Author: dino

Тотенхем планира да започне преговори со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал. Францускиот фудбалер кој не влезе на списокот на селекторот, Дидие Дешамп, за Светското првенство во Русија,  е една од главните цели на тренерот Покетино. Според – „Daily Mail“, првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ќе му даде на менаџерот најмалку 100 милиони фунти за летната селекција а значителен дел од тие пари треба да бидат потрошени за ангажман на Марсијал. Најголем проблем за лондончани може да биде желбата на Манчестер Јунајтед да ја врати речиси целата инвестиција што ја имаше за Французинот во 2015-та. Тогаш „црвените ѓаволи“ првично…

Read More

Уругвајскиот фудбалски голгетер од тимот на ПСЖ, Единсон Кавани, може да го заземе местото на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид доколку Французинот се определи да направи трансфер во големиот ривал Барселона. Познато е дека Кавани има лоша комуникацоја со првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар и дека  ја наметна дилемата дали ќе остане на „паркот на принцовите“. Згора на тоа, неговиот тим мора да се ослободи од неколку фудбалери за да ги исполни условите околу финансискиот фер-плеј на УЕФА и да ги избегне евентуалните санкции. Засега нема попрецизни информации дали одличниот напаѓач стапил во контакт со челниците на Атлетико Мадрид и…

Read More

Поранешниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини, се осврна на период кој го помина во редовите на шпанскиот состав. Тој ги водеше „кралевите“ само една сезона по што заработи отказ од првиот човек на тимот, Флорентино Перез. „Имав тензични разговори со водечките луѓе на Реал. Ми велеа дека одредени играчи мора да бидат на теренот без разлика на се, но, јас никогаш не потклекнав на тоа“ -изјави Пелегрини. Искусниот тренер од неодамна се определи да се врати во Премиер лигата и тоа на кормилото на Вест Хем кој најави амбициозен проект.

Read More

Европската фудбалска федерација откри дека вкупно 3.25 милијарди евра  ќе бидат поделени во Лигата на шампионите , Лига Европа и Европскиот Суперкуп. Од нив, 295 милиони ќе бидат за организација на турнирите а 227.5 милиони ќе бидат искористени за хуманитарни акции. Најмногу ќе добијат учесниците во Лига на шампионите кои ќе поделат дури 2.04 милијарди а екипите во Лига Европа околу 500 милиони евра. Македонија ќе ја има само Шкендија во квалификациите за европската елита додека Вардар, Работнички и Шкупи ќе бидат дел од квлификациите за Лига Европа.

Read More

Бразилскиот дефанзивец на Интер, Далберт, ќе игра во Франција од наредната сезона. Фудбалерот на “нероазурите” ќе го засили тимот на Монако откако не успеа да се пробие во првиот состав на Лучијано Спалети. Раководствата на двата тима ја разгледале и опцијата Бразилецот да настапи и како позајмен фудбалер. Монако ќе му плати 3 милиони евра на гигантот од Милано а во договорот ќе има и додадена клаузула од 24 милиони која Французите ќе можат да ја активираат по крајот на сезоната, тврди – „Sky“. Далберт изразил согласност за таков трансфер откако разговарал и со тренерот, Лучијано Спалети.

Read More

Бразилскиот фудбалер Фред е нов член на Манчестер Јунајтед, стои на фицијална страна на англискиот гигант. Со тоа се потврдени сите шпекулации дека „црвените ѓаволи“ имале успешни преговори со украинскиот состав Шахтјор и дека го обезбедиле одличниот интернационалец од земјата на „кариоките“. Според непотврдени информации, Манчестер Јунајтед на сметката на Украинците ќе уплати 59 милиони евра а во игра се и уште седум како дополнителни бонуси. Фред кој утре ќе ги реализира лекарските прегледи, ќе заработува по 6 милиони евра годишно.

Read More

Денеска беше промовиран новиот кошаркарски состав, ТНТ Ѓорче Петров, кој гравитира во истоимената Општина. Потпретседателот на клубот, Вања Наумовски, потенцираше дека од септември или во новата напреварувачка сезона, клубот ќе се појави во третата лига и ќе биде дел и од младинските категории. „Нашата цел е да играме во групата М-18 и да бидеме дел од третата лига. Се надевам дека ќе успееме да се наметнеме посебно кај помладите и дека ќе имаме многу членови. Планираме прво да започнеме со селективни тренинзи и да го видиме квалитетот на нашите кошаркари. Ќе треба да се оформи главниот костур и да ги…

Read More

Фудбалерот на Лион, Набил Фекир, денеска може да стави потпис на договорот со Ливерпул доколку успее да ги договори личните услови со екипата предводена од искусниот стратег, Јирген Клоп. Ѕвездата на „лавовите“ е потенцирана  од страна на германскиот стратег како идеално засилување за вице-шампионот на Европа. Иако самиот играч објави дека дури по Мундијалот во Русија ќе размислува за неговата иднина, сега се појави веста дека тој и неговиот агент задолжен за трансфери денеска се во Англија и дека преговараат за сума од околу 60-70 милиони фунти.

Read More

Медиумите во Англија во континуитет се обидуваат да издвојат информации околу можните засилувања на тимовите во Премиер лигата. Познато е дека Манчестер Јунајтед, на барање на Мурињо, објави, дека планира да потроши поголема сума на пари и дека има неколку трансферни цели. Португалецот според анализата ќе треба да ја пополни дупката во средниот ред откако Карик си замина во пензија а Фелаини не доби продолжување на договорот. Англиските медиуми велат дека првото летно засилување на тимот од Олд Трафорд ќе биде Фред од Шахтјор иако во игра се и Герет Бејл и Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Сега пак, се споменува…

Read More

Челниците на фудбалскиот состав, Реал Мадрид, се обидуваат да најдат решение за тренерското место откако Зинедин Зидан по освојувањето на третата титула во серија во Лигата на шампионите си поднесе изненадувачки оставка. Францускиот тренер образложи дека го сака клубот, но, дека во моментов му треба нов тренер со нова визија и филозофија на работа. Сега пак, фановите на „кралскиот клуб“ излегоа со анкета за нов тренер и на неа доминира името на Јирген Клоп. За искусниот тренер на Ливерпул гласале дури 50.000 навивачи на „кралевите“. На второто место е ставен селекторот на Германија, Јоаким Лев со 15 проценти од гласовите…

Read More