Author: dino

Ракометарите на Вардар  нема да ја бранат титулата европски шампион откако загубија од Монпелје со 28 спрема 27 второто полу-финале на Ф4 турнирот во Келн. „Црвено-црните“ потфрлија во одбраната, Штербик остана без вообичаениот ефект а Милиќ иако имаше неколку значајни одбрани не можеше да го сврти мечот. Циндриќ, Дибиров, Борозан и другите ѕвезди беа далеку од посакуваниот ритам. Французите  беа крајно мотивирани, луцидни, брзо дејствуваа и во одбаната и во нападот и практично од самиот почеток го диктираа темпото. Во нашиот тим Вуко Борозан и Лука Циндриќ постигнаа по шест голови додека кај противникот се издвои Валентин Порт со осум…

Read More

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, ја обезбеди првата позиција за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена низ улиците на Монако. Австралиецот во третата сесија извозе круг за 1:10.810 што е нов рекорд низ улиците на Монте Карло. Германецот Себастијан Фетел се избори за второто место а Британецот, Луис Хамилтон заврши како трет. Друштво во вториот ред ќе му прави Кими Раиконен. Во првите десет позиции обезбедија и: Валтери Ботас, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц, Серхио Перез и Пјер Гасли.Макс Верстапен по сударот во третиот слободен тренинг не ги започна квалификациите и утре ќе стартува од…

Read More

Финалето во Лигата на фудбалските шампиони во 2020 година ќе биде реализирано на стадионот „Ататурк“ во Истанбул. Тоа значи дека завршницата на елитната конкуренција во Европа повторно се враќа во Турција на истиот стадион на кој во 2005 година беше одигран мечот меѓу Ливерпул и Милан. Тогаш англичаните губеа со 3-0 по првиот дел но, во вториот успеаа да изедначат а на крајот и да го освојат победничкиот пехар. Стадионот „Ататурк“ само во одредени случаеви го користи Галатасарај кога настапува во европските купови. Финалниот меч од Лига Европа во 2020 година ќе биде реализиран на стадионот во Гдањск (Полска) додека…

Read More

Светското првенство во Русија ќе биде организирано на највисоко ниво, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пешков. „Тоа ќе биде светски фудбалски празник … Што и да каже било кој тоа ќе биде најдоброто Светското првенство некогаш организиран на планетата Земја “ – изјави Пешков во интервју за телевизијата „НТВ“ на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Светското првенство  ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во : Москва, Санкт Петерсбург, Самара, Саранск, Ростов-на-Дон, Сочи, Казан, Калининград, Волгоград, Нижни Новгород и Екатеринбург.

Read More

Шпанецот, Андрес Иниеста, денеска потпиша договор со јапонскиот елитен фудбалски клуб Висел Кобе. 34-годишниот плејмејкер за три сезони ќе добие околу 90 милиони долари. Иниеста на специјална прес-конференција во Токио беше претставен од сопственикот на тимот, Хироши Микитани. Фудбалерот ја напушти Барселона по 22 години со одиграни 674 натпревари и освоени 32 трофеја. Неговиот нов тим по 15 кола се наоѓа на шестото место на табелата во тамошниот шампионат. Легендата на Барса е еден од најтрофејните играчи во светот. Тој во богата ризница има пехари од шпанската Ла Лига и Купот на земјата, Лигата на шампионите, Европскиот и Светскиот суперкуп,…

Read More

Ракометарите на Вардар од денеска се во Германија. Тие во текот на викендот во Келн ќе настапат на завршиот Ф4 турнир во Лигата на шампионите. Македонскиот и воедно европскиот шампион прв пристигна на добро позната локација на која во изминатата сезона се израдува на првиот европски трофеј. Трите екипи од Франција кои исто така ќе бидат дел од завршницата треба да пристигнат во попланевниве часови. Вардар одбраната на пехарот ќе ја започне в сабота од 18.00 против Монпелје. Претходно од 15.00 часот во првото полу-финале ќе играат Нант на нашиот Кире лазаров и екипата на ПСЖ.

Read More

Во пресрет на саботното финале во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул кое ќе биде одиграно на стадионот во Киев, се прават најразлични анализи околу можниот исход. Работите одат до таму што се анализира дури и начинот на кој се радуваат фудбалерите по постигнатиот гол. Имено, проучувањата довеле до заклучок дека токму поставеноста на рацете, прстите и дланките на фудбалерот кој се радува на постигнат погодок, укажува дали неговиот тим има победнички менталитет. Првото такво истражување низ цела Европа откри дека различни типови на прослава се поврзани со победа или пораз. Како пример се наведува дека 82…

Read More

Претседателот на италијанскиот состав Јувентус, Андреа Анели, кој е воедно и прв човек на асоцијацијата на фудбалските екипи од Европа, има негова визија за нов формат на Лигата на шампионите. Тој посакува бројот на екипите во групната фаза да остане ист, но, да се промени бројката на групите и учесниците во неа. Имено, предлогот на Анели е 32 екипи да бидат поделени во четири групи со осум учесници наместо досегашниот сиситем со 8 групи по 4 екипи. „Новиот систем ќе го зголеми бројот на гостувањата од 6 на 14 со што значително ќе се зголеми и приходот за клубовите. Сакаме…

Read More

Сателитскиот возач на „Ducati“ во Mото Гран При шампионатот, Тито Рабат, се чувствува добро во болницата во која беше примен по вчерашниот голем инцидент додека вршеше тестирање на  новите гуми на „Michelin“ на патеката во Барселона. Во последниот свиок на каталонската писта,  моторот на Рабат избувнал во пламен и имал неколку превртувања. Во меѓувреме неговиот тим објави дека Шпанецот не добил никакви посериозни фрактури и дека се чувствува добро.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, во последното интервју се обиде да ја открие слабата алка во редовите на Реал Мадрид. Германскиот тренер пред саботното финале во Украина вели дека „кралевите“ имаат проблем со играта на Марсело кој е фантастичен во нападот , но, тотално катастрофален во одбраната. „ На Реал му се потребни четири шанси за да постигна два гола. Искуството е нивната најголема предност. Ако Марсело ја остави празна левата страна во одбраната, Салах ќе треба да се соочи со Рамос кој е страшен играч, – вели Клоп. Светските букмејкери излегоа со понуди за обложување. Шансите главно…

Read More