Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека новото засилување Фабињо може да ко искористи на неколку позиции што претставува голема предност доколку некој од играчите се повреди. „Тој има вештина и став да игра на највисоко ниво на неколку позиции. Може да биде шеска, осумка и двојка. Тоа е кул. Тактички е многу силен и има фудбалска интелигенција. Ние купивме фантастичен играч кој е воедно и неверојатен како човек“ -вели германскиот стратег. „Мислам дека Фабињо ќе успее да го подигне расположението во соблекувалната. Тоа не може да се каже за многу играчи кои се гледаат како ѕвезди“ –…
Author: dino
Италијанскиот состав Наполи има намера да го купи играчот за врска на Пари Сен Жермен Адриен Рабиот и полу-дефанзивецот на Бетис, Фабијан Руиз Пена. Италијанците упатиле понуда до ПСЖ за Рабиот во вредност од 29 милиони евра со можност сумата да се зголеми за три милиони кои ќе бидат исплатени како бонуси. Францускиот фудбалер сака да го напушти „Паркот на принцовите“ и да работи со Карло Анчелоти во Неапол, тврди „CalcioNapoli24“. Со Фабијан Руиз Пена работите стојат поинаку бидејќи за неговите услуги се заинтересирани и екипите на Атлетико Мадрид и Рома. 22-годишниот Шпанец има договор со Бетис до 2023-та а…
На 4. јуни (понеделник) со почеток во 12:00 часот во салата за состаноци при хотелот Бест Вестерн (поранешен хотел Турист), Македонската кошаркарска федерација ќе организира јавна дебата на тема бројот на странските играчи во спортските колективи во мак-кошарката и нивно намалување од наредната сезона. Тема ќе биде и неодамна наметнатото прашање и предлогот за зголемување односно намалување на бројот на екипите-учеснички во Првата и во Втората лига во машка сениорска конкуренција.На јавната дебата учество ќе земат претставниците на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига мажи, претставници на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Втората лига мажи, претставници на…
Бугаринот, Кубрат Пулев ќе боксува со Дилијан Вајт на стадионот -„Васил Левски” во Софија. Победникот од мечот кој е закажан во август, подоцна ќе излезе на мегдан со светскиот првак, англичанецот, Ентони Џошуа. „Ќе биде неверојатна атмосфера и меч кој ќе остане во историјата. Вајт е многу опасен ривал, но, јас ќе му покажам кој е подобар и дека боксот е интелигентен спорт за интелигентни луѓе ” – рече Пулев. Доколку се реализира идејата на организаторот, тогаш Пулев и одличниот боксер од Велика Британија може да се појават на импровизиран ринг на стадионот во Софија пред повеќе од 50.000 гледачи.
Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение по повод сите реакции по завршувањето на плеј-офф серијата меѓу Работнички и МЗТ Скопје. „Крајно сме разочарани од одлуките на одредени поединци (тренери) и одредени клубови за реакциите во врска со судењето и судиските одлуки во рамки на плејофот од машка сениорска конкуренција. Иако имавме семинари на кои беше наведен и потенциран кодексот на однесување за тренерите и сите учесници во натпреварите и дека најстрого се забранува какво било коментирање околу судењето, одредени клубови тоа не го испочитуваа за што комесарот во наредниот билтен ќе излезе со соодветни казни и санкции“ – стои…
Италијанскиот шампион Јувентус е многу близу до потписот на играчот од средниот ред, Ориол Бускетс, објави денеска – „Мундо Депортиво“. 19-годишниот играч на младинскиот тим на Барселона има договор со „бјанконерите“ кои имаат намера да го ангажираат во текот на летото како слободен играч. Ориол кој се наметнува како голема преспектива на шпанскиот фудбал, имаше посеризона повреда која го спречи да се избори за место во првиот тим на Барселона. Според наведеното, за младиот фудбалер се заинтересирани уште неколку европски гиганти.
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, може да добие понуда од Барселона доколку Каталонците не успеат во намерата да го купат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, шпекулираат медиумите во Шпанија. Според весникот Спорт, шампионот на Примера има резервен план доколку не ја исполни првичната цел и не го обезбеди потписот на францускиот репрезентативец. Ериксен има договор со Тотенхем до 2020 година и се претпоставува дека неговата трансферна цена е околу 100 милиони евра.
Некогашната тенисерка од Белгија, Ким Клајстерс, која сега работи како стручен аналитичар за – „Евроспорт“ додека се реализира отвореното првенство на Франција на терените на Ролан Гарос, вели дека Бугаринот, Григор Димитров, може да го запре Шпанецот, Рафа Надал, на патот кон победничкиот пехар. „Очигледно во машкиот дел главен фаворит е Рафаел Надал. Меѓутоа, постојат и помлади играчи како Зверев, Тим или Димитров, кои би можеле да му го одземат трофејот “, изјави Белгијката. Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата има освоено вкупно 4 пехари од големите Грен Слем турнири. Според неа, многу понеизвеснo и изедначено ќе помине женскиот дел…
Фудбалерите на Борец ќе играат против Победа на 2 јуни на стадионот „Младост“ во Струмица во последниот филтер за пополнување на прволигашката конкуренција за наредната сезона. Велешани денеска во првата фаза од баражот одиграа без голови со Гостивар на тренинг комплексот – „Петар Милошевски“, но, се покажаа како поуспешни во пенал-рулетот и го продолжија патот кон елитата. Фудбалерите на Гостивар го промашија првиот пенал и тука практично ја загубија шансата. До крајот на пенал-серијата двата тима успешно реализираа а Борец излезе како победник.
Шампионот на Евролигата со Фенербахче и актуелен член на Јута Џез – Екпе Јодо, започна проект кој не е поврзан со кошарката. Професионалниот играч и неговите бизнис партнери ќе инвестираат во земјоделството се со цел, училиштата во неговата држава – Оклахома, да бидат редовно снабдени со свеж зеленчук. „Сакам да им помогнам на јавните училишта и помалите заедници. Милсам дека сè е лесно и достапно. Во кошарката нема да останам засекогаш“ рече Удо. 31-годишниот спортист се врати во НБА во сезоната 2017/2018 откако помина две години како кошаркар на турскиот Фенербахче.
