Норвешката ѕвезда, Александар Аамод Килде, кој имаше опреација на рамото, ќе ја пропушти новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање и воедно светското првенство во почетокот на наредната година во Зелбах. „За жал, во јули развив инфекција на рамото што доведе до дополнителни компликации. Бев на антибиотици десет недели и сега ми треба уште една операција на рамото“ напиша Килде на социјалните мрежи. Тој го освои Светскиот куп во 2020 година и има медали од Олимписките игри и светските првенства.
Author: dino
Тренерот на Црвена Ѕвезда, Јанис Сферопулос, изјави дека црвено-белите ќе мора да се борат за секоја топка на натпреварот против Реал во петтото коло во Евро-лигата. Неговиот тим во првите четири кола забележаа три победи и еден пораз. „ Против Реал ќе играме во Мадрид, тоа е секогаш тешко место за играње. Од друга страна, верувам дека тактички добро ќе влеземе во мечот“ – рече Сферопулос на вчерашната прес-конференција. Натпреварот меѓу шпанскиот и српскиот состав, ќе биде одигран доцна вечер од 20:45.
Голманот на фудбалскиот состав Барселона, Марк-Андре тер Штеген, се надева дека ќе се опорави од повредата на коленото и ќе се врати на терените до крајот на годинава. Чуварот на мрежата на селекцијата на Германија, мораше да оди на операција откако во септември заработи потешка повреда. „Многу е значајно како оди првата фаза од рехабилитацијата. Физиотерапевтите треба да ја завршат работата “ – потенцираше голманот на Каталонците.
Европската фудбалска унија во мај догодина, ќе одлучи кој ќе биде домаќин на финалниот меч во Лигата на шампионите во 2027-та. Доцна синоќа беше потврдено дека главни кандидати се стадионот – „Метрополитано“ во Мадрид и „Олимпискиот стадион“ во Баку (Азербејџан). Конечните предлози треба да се достават со тендерската документација до 19 март во 2025 година. Познато е дека Минхен да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2025 а Будимпешта во 2026 година.
Екипата на Спортско радио 90,3 фм на „Мундијалот на пријателство“ кој деновиве се реализира во Улцињ, Црна Гора, направи интервју со нашиот поранешен фудбалски репрезентативец и тренер, Виктор Треневски. „ Големо е задоволството што сум тука. Настанов има огромно значење за целиот регион. Добро е што покрај легендите од фудбалот, сега се вклучени и луѓе од другите спортови кои одбележаа едно време на ју-спортот“ – вели Треневски. „Јас бев на првите два мундијала но, не сакав да се наметнувам. Се гледав како дел од помладата генерација која имаше сосема други идоли и цели. Сега, во Улцињ имам можност да се…
Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, не крие дека е задоволен со досегашните настапи во Серија „А“. Неговиот тим по 8 кола се наоѓа на чело на табелата со шест победи, едно реми и еден пораз и гол разлика 15:5. „Можеме да бидеме во еуфорија иако сме свесни дека фановите очекуваат многу. Нема да биде лесно да се задржи сегашната позиција“ – вели Конте. „Ќе мора да го извлечеме максимумот од сите фудбалери. Треба да корегираме одредени слабости. Задоволен сум како функционираме во дефанзивата“ – вели тренерот на Наполи.
Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез , кој на натпреварот со Рома го постигна 133. гол за „нероаѕурите“ и го израмни клупскиот рекорд на Унгарецот, Иштван Најерс, од 1950-тите, вели дека останува максимално фокусиран на наредните предизвици. „Тоа значи многу бидејќи секогаш велам дека од првиот момент кога пристигнав се чувствував како да сум роден тука. Тоа чувство на припадност ми е значајно” – изјави Мартинез. „Секогаш работам напорно за да му помогнам на тимот но, индивидуалните награди исто така значат многу“ – изјави Аргентинецот.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона – Дани Олмо, веројатно нема да настапи на претстојниот натпревар против Баерн (Минхен) во рамките на 3. коло во Лигата на шампионите. Тој се повреди на мечот со Џирона и мораше да го пропушти викенд дуелот со Севилја кој Каталонците го добија со 5:1. Во моментов се чини дека неговото враќање на терените ќе биде пролонгирано за извесен период. Мечот меѓу Барселона и Баерн (Минхен) ќе биде одигран утре на Олимпискиот стадион во Барселона.
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, пред денешниот меч со Штудгарт во Лигата на шампионите, вели дека нема голема разлика меѓу Серија „А“ и елитата на Европа, кога станува збор за мотивација кај неговите избраници. „Старата дама“ во првите две кола во ЛШ забележа победи против РБ Лајпциг и ПСВ Ајндховен. „Нема разлика помеѓу домашното првенство и Лигата на шампионите. Мораме да дадеме се од себе и да веруваме во нашите квалитети“ – вели Мота.
Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Патрик Беверли, вели дека е задоволен во клубот и дека нема намера да замине во НБА лигата иако имал понуди да се пресели преку „големата бара“. „Имам одлични соиграчи и тренер кој ми верува. Не треба да ја форсирате играта знаејќи дека ќе имате одредена минутажа на теренот. Ми се допаѓа тука“ – вели Беверли. „Ме прашуваат кога ќе се вратам. Неколку тимови од НБА ме исконтактираа. Сепак тука се чувствувам одлично“ – изјави играчот на израелскиот состав.