Author: dino

Македонскиот олимписки комитет ќе го награди Дејан Георгиевски кој го освои сребрениот медал во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио. „Олимпискиот комитет има задоволство да даде финансиска награда за успехот кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за наредните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 американски долари месечно“ – стои во соопштението од МОК. Георгиевски денеска се враќа во татковината. Свечен дочек ќе биде организиран од 19.30 часот на градскиот…

Read More

Еден од најдобрите фудбалски судии во последниве години –  Холанѓанецот, Бјорн Кујперс, набрзо ќе ја заврши професионалната кариера. 48-годишниот судија на 7 август ќе го води последниот натпревар во кариерата и тоа дербито меѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен. „Беше добро. Понекогаш велат дека треба да застанете кога сте на врвот, мислам дека нема подобар момент “ – рече Кујперс. Холанѓанецот беше главен судија на финалето на ЕП 2020 меѓу Англија и Италија а во 2014 година го водеше финалето во Лигата на шампионите меѓу градските ривали Реал и Атлетико Мадрид. Тој во богатата кариера судеше и две финалиња во Лига…

Read More

Летните олимписки игри во Токио го чинеа секој даночен обврзник во јапонската престолнина 103.929 јени (953 американски долари според сегашниот курс), објави порталот – „News Post Seven“. Се проценува дека повеќе од 1,45 трилиони јени (повеќе од 12,8 милијарди долари) биле икористени од касата на само една јапонска префектура плус разни даноци што им биле наметнати на жителите на Токио. Првото коло на машкиот голф турнир на Олимпијадата во Токио беше прекинато од невреме проследено со грмотевици кои се појавија во близината на  кампот – Касумигасеки. Играчите беа принудени да го напуштат теренот околу 14,00 часот по локално време, пред…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во официјална посета на нашава земја, вчера имаше средба со легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев. Првиот човек на нашиот северен сосед објави фотографија со вардаровата икона, која со белградска Црвена Ѕвезда стана европски и светски шампион и воедно ја освои престижната награда -„златна копачка“ на Европа. „Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што можев да се сретнам со голем шампион“ – објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити, испратиле понуда од 75 милиони фунти за потписот на Џек Грилиш кој ги брани боите на Астон Вила. Англискиот репрезентативец има трансферна цена од 100 милиони фунти, но, „граѓаните“ веруваат дека ќе можат да го купат за помала сума. Во исто време, фудбалерот изјави дека не е сигурен дали сака да ја промени средината.

Read More

Сите 63-ца атлетичари на Австралија се ставени во карантин поради контакт со заразен со корона-вирус, објави Олимпискиот комитет на земјата. – Членовите на австралискиот атлетски тим на Олимпијадата во Токио се изолирани во собите како мерка на претпазливост откако еден член на американскиот атлетски тим беше позитивен на корона-вирус“ – стои во дел од соопштението. Сите атлетичари од Австралија ги направија тестовите за КОВИД-19 во согласност со протоколите и сега ги чекаат резултатите. Австралијците влегоа во карантин откако Кертис Маршал имал контакт со двократниот светски шампион во скок со стап, Сем Кендрикс од САД, кој доби позитивен тест.

Read More

Шпанскиот фудбалски состав, Севилја, може да конкурира за потписот на дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак, кој во последната половина од претходната сезоната играше како позајмен во Ливерпул. Иако главен фаворит за потпис на 21-годишниот играч беше Лестер, англичаните сепак се откажаа во последен миг бидејќи не сакаа да ги платат 17-те милиони евра што ги бараше германскиот тим. Медиумите наведуваат дека целата ситуација може да ја искористи Севилја и да го ангажира турскиот интернационалец.

Read More

Челниците на Арсенал не кријат дека се заинтересирани за фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој имаше фантастична сезона во дресот на „нероаѕурите“. Наводно, „топчиите“ се подготвени да плати 70 милиони евра иако во договорот на Аргентинецот клаузулата е многу повисока. Според одредени шпекулации за одличниот напаѓач се заинтересирани и шпанските гиганти,  Реал Мадрид и Барселона.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман,  по лошите резултати на пријателските мечеви – порази од Келн и Борусија Менхенгладбах и реми со Ајакс, вели дека ќе биде тешко на стартот на сезоната. „Немаме многу време, можно на стартот од сезоната да имаме проблеми. Ќе ни биде потребно време да ја развиеме нашата игра“ – потенцираше Нагелсман. Баварците  в сабота ги очекува пријателски меч со Наполи а потоа и стартот на Бундес-лигата и гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Read More

Двократниот светски шампион во скок со стап, Сем Кендрикс од САД, нема да настапи на Олимписките игри во Токио поради позитивен тест на корона-вирус. „Во согласност со локалните правила и протоколи, тој беше преместен во хотелот и ставен во изолација“, соопшти Олимпискиот комитет на САД. 28-годиниот Кендрикс  кој е светски шампион од 2017 и 2019 година и воедно освојувач на бронза од Рио 2016 година, требаше да има жестока битка за златото со Швеѓанецот, Арманд Дуплантис.  

Read More