата „Младост“ во Битола само го потврдија квалитетот и лесно стигнаа до посакуваната победа. Металурзите иако се обидоа да парираат, на крајот мораа да му честитаат на подобриот тим. Вардар сега има 13 трофеи од Купот – (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018). Натаму следуваат. Металург – 5 (2006, 2009, 2010, 2011, 2013), Пелистер – 5 (1995, 1996, 1998, 1999, 2005) Борец – 1 (1994), Шевро Куманово…
Кошаркарскиот состав на Работнички пред стартот на финалната серија во плеј-офот со МЗТ Скопје, испрати соопштение до јавноста. – Работнички донесе одлука дека нема да прифати организирана гостинска навивачка група. Оваа постапка не ја покренуваме заради некаква скриена намера, туку, поради последните случувања во салата „Градски Парк“ кога настана прекин поради фрлање на тврди предмети, плукање и недолично однесување. Инцидентот беше предзвикан токму од трибината на која беше сместена гостинската навивачка група а клубот беше парично казнет“ – се вели во дел од соопштението на Работнички. -Свесни сме за капацитетот и условите кои ги нуди салата „Градски Парк“ и затоа…
Фудбалерот на Ливерпул, Фирмињо, се надева дека ќе го постигне десетиот гол во Лигата на шампионите во големото финале со Реал Мадрид закажано на 26 мај на стадионот во Киев. „Јас секогаш сакам повеќе и никогаш не сум задоволен”, рече 26-годишниот фудбалер на „црвените“, кој има блескава сезона. Тој во интервјуто за сајтот на УЕФА вели дека омилен играч и воедно и идол му бил Роналдињо. Фирмињо даде и негово мислење за досегашните мечеви во ЛШ. „Сите натпревари а посебно со Манчестер Сити и со Рома ги одигравме одлично. Ја играм првата сезона во Лигата на шампионите и сум еден…
Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, на завршниот Ф4 турнир кој ќе се реализира од денеска до недела во Белград, ќе се обиде да го освои десеттиот пехар во Евролигата. „Многу сум среќен што можам да поминам одредено време со значајни луѓе. Знам колку е тешко да се стигне до завршниот турнир“ вели тофејниот тренер кој со неговиот тим ќе ја брани титулата од претходната сезона. „Пред финалето размислувам само за дуелот со Жалгирис. Атмосферата ќе биде одлична, од Истанбул ќе дојдат многу навивачи а Белграѓани ќе имаат избор за кого да навиваат“ – вели Обрадовиќ.
Легендата на Јувентус , Џиџи Буфон, кој на крајот на сезоната ќе си замине од Торино, добил понуда од францускиот фудбалски шампион, ПСЖ, објавија дел од медиумите. Според „ЕСПН“ кој се повикува на извори од клубот од „Паркот на принцовите“, ПСЖ бара стабилен и искусен голман. Тоа го потврди и Силвио Мартина, агентот задолжен за трансфери на легендарниот голман. „Има понуди за Буфон, но засега ништо немаме решено. Џиџи прво ќе оди на одмор а потоа ќе видиме што ќе се случи“, потенцирал менаџерот на италијанскиот голман.
