Нашите најдобри одбојкари денеска против Летонија од 20.15 часот на домашен терен во СРЦ Кале, ќе го одиграат натпреварот од 5. коло во групната фаза на Европската сребрена лига под капата на ЦЕВ. Македонија по четири одиграни натпревари има само една победа против аутсајдерот Косово а загуби двапати од Австрија и еднаш на гостувањето кај Летонија. Токму Летонците и Австријците со 12 бодови ги имаат првите две места во групата „А“, Македонија има 3 бода а Косово е на последното место без бод. Нашата селекција без разлика на освоеното место во групата, ќе биде домаќин на завршниот турнир што значи…
Author: dino
Фудбалерите на Победа и во наредната сезона ќе играат во Првата лига откако денеска го совлада Борец со 2:1 во бараж натпреварот кој се играше на неутрален терен во Струмица. Ивановиќ и Велкоски уште во првото полувреме донесоа предност за Победа од 2:0 а Кудијан во вториот дел во 56. минута само намали за Велешани. До крајот на мечот двата тима ги загубија нервите по што судијата им покажа црвени картони на Велкоски (победа) и на стрелрцот на голот на Велешани.
Еди Хорн побара од Американецот, Дионтеј Вајлдер, до крајот на неделава да каже дали сака да се бори во септември со Ентони Џошуа во меч за обединување на титулите во тешка категорија. „До крајот на наредната недела ние имаме рок од Светската боксерска асоцијација за да кажеме што ќе правиме со Александар Поветкин кој е официјален предизвикувач“ – вели Еди Хорн. „Не можам да дознаам што не му се допаѓа на Вајлдер за средбата со Џошуа. Сакам до крајот на неделава да го слушнам неговиот одговорот, ќе боксува или не“ – изјави Хорн.
ФИА ќе го разгледа случајот со болидот на Ферари откако се појавија сомнежи дека има недозволено горење на масло. ФИА претходно и во Монако направи темелна проверка на болидот на „Скудерија“ за наводен систем со „двојна батерија“ но, сите проверки не открија ништо забрането. Чарли Вајтинг изјави дека во Канада може да се воведат дополнителни инспекции бидејќи најновото сомневање се однесува на неовластена употреба на – „ DRS“ системот
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, си поднесе оставка од кормилото на европскиот клупски шампион. Тоа е број еден вест од Шпанија која пристигна во попладневниве часови на изненадување на сите фанови на фудбалот. „Донесов одлука да го напуштам тренерското столче на Реал Мадирд, тоа е чуден момент, но, потребна е промена за тимот за да продолжи да победува. Потребeн е нов правец, нова методологија и затоа се решив на еден ваков чекор“ – рече на денешната средба со новинарите францускиот стратег. „Ја донесов одлуката бидејќи многу го сакам клубот. Мислам дека за сите инволвирани е најдобро да има промена…
Фудбалерот на Вест Хем, Марко Арнаутович, може да добие понуда од Манчестер Јунајтед тврди – „Манчестер Ивнинг Њуз“. Наводно, португалскиот тренер, Жозе Мурињо, сака да го привлече австрискиот интернационалец на – „Олд Трафорд“. Двајцата се познаваат одлично од периодот кој го поминаа во Интер кога австрискиот голгетер допрва требаше да се изгради како играч. Се тврди дека „чеканите“ сакаат 50 милиони фунти за Арнаутович кој во последнта сезона во Премиер лигата имаше 11 гола и 6 асистенции.
Тибо Куртоа може да го напушти фудбалскиот состав на Челзи и да се пресели на „Енфилд“, тврди експертoт за трансфери, Џанлука Ди Маркио, во објавата на неговиот блог. „Сините“ не обезбедија место во Лигата на Шампионите за наредната сезона што значи дека Белгиецот може да биде продаден доколку пристигне добра понуда. Во истовреме, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да пронајде голман од светска класа бидејќи Симон Миноле и Лорис Кариус не ги оправдаа неговите очекувања. Во меѓувреме се појави вест дека и европскиот клупски првак, Реал Мадрид, е заинтересиран за голманот на Челзи.
Атлетико Мадрид преговара за дефанзивецот на Селта, Џонатан Кастро, кој има откупна клаузула од 18 милиони евра. Се претпоставува дека двете страни ќе постигнат договор и дека младиот фудбалер ќе и се придружи на четата на Диего Симеоне која е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Кастро може да игра во центарот на одбраната и на позицијата лев бек што му се допаѓа на тренерот на Атлетико. Во истовреме се појавија шпекулации дека и клубови од Англија се заинтересирани за фудбалерот на шпанскиот состав, но, дека Атлетико е во најповолна позиција да го обезбеди неговиот потпис.
Големата ѕвезда на Реал Мадрид во финалето на Лигата на фудбалските шампиони, Герет Бејл, кој постигна два гола за победа од 3:1 против Ливерпул, откако го подигна трофејот во Киев влегол во соблекувалната на противникот. Според „Дејли Меил“, по славењето на теренот, Бејл отишол кај „црвените“ наместо да се повлече во соблекувалната на Реал и заедно со соиграчите да ја прослави титулата. Велшанецот наводно сакал да се види со неговиот пријател, Адам Лалана, со кого играше заедно во Саутемптон пред неколку години. По финалето, Бејл рече дека може да замине ако неговиот статус во клубот не се промени.
Раководството на фудбалскиот состав Калјари официјално објави дека тренерот Диего Лопез ќе ја напушти функцијата на 30 јуни кога ќе му истече договорот. Поранешниот дефанзивец на тимот успеа да обезбеди опстанок во Серија „А“, но, шефовите сакаат да направат промена. „Лопез покажа дека екипата има сила да го задржи местото во елитата. Клубот сепак ќе му се заблагодари на Диего за соработката” , се вели во официјалното соопштение на Каљари. Поранешниот репрезентативец на Уругвај ја помина речиси целата кариера во тимот од Сардинија а во два наврата ја имаше и тренерската улога.
